Имам 2 прашање, кој има искуство: 1. Дали може породилно отсуство да се отвори после пораѓај (пр имаме стар одмор за користење итн.) или мора на датумот на пораѓај? 2. Дали може ако мајката не го зема породилното отсуство да го земе таткото и која е процедурата?
За првото прашање, мора најдоцна на ден на пораѓај да се отвори, одмор можеш веднаш по породилното да земеш. Таткото може да земе породилно, ама законски мајката прво мора да користи 45 дена по породувањето, па остатокот го користи таткото. За процедурата не би знаела.
Породилно не. Можеш боледувања да земаш за себе па за детето, комбинации од матичен, гинеколог, забар...