Како се пресметува породилно? Јуни, Јули бев на боледување 7 дена од општ лекар, 14 од гинеколог, 40 од специјалист. Август и 3 дена од Спетември на патолошка. Дали овие месеци да ги земам во 12месечниот просек?
Сите боледувања се пресметуваат како цела плата. Зошто пресметката е на основ на придонесите,а не на тоа колку плата ти пуштиле на сметка.
Не се намалува. Колку што е платата толку е и породилното, без разлика што си била на боледување. Се намалува само ако не си работела или во последните 12 месеца си имала покачување, тогаш вадат просек.
Дечки со платава ми е хаос, имам моја фирма сама си пуштам, но ујп преголем проблем направија со пресметки летово, бев минималец, кога дознав дека сум бремена си ја качив на 35, после 3 месеци ујп заглавија со МПИН пресметки и ни пуштаа за јули и август само за минималец и еве сега за септември уште чекам да ме сменат на 35 да ме вратат. Просек се вади од 12 месеци така? Барем да не ми е џабе малтретирањево сега што сакам пак да ја вратам на 35. Придонеси и плата пуштам веќе 7 години, баш сега им текнаа глуппстиве, како се нервирам
За да кренеш просек евентуално да пробаш со бонуси да ди пуштиш, како награда за успешност. Па породилното да ти е поголемо. Барем последниве месеци. Иначе просек да, за 12 месеци е.
Здраво мајки, вработена сум во фирма 7 месеци и моментално сум бремена 23 недела. Постојано имам стомачни тегоби, лошења, нагони за повраќање, пролив, некогаш и ми се стемнува и ми се врти на работа. Работата ми е 8 часа на нозе. Кажете ми, бидејќи договорот ми е месец за месец дали смеам да отворам патолошко боледување? Дали ќе може газдата да ме избрка ако отворам патолошка? Ве молам за совети бидејќи не знам како да постапам.
Не. Јас бев така кога бев бремена ама подолго време работев во фирмата. И кога ми истекуваше договорот ми праќаа друг.