А зошто да те одјави фирмата? Кога ќе заминеш на породилно, тие немаат финансиски обврски кон тебе. Фзо ќе те испкаќа.
Да им однесеш документ од гинеколог за боледувањето (пресметано од - до кога си на боловање) и ко ќе се роди детето извод. По однос на тоа дека ќе те одјават додека трае породилното малку ќе се зезнат бидејќи со фина тужбичка добри парички ќе лапнеш. Твојот статус во фирмата мирува додека си на породилно. За здравственото осигурување не знам како е.
Тоа мое мислење... преку агенција за привремени сум и со договор на определено. Агенцијата на добра волја нивна ме задржаа т.е. не ме одјавија... Затоа сега незнам... Значи од матичниот си зимам документ сега на први... па дополнително изводот од беба... Фала
i jas so prasanje zasto sum cela prasalnici, od denes sakam da zemam porodilno, na 13 april mi e termin, e sega bev kaj maticnata mi vika otvoreno ti e porodilno koga ke se porodis ke pratis nekoj so otpusno pismo od bolnica, a od rabota mi vikaat deka sum trebala da im odnesam nesto deka mi e od denes pocnato boleduvanjeto ... i sega ne znam sto treba jas da im odnesam na rabota zasto od kaj maticnava ne mi davaat nikakov dokument
Здраво , нова сум на форумов. На породилно боледување сум од Јануари ( патолошка бременост). Во Јуни ми е краен термин за пораѓај, ме интересира како ќе оди породилното. Дали се зима просек од платите или ќе ми се земе просек од боледувањето? Фала
Здраво Феминки, Јас имам едно прашање за породилно отсуство. Сите ми кажуваат различно и не знам веќе кој да прашам. Колку денови имам за користење од моментот кога се отвара породилното отсуство? Некој ми рече 270 дена од моментот кога се отвара, некој ми кажува 8 месеци од моментот кога детето се раѓа. Матичната ми рече дека може да ми отвори породилно откако ќе се роди детето (значи некој датум наназад би се вратила). Јас не земав 28 дена пред терминот, затоа ме буни...
Уште едно прашање, ако пример детето се роди на 16ти, може откако ќе се роди матичната да ми отвори породилно од 10-ти во месецот, така ?
незнам за тоа... мене патолошка ми заврши на 9ти jaнуар од 10ти одмор пишав до 24 од 25ти породилно а фебруари се породив види искористи одмор а можи и да можи да ти го отвори тогаш прашај на работа за одмор да ти дадат а ако во меѓевреме се породиш се прекинува одморот и се отвра породилното мене така ми кажаа
Не може ретроградно. Може да бидеш на одмор додека да се породиш, а кога ќе се породиш истиот ден да се отвори боледувањето. А денови наназад не може.
Како не може? Дур не си породен де факто породилно не е отворено. Кога ќе се породиш го отвораат со отпусното писмо, најдоцна на денот на пораѓај. Како ќе отвори некоја на денот ако не може ретроградно кога за отворање треба отпусното писмо?
Не ме сфаќаш. Таа сака ако се породи на 16 на пример, породилното после тоа да и биде отворено на 10, значи 6 дена претходно. Не може ретроградно, посебно не сега, бидејќи компјутерски оди целата процедура.. Породилното се отвора независно од отпусната листа. Јас на пример, користев одмор пред породилното, па го отворив и дури после две недели се породив. А отпусното писмо ти е за во фонд, дека си породена и може да користиш породилно.
Не баш. Дур не однесеш отпусно, иср образец не можеш да добиеш. Што ако се породам на 10ти, недела? Како ќе отворам породилно по твојата логика? Отпусното не му треба на фзо. Чим маричен отворил породилно се подразбира дека имаш отпусно.
Па како мене ми отвори породилно без ИСР образец? Мене ми е отворено на 25.08, а се породив на 10.09. Како отвораат породилно 45 дена пред термин на оние што се на патолошка? Матичниот гинеколог го отвора на датумот кога ќе го одредиш, те има во систем дека е отворено, а може да се поклопи со денот на породување. ИСР образецот ти е за во ФЗОМ, да те стават во систем за да ти исплаќаат надоместок за породилно отсуство.
Не се отвара дур не се породиш и со патолошка. Кај мене така беше. Дур мм не однесе отпусно писмо, немав документ за породилно. Они те евидентираат интерно дека ќе отвориш од таа и таа дата, ама де факто е отворено кога ќе однесеш отпусно писмо. Дур не излезе иср не си на породилно.
Па без таа евиденција не може да отвори ретроградно, тоа зборам и јас. Мора во систем да те има на датумот кога сакаш да отвориш породилно. А каков статус имаш додека не се породиш од отворањето на породилното? Тоа не ми е јасно. И како не си на породилно, кога ФЗОМ исплаќа пари за сите 270 денови кои се рачунаат од датумот на отворањето. Иако покасно, сепак ги исплаќа. Тоа што ти велиш е дека не можеш да користиш породилно додека не го однесеш ИСР образецот, тоа кажувам и јас, тој ти треба само за во фонд, како потврда за да добиваш надомест додека си на породилно отсуство. А кај матичниот гинеколог си е заведено во евиденција/систем дека е отворено уште пред да се породиш.
Еве на пример користам одмор и не отворам породилно. Арно ама се пораѓам во сабота, а матичен не работи. Одам во понеделник. Од кој ден ќе отвори породилно?