270 последователни денови од денот на отварање породилно. Тука влегуваат сите работни и неработни денови.
Здраво, дали освен доставено трудничко боледување на работа треба уште нешто да се поднесе за добивање на породилно?
Имам проблем со фирмата, не даваат редовно плата ја каснат. Сега за април треба да пуштат за да имаме осигурување до крајот на јуни. Дали ако го отворам породилното на 30.06(45дена пред термин) ке можам да имам осигурување во јули? Не знам каде да прашам, ако може да ме упатите каде да се консултирам. Ме фаќа паника да не останам без осигурување за време на породувањето.
Па не баш ... Пример првото може да се случи по 2 месеци да го земеш ама па ќе те исплатат наеднаш ... Е сега ако овој месец ти пуштиле на 10 ти јуни, следниот може да ти пуштат пример на 17 ти јули па после пак на 10 август .... Ама дефинитивно ќе има секој месец. Мене барем не ми се случило да ми прескокнат ... Не знам
Здраво. Барав назад низ одговорите но не успеав да најдам па реков да прашам. Во случај да недостасуваат неколку дена за 6месеци, има ли начин да се оствари право за платено породилно или толку е пропаѓа?
Дали некоја има инфо каде може официјално да се провери до каде е постапката за продолжување на породилно отсуство од 9 на 12 месеци , бидејќи сега скоро имаше таква вест по медиуми од страна на фзо?
До никаде не е. Нема уште ни постапка . Само си правеле истражувања дали може кај нас во МК да се издржи тој товар врз здравствениот фонд и економијата.
Значи тешко, мачкање очи и лажна надеж. Фондот како шо можеме да видиме касни со месеци за исплати...
Zdravo,dali nekoja clenka ima iskustvo kako odi procedurata dodeka si na porodilno otsustvo dali moze da rabotis kako freelance i da zarabotuvas prihod od stranstvo? Dali ima moznost da ti ja ukinat isplatata na porodilnoto?