Па си имаат ред тие во фондот,по групи се исплатите. Јас сум втор пат на породилно никогаш не сум имала исплата на ист датум,ај може 3 пати да кажеме. Некој месец на 8 ми,некој 15, па 20 и некој.И така. Важно ќе си земаш секој, уживај
Денес има и кај мене, за мај и јуни наеднаш ми пуштија, од крај на мај сум на породилно, поднесено средина на јуни ама имаше некој проблем па се води како да е поднесено почеток на јули
Немаат нзс значи ама ич ,не ми се замара сметководителката денес ја замарав доволно за книшката па не знам точно кога однела ама 27-8 беше сигурно. Уште немам а и по тоа со книшкава не очекувам.
Сите пари на кои не се плаќани придонеси не влегуваат во калкулацијата бидејќи ги гледаат како бонус не како плата
Да прашам иако ми е рано за трудничко. Дали во продек влегуваат платите што си пријавен или се пресметува и минус тоа кога си бил на боледување пример за настинки и сл пред да си бремена?
Здраво. Случајно дознав дека сум бремена а во фирмата каде што работам немам направено 6 месеци.. во Октомври правам дури. Дали да пријавам дека сум бремена или да читам додека направам 6 месеци? Ми е страв од отказ ако кажам ако не кажам па подоцна да не ми се лутат и да имам проблеми што сум криела ? Дали да се правам дека касно сум дознала ? ...
Прави се дека не знаеш, ама и да знаеш, зошто одма би кажала? Обично и не се кажува на почеток, првите 3-4 месеци се најкритични и се може да се случи, нели? Ниту јас не кажав на работа одма, иако кај мене не прават проблем. Со лесно и штом знаеш какви се, биди мудра!
Истово ќе ти го советував и јас нема што да им се правдаш отпосле, твое право е да не кажеш рано, не смеат тоа да ти замерат
Фала ти, јас сепак не верувам во тоа и во првата бременост кажав на сите во истата секунда се и сега исто
Ако решиле да ти дадат отказ и во октомври ќе ти дадат, не си заштитена дека ако направиш 6 месеца во фирмата нема да ти дадат отказ, а да лажеш после 3 месеци од бременост дека си дознала нема логика, сепак ти си знаеш најдобро.
како оди процедурата за породилно отсуство, што документи треба да се однесат во фирма или во фонд знае некој, знам дека требаше документ од матичен гинеколог од кога до кога е породилното, ама да не треба нешто плус, и како е попаметно од фирма да одат или јас да однесам или маж ми? и после колку време отприлика почнуваат со исплата од фонд?
Јас почнав со работа после породилно во фебруари и останав бремена сега со второ околу нова година ќе се породам. Ме интересира како ќе ми се пресмета просекот за породилно, ќе имам ли просек само за 10 месеца што сум земала плата од фирма или ќе имам просек од 12 месеца: 10 месеци од фирма и 2 месеци од фонд колку што земав претходното породилно.
Mamicki utrovo se porodiv, dali treba da prijavam kaj ginekologot denes deka sum porodena ili moze i utre za da mi aktivira porodilno so denesna data, inaku na kontrolata spomnav bas od denes deka sakam da mi se otvori porodilnoto i taka i ispadna
Zdravo, pred porodilno moze da se izvadi boleduvanje i da e od opst lekar a ne od ginekolog taka? Isto do 14 dena ti e 100% pokrieno od firma? Fala vi