Породилно отсуство

Дискусија во 'Бременост' започната од Mrs.Bass, 2 мај 2012.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.183
    Допаѓања:
    40.544
    Пол:
    Женски
    Штом имаш повеќе од 6 месеци непрекинат стаж ти следи породилно нормално како и за секоја друга трудница.
     
  2. mila857

    mila857 Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    11
    Здраво,
    Ми треба мислење доколку има некој искуство... 15-ти Август ми е термин за породување. Платата на сметка ми е 15.000 ден. Сакам да им предложам на работа да ми ја зголемат последниве 4 исплати на 60.000 ден. Дали на фондот тоа би му изгледало сомничаво и би ми правеле проблем со просекот од последните 12 месеци или нема врска. Благодарам!
     
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.741
    После празен фонд. Е па празен!
    Друг пишува да се пријавел допрва за да зема породилно.
    Секој гледа да ја зезне државава
     
    На Bibi30, joy1, Kitten и 4 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.505
    Допаѓања:
    184.980
    Пол:
    Женски
    Да, пресомнително изгледа од 15 000ден. на 60 000ден. да ти ја зголемат платата. За лакомо да не зборам!
     
    На joy1 и EuHenIa им се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.928
    Допаѓања:
    178.472
    Пол:
    Женски
    Замисли сите вака да прават.

    Ако не нека почнат да ти пуштат по 100.000. кај 60 таму и 100 иљадарки:)

    @mila857
     
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.741
    После чекаме породилно/боледување без везр со каснење оти нема пари.
     
    На Lavica2016 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.505
    Допаѓања:
    184.980
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира само што работи за 15 000ден. и што функција ќе ѝ пишат за 60 000ден. Ни директорот мој нема толкава плата. Не прашувајте од каде знам :tmi::rofl:
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.741
    Слаба фирма сте ондак
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.505
    Допаѓања:
    184.980
    Пол:
    Женски
    Образовна институција :!:
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.741
    Отепани :(
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mila857

    mila857 Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    11
    Со високо образование сум, не е битно што работам, имам високи компетенции, платата на сметка ми е 15000, а уште толку на рака. Ако ми ја зголемат на сметка на 60.000 во следните 4 месеци придонесите дополнително што ќе ги плати газдата за таа сума се помали отколку кога би ми давал на рака во 9-те месеци онолку колку што ми дава дополнително на рака. Значи-им помагам само на газдите за помалку да имаат трошок дури ме нема, а мене ќе ми влезе таа сума во просекот за пензиско(колку-толку).
    А не знам како би му наштетила на фондот, кога му плаќам претходно-за да ми даде. Заемец-вратец-ништо незаконско ниту штетно. Само побарав мислење од некој ако има слично искуство.
    А, да, и директорот мој нема толкава плата- ама за да не плаќа придонеси на државата зошто му е гајле-он си има добивка и приход од фирмата, на сметка на непријавени работи и неплатени придонеси за вработените. Газдите и директорите се тие што му штетат на фондот и општо на државата, ние работниците-во најмала рака. Жално што имате вакви размислувања и одма напаѓате. Треба да се свеснете, ние работниците сме оштетените-не фондот и државата. Освен ако работите по државни институции-тогаш ве разбирам-баш ве брига за остала раја.
     
  12. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.928
    Допаѓања:
    178.472
    Пол:
    Женски
    Високи компетенции велиш имаш,а си дозволила да ти плаќа придонеси скоро на минималец.
    Чудно.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.420
    Допаѓања:
    36.440
    Пол:
    Женски
    Викаш ние сме оштетени како работници, а самата се побиваш потоа со тоа што кажуваш дека на газдата твој му е гајле за тоа, а ти не се буниш и плус ете ќе се грижиш за доброто на фирмата што те угнетува. Нешто си противречна или труднички хормони те лупаат па сеедно ти е.

    Такво нагло качување на плата ќе биде многу сомнително, особено со новиот софтвер на УЈП кој треба меѓу другото и ваквите неправилности да ги улови.
     
    На Bibi30, kukla21 и NarCis@ им се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.505
    Допаѓања:
    184.980
    Пол:
    Женски
    @mila857 На работа една од служителките е со високо образование, а зема помала плата од 15 000ден. Така што, важно е на каква функција си. Ова што сакаш да го правиш ти, е најблаго речено, криминал. Исто и твојот газда, кој останатите пари ти ги дава на рака. И да, влијае на нас, кои не правиме вакви малверзации. Жално е ти што си со такви размислувања и не ти е јасно како наштетуваш на нас, работниците. И ние плаќаме исто колку и ти. Исти сме, само различни во совеста.
     
    На Bibi30, kukla21 и НМарија им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.987
    Допаѓања:
    143.610
    Кривичното дело е неовластено збогатување.
     
    На NarCis@ и kukla21 им се допаѓа ова.
  16. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира на кој основ тој "газда" ги вади од сметка парите за да ви "доплаќа на рака" . Хмммм тука веќе имаме и други дејствија кои се спорни.....ама тоа не е за во оваа тема.
    Не размислувате ли луѓе утре за пензија, со 15000 кои се "на бело" колку пензија ќе земате. Или од денес за утре.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.505
    Допаѓања:
    184.980
    Пол:
    Женски
    Епа еве, таа испланирала и за пензија, ако зема 60 000ден. сега на породилно.
     
  18. mila857

    mila857 Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    11
    Не, не сум чистачка со високо образование. Ниту реков дека се сложувам со ова што го прави „газдата“, напротив, едно е ветено од негова страна, ама друго се случува-сите вработени се скоро на минималец осигурани, а остатокот го добиваат на рака, дури и самиот тој е осигуран на 18000 - се со цел да не плаќа придонеси на државата. Се буниме сите-и стално има ветувања дека ќе ни ја дава цела плата на сметка, но не и остварувања на ветеното. Да, во криво сум што сум прифатила така, но не сум ни нашла подобри услови на друго место со мојата професија-сите исто или слично нудат.
     
  19. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.290
    Допаѓања:
    4.781
    Пол:
    Женски
    Ако можеш тоа да го изведеш и не ти е страв, тогаш направи го. Ситни пари се тоа во споредба со други работи кои ни се случуваат во оваа држава. Жално е навистина да си на пола плата пријавена.
    Јас не би се осмелила така да постапам, но штом имаш и поддршка од газдата, тогаш не се мисли.
     
  20. mila857

    mila857 Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    11
    Многу ме интересира како наштетувам со ова на останатите... Јас само сакам просекот за породилно да си го направам колку што ми е вкупно платата и "белата" и "црната", со тоа што ќе го натерам газдата цела "бела" да ми ја направи. Да плати придонеси во фондот наместо да ми дава на рака. Не мислам со тоа дека им штетам на другите, напротив...

    Фала ти за разбирањето. Секако дека може да се изведе и нема ништо незаконско. Само сакав да слушнам слични искуства доколку има. Страв-не страв, поарно така отколку да му се јавувам секој месец на газдата дури сум на породилно да го потсетувам и да го молам да ми даде на рака колку што ми следи. Белким си велам од ко ќе се вратам ќе реши да не осигура вработените на цела плата.
     
    Последна измена од модератор: 7 мај 2018