На листот од комисија ми пишува дека треба на 26 јули да ми е отворено породилното. Вчера отидов кај матичниот вика има време може да го отвориме со тој датум откако ќе се породиш. Ме интересира дали може тоа така и на работа дали треба нешго да однесам сега. Зашо сум на патолошка 45 дена порано морам да го отворам. Значи на 26 јули треба да ми е отворено.
За на работа морабда ти биде регулирано некако. Ако немаш одмор кој може да го користиш сега, боледувањето треба да ти биде отворено. Е сега дали може ретроактивно да ти издаде документ незнам. Провери си уште еднаш да не ти се искомплицира нешто.
Битно е системски да те внеле. Документ ќе ти дадат откако ќе се породиш. Доколку на работа ти прават проблем, може да ти издадат само потврда од кај матичниот.
Зависи какви ти се на работа. Мене ми бараа им сликав на вибер, а здравје кога ќе се породам ќе носам. Инаку ако не ти бараат не е проблем и после да го отворат.
Mamicki help-periodot za poragaj mi e do 20 avgust momentalno koristam godisen odmor-dali mozam poslem odmorot da si go otvoram porano porodilnoto?
А матичниот треба нешто некаде да запише или? Сестрата ми рече ќе ми даде потврда за на рабпта а а кај нив незнам како сум запишана.
Сестрата ќе ти даде потврда кога ќе се породиш, не може порано, потребно е отпусното писмо од болницата. Инаку, ако веќе ти е отворено породилното, те има во систем, не се секирај.
Потврда ми рече ќе ми даде кога ќе се породам. Сега ми даде иср образец за породилно зошто бараа на работа. Мене породилното требаше од 9 јули, им се јавив на 11ти заборавив рекоа не е проблем може и отпосле да се отвори.
Da можеш после одмор слободно да си го отвориш без проблем. Штом ти е 20 Август термин а сеуште си на одмор, нема многу денови да губиш од породилното. Некој си 2 недели одприлика.
Здраво, Една консултација, цел осми месец заради намалена плодова вода од 15ти јули лежам дома, за да не ми се крати од плата со боледување, користам нов одмор, 24 дена, кои истекуваат на 20ти август, жал ми е да го отворам боледувањето веднаш зошто ќе треба после да го оставам бебе на 8 месеци. Има ли можност (иако веќе 9ти месец ќе бидам) бар 1 недела да добијам боледување од општ матичен и колку % би ми скратиле за да видам како ќе се одрази на породилниот надоместок после? Никогаш во работниот однос досега немам користено боледување и не сум најдобро информирана. Фала ви
За таа една недела ќе земеш 70% од плата. Тоа не игра улога на висината на породилното бидејќи се зема основицата и на тоа 100% се плаќа.
Здраво Феминки, знам дека прашањето можеби не ми е за во оваа тема но сепак доколку сте во можност да ми одговорите.Фондот породилното боледување го отвара 45 дена пред термин за породување во случај кога трудницата е на боледување во текот на бременоста.Дали во овие 45 дена ги сметаат само работните денови или вкупно 45 дена зимајќи ги во предвид и неделините.Ви благодарам.
Здраво јас сум нова на форумов сакав да споделам едно искуство со сите родилки пред се нека ни се здрави и живи дечињата на сите. Сакав да кажам се судрив со проблем патеолошка бременост мајка ми почина кога останав бремена и имав проблеми во бременоста па ми рекоа дека ке бидам на боловање јас во фирмата каде што сум вработена имав 2 месеци стаж тоа ми беше прво пријавување за стаж на работно место што значи немав работен стаж и мене не ми следуваше платено породилно отсуство. Три месеци сум породена газдата го замолив да ми ги помине платите за да земам пари меѓутоа кога бев во фондот ми рекоа решение ке ми стасало и сеуште не ми е стасано решението а две недели има поминато. Значи платено породилно има ако имате 6месеци стаж. А ова со мојот проблем ако може некој нека ми каже отприлика за колку време стасува решението. Ви благодарам имајте убав ден <3
Мајки помош. Матичниот ми е на одмор, а јас треба да отворам породилно. Дали може отпосле со отпусна листа од болница или мора да одам итно кај замената да ми отворат сега?