За мирување зависи како ќе се договорите во фирмата. Дали сакаат да те чекаат? За породилно, ако се е добро можеш до пред породувањето да одиш. Си прашала за трансфер од една во друга фирма. Можеш и немаш да имаш прекин со одма одјава, пријава.
Може јас поинаку го толкувам Законот за работни односи ама мислам дека право на отсуство имаш секако, без разлика на стаж. Право на исплата на тоа боледување се добива со навршени 6 месеца. Тоа би значело дека до 6 месеца стаж, без разлика какво боледување отвараш, те плаќа фирмата, а после тоа можеш да бараш да те покрие фондот. За породилно конкретно не знам дали е баш вака, ама и тоа е боледување. Работното место исто така треба да те чека. Без разлика дали си платена од фирма/фонд за време на породилно, фирмата треба да те врати на исто или сродно работно место. Сепак, најдобро е да се консултираш со адвокат стручен за ова зошто има многу работи во законот што зависат од толкување. Ова е моето сфаќање, ама не сум имала ваква ситуација за да кажам за сигурно како се спроведува во пракса.
1. Имаш право на породилно отсуство, само нема да имаш исплата. А дали ќе го задржиш работното место зависи дали си на договор на определено или на неопределено. Ако си на неопределено, тогаш законски мора да те вратат. Но ако си со договор на определено време и договорот во меѓувреме ти заврши, останува на добра волја на работодавачот. 2. Можеш до последен ден да одиш на работа, т.е. породилното може да се отвори на денот на породување.
Како оди користењето на стар годишен одмор после породилно? На породилно заминав крај на јануари а имав неискористени 10 дена. Денес бев во фирма за нњкој документ и реков да. најавам после породилно дека ќе го доискористам стариот одмор од лани. И девојката од ЧР ми вика не важат тие, од новиот само ако сакаш. Јас колку што знам во случај на породилно отсуство ако ми останале денови можам да ги искористам после породилното. Секако еден дел имав искористено пред да се породам. Некој поискусен во оваа област има да ме просветли? Дали да се бунам или стварно ќе ми пропаднат (што според мене нема поента)?
Законот стварно е така, одмор што не е искористен во тековна година заради породилно може да се користи до 30 јуни следна година. Ако пред одење на породилно си немала интерен договор дека ќе ти дадат покасно да ги употребиш, пропаѓаат. Јас исто се породив во јануари, ми го дадоа после пораѓај зошто не можеа да ми го дадат околу празниците кога првично сакав да го употребам колку да не пропадне. Ама се договоривме однапред.
За жал пропаѓаат, си морала до јуни оваа година. Јас имав 15 денови, ги земав пред да се породам бидејќи немаше опција кога ќе се вратам догодина.
Здраво. Бремена сум 8ма недела и работам во маркет. Договорот ми е до крајот на август, а на никој немам кажано за бременоста. Дали имате некакво искуство што можам да направам? Бидејќи се плашам ако им кажам да не ме избркаат после договорот, а ако не им кажам ми е страв да не ме избркаат после следниот договор што може ќе трае пак 2-3 месеци... Што ме советувате да направам??
Ако си толку загрижена дека ќе те избркаат, отвори патолошка, така не верувам дека ќе се осудат да те избркаат.
Ако се сомневаш дека ќе ти направат проблем, јас ќе речам не кажувај пред август, колку и да ти продолжат после тоа отварај патолошка. Додека си на патолошка и породилно не ти можат ништо, ама да очекуваш и да не те вратат на работа после тоа. Ако мислиш дека ќе бидат фер,ако сакаш да се вратиш на истото место после породилно, би им кажала уште сега. Ама ако не си сигурна во тоа, ич не ризикувај. Ќе ти биде криво после што си се замарала за фирма на која не и е гајле за тебе.
Ич да не ги вртиш ќути си. Август е блиску. Ако кажеш сега може да не ти го продолжат и да извисиш, за толку кратко време нема како да реагираш. Види на колку ќе биде следниот. Може ќе ти го дадат на 6 месеци па пред истек иди малце на патолошка. Битно е породилното да го фатиш. Штом го отвориш не ти можат ништо. И да не те вратат после ќе си најдеш друго.
Во принцип како што ти пишале до 30.06 треба да се искористат деновите од стариот одмор. Јас во фирмата кај што работам исто јануари породена, во договор со ЧР, ми дозволија деновите да ги искористам во октомври, после завршеток на породилното. Само 3 имав. Ама сепак беше со интерен договор, а не дека мораа да ми ги дадат.
Ако се од стариот одмор до јуни, да. Требало да ги земеш пред да отвориш породилно. Ако испреговараш може да ти дозволат, ама немаат обврска. Јас затоа натемпирав со породилното до 30 јуни да искористам дел стар одмор. А шефот ми викаше немај гајле пред да се породам, ама од кај знам дали он ќе биде воопшто на работа кога ќе се вратам, да не ми рече некој пупу не важи. И се осигурав дека се ќе искористам законски кога е рокот..
Имаш 6 месеци непрекинат стаж? Ако да чим отвориш патолошка, си под фонд и да не ти продолжат договор пак си под фонд. Инаку да може да не ти го продолжат ама можеш и да ги тужиш ако не ти го продолжат поради бременост.