Јас се породив на 25 октомври, ако треба да земам за тие неколку дена од октомври тогаш немам ништо добиено. А тој на шалтер при поднесување на документите ми рече за 15 дена очекувај исплата.
Здраво девојки, Дали може некоја со повеќе инфо околу припрема на документи околу породилно да ми даде инфо кои документи треба да ги имам? Влезена сум во 9ти месец и немам годишен одмор, ќе морам порано да го отворам породилното бидејќи работодавачот не ми признава веќе боледувања.. Освен комуникацијата и најавата кај матичниот гинеколог за отварање на породилното, кои други документи ми требаат, и кога/каде се носат истите? благодарам!!!
И мене ми стигна за октомври. А за ноември којзнае кога. Нели рекоа на ТВ ќе нема исплати од државни сметки после 15-ти декември ќе го затворале трезорот ? Или тоа не е поврзано со исплати на породилно ?
Јас се секирам за сето тоа, државава е пропалитет тежок. Сум работела толку години и сега во најранливиот период се чувствувам несигурно финансиски, да се мислам дали ќе земам породилно или не. Породилното не смее да доцни еден ден во нормална држава, а не па да не знаеш дали воопшто ќе го има. Штом прават дилови за земање кредити во замена за мигранти, нашиве фондови, трезори се празни. Све злоупотребија и искрадоа.
Тоа е. Јас бидејќи живееме во ваква држава и нема да го користам породилното, на 2 месечна возраст оставам бебе и се враќам на работа. Првото кога го родив останав и без работа и без породилно. Не ми продолжија договор и останав без работа и без примања. не сме никако заштитени во оваа држава. Сега за да не останам без работа морам да се вратам многу брзо. Демек ќе земам цела плата и уште 50% ќе ми исплаќа фондот. Што ќе ми исплаќа којзнае..
Точно ќе ти исплаќа фондот 50% од породилното. Но, толку ако те избркаат нема да можеш да најдеш никаде работа за 8месеци? Извини што ти се мешам, само да ти помогнам ако ти се закануваат, да знаеш дека не може да те одјават дури си на породилно
Не можат да ме одјават да, меѓутоа породилното е до јули месец, а договор имам на определено до некаде крај на август. Индиректно ми е посочено дека ако не се вратам има кој да ме замени. Веќе има друга личност на мое место. Не можат да ме избркаат заради законот за дискриминација, ама немаат обврска да ми продолжат договор или нов да ми дадат. Немаше да се стресирам толку, но работам на доста добра позиција, многу се измачив и се борев последните неколку години за да стигнам до овде. И сеа реално ако се вратам има шанси договор на неопределено да добијам.
Размисли си, ако се они токку покварени да те враќаат назад остварајќи 2мес бебе дома, дека па некој напредок ќе имаш понатака ... не брзај да се враќаш назад нека не те уценуваат со тоа. Ако си толку заменлива ништо не ти е гаранција дека ќе ти дадат договор, ти кажувам зошто ако те зезнат времето дома нема да го вратиш.