Здраво. Би сакала да ве прашам околу можните варијанти за породилно отсуство. Дали некоја знае доколку дали е можна опцијата 1 недела боледување од гинеколог и потоа веднаш да се отвори породилно 28 денс пред термин? Или пак можам веднаш 33 дена пред термин да отворам породилно?
45 дена пред термин се отвара ако имаш патолошка бременост а 28 пред термин ако имаш уредна бременост .Ако си пред тие 28 дена од термин мислам дека може да отвориш обично боледување па после тоа породилното.
За нов корисник на породилно, за колку време отприлика се обработуваат документите и кога се сѕава на список за исплата?
Ако е се во ред, брзо. Јас средина на октомври поднесов документи, крај на октомври имав исплата за делот од септември што бев на породилно. Ама ако има некој проблем не кажуваат, нема да имаш исплата, па треба да се м'кнеш таму и да сфатиш што е, па да средуваш..
Јас сум на породилно од 16.01.Во фирмата кај што работам ми кажаа дека тие ќе си поднеселе документи во фондот. Е сега дали јас треба да добијам некое решение или нешто од фондот или да чекам исплата? И дали треба уште нешто да поднесувам јас или не?
Ја прашав матичната дали ќе се води како патолошка бременост ми рече не. Важно е само да не е пред 45 дена од терми. после може кога сакаш ама и они советуваат користење на боледување па породилно
Здраво Месецов го отворив породилното, и уствари пола месец ќе ми е плата пола породилно. Кога да ги очекувам парите од породилното?