Мислам дека тогаш кога ќе одиш ќе отвори породилно. Ама не сум сигурна, само знам дека во систем тешко може да вратиш датуми кога се се следи компјутерски. А жената прашуваше за разлика од повеќе денови. Треба да каже некој што ја работи оваа проблематика.
Не може да се отвори покасно од денот на пораѓај. Баш дека треба отпусно писмо да се однесе може да се вратат назад со датите. Сигурна сум дека е така. Кај мене беше така. Ако не се лажам и @Minnie-e беше на одмор дур се породи и @Ano па после пораѓај отвараа породилно.
Јас се породив на 3.01 матичниот имаше споено денови до после Божиќ. Значи јас му се јавив 9, 10 некаде а боледувањето ми го отвори со датум 03.01. Нормално не е моја вина што он си споил празници. И немаше никаков проблем. Мајка ми однесе отпусно писмо и заврши работа
Не сум знаела дека може да се направи така, мислев дека не може. Изгледа за тоа има друг систем. Јас не можам да издадам боледување ретроградно, на пример. Моја грешка.
И јас користев одмор кога се породив. Се породив на 14.09, а сопругот со отпусното отиде кај матичниот на 21.09. Боледувањето ми беше отворено со 14.09. Само незнам дали ретроградно може да се отвори боледување пред датумот на пораѓај.
Мислам дека боледување и породилно отсуство не се третира исто. Добив информација од докторот дека може во било кој момент со било кој датум да се отвори породилно. Зошто јас еве ги искористив деновите од одмор а уште се немам породено.
Да ве прашам за користење одмор, дали ако на пример пишам одмор и во меѓувреме ми се отвори породилно, дали ми пропаѓаат деновите или се прекинува одморот?
Се прекинува. Јас се породив само што почнав да користам одмор и сега ќе ги користам деновите што ми останаа пред да се вратам на работа.
дури не ти заврши одморот не го отворај породилното искористи си го одморот.. а доколку се породиш на ден од одморот тогаш се прекинува одморот и се отвора породилно јас мислев дека ќе се породам на ден од одморот оти 15дена ми даде фирмата ама се породив тек после 10дена од ко ми заврши одморот така да породилното боловање ми беше отворено порано од денот на пораѓај ама ко ќе е враќам на работа фирмата ќе ми даде 15дена одмор повторно така да израмнето ќе ми дојди
Да, бев на одмор кога се породив и тогаш ми прекинува одморот, почнува породилно. Отпусно писмо однесов кога излегов од болница (после една недела) ама го отворија со дата од пораѓајот. За ова два пати ја препрашував @kukla21, да не утнам
Работам 5 месеци останав бремена дали имам право на породилно. Дали треба стаж од 6 месеци пред да останеш или 6 месеци до денот на породување?
Жени можеби прашањево е глупаво, ама до сега сум немала ваков случај, и не знам. Кога си на породилно државата ти плаќа придонеси или фирмата?
Дечки ако може едно инфо доколку некој се бави со оваа проблематика. Од кога почнува да се исплаќа породилното. Во закон стои дека можеш да отвориш породилно 28 дена и пред да се породиш. Дали тоа значи ако јас отворам породилно на 1 мај, фондот ќе ми исплати породилно на 1 јуни ? Или па ќе ми исплати месец откако ќе се породам ? Пример се пораѓам на 20 мај а они на 20 јуни ? (Дативе така ги ставив за да доловам што ме интересира).
Реално второто сценарио. За да добиеш иср образец (породилно отворено) ти треба отпусно писмо, а иср образец ти треба за да поднесеш барање во фзо.