Може- битниот збор за секој правник. Акцент е ставен не на 28иот ден туку на периодот од 28 дена пред пораѓај. И ДЗР нема забелешки.
Моето породилно е отворено од 1 ви септември, така комисијата ми даде, не го отворив јас сама,дури и се чудев како е можно да не го отворат од 36 недела, ама според тоа мм како кажа- свесно ми дадоа толку т.е до 39 веќе а мене посекако ми одговара, ќе си седам дома со сонцево повеќе. Кога да чекам исплата на прва рата породилно? Во октомври?
Дали некој знае да ми каже искуство или повеќе информации за породилно да го земе сопругот наместо мајката ?
http://fzo.org.mk/default.asp?ItemID=AFCEBD1C4148A34EA9769F757FF69E7F Еве ти образец за таткото Н5. Твојот гинеколог го затвора твоето породилно и отвора за маж ти. Тој документ заедно со оние коо ти се напишани во прилогот и потврда од работа со просек за плата на маж ти ги носиш у фонд и толку. Ти на определениот ден тргаш на работа а маж ти зема плата според неговата основица од фондот. Еден ден работа. Ама! 45 дена први од раѓање на бебе мораш ти да бидеш на пордилно. После маж ти.
Да прашам тој што знае д ами кажи дали доколку на сметката како плата последните 6 месеци ми стигнува 15.000 или 16.000 денари, ќе добивам породилно со истата сум а претходно земав пониска плата. Кој знае д ами кажи
И јас знам дека земаат присек од последните 12 месеци, ама мене ми исплатиле како да е земен просек од последните 6 месеци односно ми исплатиле износ колку што ми изнесува платата последните 7 месеци (8 ако го земам и август кога се породив). Се мислам дали е грешка или земаат сепак просек од последни 6 месеци
Мислам дека е последните 6 затоа што моја блиска само за да зема породилно плаќаше придонеси во некоја фирма во рок од 6 месеци
Мaмички и мешињa, ве мoлaм aкo некoј знaе дa ми кaже кaкo се пресметувa пoрoдилнo? Прoсек oд претхoдните 12 месеци и ти гo дaвaaт тoј изнoс или нештo си крaтaт и зaдржувaaт кaкo пo oбичaј ?
Уште едно прашање доколку сакаш да ми одговориш Дали при пресметката за породилно влегуваат исплатите од 70 % за тие што сме на патолошка или се зима нето платата.Прашував и претходно на темава за ова но сепак не ми е јасно.Благодарам