Не може да се продолжи. Можеш да земеш неплатено родителско отсуство до 3 месеца, или други боледувања за тебе или за детето ако сака да ти заврши работа педијатар/матичен. Со слаба крвна слика од специјалист може боледување за детето до 3 месеца за анемија.
Мајки може хелп? Сега сум на патолошка бременост, кога ќе стасам 34+1ден, планирам да го отворам трудничкото и да се породам во Словенија (имам словенска виза). Дали ќе биди се во ред со породолното дека породена во друга држава, дека на изводот ќе пишува друга држава на раѓање на малото?
Матичната може да ти даде боледување до 7 дена. За 15 дена треба препорака од специјалист, а над 15 дена преку комисија на Фзом.
Здраво, ми се ближи термин да пораѓај 38 недела. Е сега со склучување на брак сменив презиме но само на лична карта, немам сменето ни фзо ни пензиско, дали тоа ќе биде проблем за породилно?? Ако да, што се е потребно за да сменам податоци? Фала ви однапред.
Не знам дали прави проблем, ама јас кога ги менував истите податоци бев во фондот кај црвен крст само со копија од лична карта на еден од шалтерите за еден ден ги сменија
Ништо нема да е проблем, важно е до МВР да имаш поднесено и сменето податоци, ова во ФОНД не менува ништо.
Нема проблем, мене уште кај општата ми стои старото презиме, кај гинекологот новото. Матичен број гледале досега. Не е процедура, можеш да ги смениш.