Мене требаше последната исплата да ми ја пуштат овие денови, за октомври, но еве уште нема. Дали кај некој друг имало такво чекање кога веќе сте вратени на работа а ви ја доцнат последната исплата?
Мене ми е последна, за 20 дена, ама кај мене ги носат на 15ти документите така да ќе ми стигнат на крај на ноември или почеток на декември.
А што се случува знае некој? Минатиот месец на 16-ти ми префрлија, гледам плус минус до 20-ти секогаш...
Во категорија Бебе има тема Паричен надоместок-породилно, можеш да читнеш таму пишуваат повеќе деновиве. На кратко, до денес немаше исплата кај никој, денес стигна кај некои (вклучувајќи ме и мене). Според некои информации, останатите би требало утре…
Породилното ми е отворено на средина на месец. Сакам да израчунам колкаво ќе биде. Пример отворено средина на Ноември месец, треба да собирам плати од Октомври 2024 до Октомври 2025 или како оди? И дали чиста нето плата или со плус минат труд?
Уште ништо од породилното за Октомври. Последна исплата треба да ми е, уште нема. Па и телефон не креваат вo фондот.
Мене ми е термин 19.12, во меѓувреме користам до 09.12 одмор, ако се породам пример 19.12 и отворам породилно од 10.12 кај матичен, а однесам лист после пораѓај, кој ги плаќа тие 9 денови од породилно од матичен и реален пораѓај?
Фонд. Не е битно кога ќе се породиш, битно е кога е отворено породилното и фондот ти плаќа 270 дена од таа дата.
Zdravo zenski, Prva bremenost 5 ta nedela. Ve molam za iskustvo termin e 23 juli. Koga najrano mozam da otvoram trudnicko? Vi posakuvam lesnotija na site
Здраво, имам прашање во врска со породилното. Терминот ми е 27.01, дали може да земам одмор од 01.01 до 15.01 и да отворам породилно од 16.01? И друго прашање, со оглед на тоа што земаме плата макс. на 15ти, дали и таа исплата ќе ми влегува во просекот? Фала ви
Мене термин ми е 19.12 јас земав одмор од 26.11 до 08.12 и ако не се породам следна нед отворам породилно.
Од министерство за финансии велат лажат, од фзо таа рече така и било кажано да кажува, била службеник од најниско ниво и така