Значи ако земаш 1000 евра плата толку и породилно ќе земаш, 6 бруто плати се накај 180-190.000 денари, затоа пишав отприкика и 2000 евра,да зимаш толку и породилно.
Здраво на сите. И мене ме инересира точниот одговор за ова прашање Во законот за здравствено најдов нешто дека после 2012 год максимумот за исплата е 4 просечни плати. Дали е ова сеуште валидно?
вака гласи истиот член сега. Има максимум. Ова е далеку некоректно затоа што пред неколку години се смени основот за пресметка на здравство. Значи се пресметува на 12 проечни, а ти плаќаат 4. тоа е. Висина на надоместокот на плата Член 17 Висината на надоместокот на плата за време на привремена спреченост за работа ја определува работодавецот, односно Фондот со општ акт, но најмалку во висина од 70% од основицата за надоместокот на плата. По исклучок од став 1 на овој член висината на надоместокот на плата за време на привремената спреченост за работа предизвикана со повреда на работа, професионална болест, за време на давање крв, ткиво или орган, како и за време на отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата утврдена според член 16 на овој закон. Висината на надоместокот на плата пресметан врз основа на членот 16 на овој закон не може да биде повисока од износот на две просечни месечни плати, три просечни месечни плати во 2012 година и четири просечни месечни плати по 2012 година исплатени во Републиката во претходната година.
Претпоставувам дека пресметката од 4 просечни плати се однесува на месечен износ, на пример ако ланската година просечна месечна плата била 20 000 ден, максималниот износ за исплата на породилно би изнесувал 80 000 ден месечно.
Жени 9 исплати треба за породилно така? Мене последното, 9то по ред не ми е стасано еден месец. Досега не доцнеше, сега многу му доцни, зошто? Има некоја одговор на прашањето
Mene po 3meseci; i posle naednas mi isplatija. @Izabelamk sleduva, no zavisi od rabotodavecot. Demek sega ne se postrogi kaznite i kaj nas vo firma sto bevme 2 na porodilno ne ni isplatija. Se javiv direktno kaj direktorkata i prasav zosto, bidejki znam deka sleduva. I mi go kaza toa - kao sega koj saka bla bla i na kraj mi isplati
Здраво девојки нова сум на форумот и ми треба ваша помош со вашето искуство. Моментално сум на боледување еден месец до 10 март поради плацента превиа. Терминот ми е 30 мај. Е сега првото прашање е дали комисијата ако ми продолжи може да го направи тоа до. Отворање на породилното односно од 11 март до 15 април или секогаш одобрува само еден месец. Второт прашање е во врска со моето породилно. Договорот за.вработување ме известија дека нема да го продолжат зошто сум на определено до 29 март. Дали доколку ми одобрат патолошка до денот на отворање на породилното истото ќе ме следува. Нема да бидам под никој работодавец 15 дена ама ќе.бидам под фондот на боледување. Ве молам за помош.
Комисијата за боледувања, законски може да ти даде до 60 дена боледување, така да ако си 30 до 10.Март, максимум до 10 Април (они поточно ја прават математиката). За се останато ќе ти треба конзилијарно мислење, за продолжување на боледување. Ова за прекин на договорот, распрасај си се убаво. Не сум сигурна дали смеат така. За другото се надевам ќе ти помогне некој со повеќе искуство околку отворање на породилно. Со лесно
По закон за раб.односи не можe да не ти продолжи договорот за работа, противзаконски е и можеш да ги тужиш.
Феминки, ме интересира дали некоја имала искуство со исплата на породилно. Ако е се во ред, на породилно треба да одам од 10ти јуни, а дотогаш ќе имам 9 месеци работен стаж во фирмата каде што сум сега. Прашањето ми е висината на породилното, т.е дали е фул колку и платата за тие 9 месеци или се дели платата на 12 месеци и се вади просек? Прва бременост ми е и не знам како одат исплатите
Секако дека можат законот ги штити тие што се со договор на неопределено ,доколку тужиш а си на определено треба да се докаже дека причината е бременост а тоа тешко поминува на суд.
Девојки, мене ме интересира следново, законски породилното отсуство може да се започне најрано 45 дена и 28 дена задолжително. Дали може да се отвори породилно 18 дена пред терминот? Дали некој од вас има вакво искуство и како докторите гинеколози го пресметуваат вкупното породилно отсуство?
Од мое искуство и за двете бремености го отворив со датумот на породување. Ако одиш во приватна клиника да се пораѓаш не ти треба упат од матичната за на клиника туку цтг ти прават таму. Матичните не водат евиденција на кој кога треба да се отвори боледување.
Мислам дека има волја матичниот може да ти го помести оригиналниот краен датум и со тоа да ти пише боледување кога сакаш.(ако ти пише 10 дена покасно дека ти е краен датум ке ти го отвори боледуванјето 18 наместо 28 дена пред породување). За траењето мислам дека има точно дефинирано колку денови трае породилното боледување.
А одеше на работа до денот на породување или? Јас планирам да се породам во приватна болница. Од работа ќе ми бараат породилно боледување од матичен гинеколог. Муабетот ми е дека сакам да го отворам боледувањето што пократко до терминот за да си имам повеќе време со бебуш.
Со првото одев до крај ама се породив 38 недела. Со второто последните денови користев одмор и се породив. Оди колку можеш, искористи се што ти останало денови па отвори си породилно.
Точно дека законски мора 45 односно 28 пред терминот одреден од матичниот гинеколог. Но, праксата покажува дека и со ден на породување се отвораат породилни и ФЗО не прави проблем околу тоа. Значи,останува ваш договор со докторот со кој термин ќе го отворите, дали со ден на породување или порано. Важно е докторот да е флексибилен по тоа прашање бидејќи на моја породена колешка и се инатеше и нејкеше да иго.отвори со ден на породување како што сакаше таа. Јас со првото го отворив на терминот што ми беше даден од докторката а се породив 5 дена потоа. Но тоа беше.моја одлука бидејќи не сакав да си трошам од одмор. Важно е да знаете дека од денот на отворање до крај има вкупно 270 дена и ни ден повеќе. Од работно искуство знам лекари што не им ги рачунаа точно, имаа ден повеќе или помалку па мораа да одат пак кај матичните да им.преправаат. и со ова планирам да го отворам со термин а запред тоа си чувам одмор што ќе си го земам..
Феминки помагајте...конзилијарна комисија ми продолжи боледување до 45тиот ден пред термин за породување, а потоа нагласи да ми се отвори породилно отсуство меѓутоа јас несакам толку рано да ми го отворат затоа што имам неискористен годишен одмор и стар и нов па ме интересира дали постои шанса некако да се искористи одморот после боледувањето? Можеби да се прекине порано боледувањето ако ми е подобро до тогаш?