Додека си на боледување не можат да те одјават. Ама договорот ќе си истече како што си е ред, и немаат обврска да ти го продолжат. Ќе те одјават на првиот ден откако ќе затвориш породилно.
Точно кога ќе имаш 6 месеци и 1 ден, ќе одиш на матичен да ти отвори боледување кое трае 14 дена. После тие 14 дена те праќа на специјалист гинеколог, т.е. комисија и ти го продолжуваат до 1 месец. Првиот месец исплатата е од работодавец. После тој месец, пак одиш кај матичен, да те прати на специјалист и со препорака од специјалист отвораш патолошка. Сите документи се носат, секој мееец во ФЗОМ. Значи истата процедура е секој месец. Исплатата од ФЗОМ ти е секој месец. Доколку си на патолошка, породилно ти отвораат 45 дена пред терминот на пораѓај. Од моментот кога ќе ти отворат породилно, се додека не се породиш и не извадиш извод за бебето, исплата немаш, бидејќи документите кои се носат во ФЗОМ за породилно вклучуваат и извод од бебето. Кога ќе однесеш документи за породилно, почнуваат исплатите. Исплата за патолошка е 70% од плата, породилно 100%. По завршување на породилно, фирмата може да не ти го продолжи договорот за вработување.
Што документи се носат? Јас сум од 17Јули на паталошка матичниот ми кажа секој месец треба да се носат документи во фондот за плата.
Здраво женски во процес сум на менување на презиме и се сликав за лична карта пасош и возачка со новото презиме и сега прашање ми е да ли морам да одам и во фонд за здравство и таму да сменам податоци и сметка во банка и што уште друго да ли ми е важно да сменам се со новото презиме пред да се породам бидејќи треба да зимам и породилно?
Jas bev kaj maticniot toj mi smeni podatoci, a za smetka vo banka isto bev mi promenija podatoci demek za nova karticka so novoto prezime i pak mi stigna karticka so staro a vo sistem se novite podatoci
Здраво девојки, дали може породилно да се отвори од дента на породување или треба порано? Сигурно е прашањево поставено и одговорено во темава но не можев да најдам. Фала на инфо!
Може, претходно користев стар одмор и боледување од матичен, кога се породив го затворија боледувањето и ми отворија породилно
Колку време пред терминот го отвори породилното? Дали ако терам до термин може да се отвори на ден на пораѓај? Имам инфо дека породилно мора да се отвори најкасно 28 дена пред термин, ме интересира ако некој знае на кој член од закон да се повикам за да ми го отворат на ден на пораѓај
Дента кога се породив го отворив породилното, претходно користев обично боледување. По закон е 28 дена да, за да нема злоупотреби, ама речиси секаде дозволуваат од работа, посебно па ако имаш одмор за користење
Законски да, треба 28 дена пред термин да се отвори породилното, но во пракса најчесто се отвара на ден на породување. На ништо не се повикуваш, едноставно се јавуваш на матичен кога ќе се породиш и од тој ден ти почнува породилното. Матичните си знаат Единствено ако фирмата каде што работиш се води стого по ова правило, па да бараат по закон да идете. Јас лично досега не сум слушнала за таков случај. Кај мене во фирма сите на ден на породување отвориле породилно, вклучувајќи ме и мене.