Не си И да се побројни луѓето што ќе си се изборат за поголема плата, наместо да прифаќаат секакви услови за работа (а тоа ни е заради менталитетот), вакви прашања немаше да се поставуваат воопшто. Затоа реков, борбата и начинот се погрешни на членката. Изборот што ќе прави е секако нејзин.
Свесно сум се согласила, да, во почеток да биде така, со тоа што ми ветил газдата дека ќе ми ја направи цела плата на сметка. Поминаа 5 години како работам, ја зголеми, ама дел од платата. Во меѓувреме и на рака ми има зголемено. Сама сум му рекла дека подобро таа на рака што ми ја зголемува да ја става на сметка во бруто. Значи, не барам и јаре и паре. Но, не знам зошто-не се согласува со тоа-вели уште не сум во можност. И останатите работници се бунат, и секогаш останува само на ветувања. И што можеш да направиш-бараш нова работа, гледаш нудат исти, ако не и помизерни услови. И седиш во таа фирма дури не најдеш подобро. Не знам кај работите и колку земате плата и какви ви се условите. Во Скопје се почитуваат, знам, законите. Но, не и во другите градови. Греота е да ги осудувате луѓето кои сакаат да работат, дека не се бунат и прифаќаат се. Се нема избор, дури се сменат работите-не ќе седиме без работа. А како да ги смениме кога нема институција која што функционира, нема власт дојдено која работи за народот, која поддржува некоја граѓанска иницијатива или има слух за народот. Сите што доаѓаат на власт си прават како нив им одговара, за они да се богатат и нивните блиски. Во оваа држава многу работи се трули, па затоа луѓето кој како може се снаоѓа. Погледнете малку околу себе што се случува, па ако вие што судите сте толку посилни од нас, што демек ќутиме и се прифаќаме не мислејќи на утре, дај вие дадете поддршка, покренете иницијатива, бидете солидарни. Утре може Вашето дете да се најде во слична ситуација. Најлесно е да судиш. Не секој има среќа да му се погодат работите. И жално е што во државава од среќата ти зависат и најосновните човечки права.
Женски, неам време да ја листам темава...Дали првата исплата од социјално ја прават со рачуница од денот кога си го отворила породилното или од денот кога си породена? Се мислам породилното да го отворам 15дена пред краен термин, па да си израчунам колку ми е исплатливо.
од денот кога си отворила породилно . Но ако го отвориш на пола месец пола ќе ти стигне од фирма пари а пола од социјално.
Нели е законски, мора да се земе породилното штом влезеш во 9ти месец? Или можеш до крај да си тераш? Сите различно ми кажуваат и на работа врска немаат дека одамна не им се родило дете.
Здраво девојки. Во сабота на 19ти влагам во 9ти. За да не го отворам породилното порано, сакам од понеделник да отворам обично боледување. Е сега незнам дали матичните би можеле да ми отворат такво обично боледување во 9ти месец или ќе мора породилното да ми го отворат.
Devojki, sakav da prasam tie sto se na patoloska bremenost, koga treba da se otvori porodilno? Koga ke koristite odmor? Mene konzilijarno mi e do 22ri juli dodeka termin mi e 10ti septemvri.
Мене од комисијата ми предложиле по патолошката да отворам породилно 45 дена до 36 та недела кога се очекува да се породам. Затоа што порано породување беше причината за боледувањето. Одмор можам да земам меѓу боледувањето и породилното ама нема да користам затоа што ми е критична состојбата на работа да не тизикѕвам губење на породилното право.
Сестра ми го има овој проблем , цела фирма се пријавени осигурани на минимална плата а остатокот на рака им го исплаќаат (4.000ден.)Така да кога дојде ред за породилно 9месеци денар не виде од тие 4.000 ден. И сега кој тука прави малверзации,кој е оштетената страна?? Фирмата на легален начин те оштетува над 500е за 9 месеци ... Чаре нема , ако му е воља на газдата ќе ти ги даде на рака ако не нема.
Зарем породилното е зависно од други боледувања? За патолошка од комисија бев покриена до 11 март, кога се породив на 19ти отворив нели породилно, а за 12-18 март однесовме тогаш предлог од матичен и сите салтанати да се покријат комисиски тие денови, но од комисија рекоа дека не треба, сум била покриена со отпусното од болница, матичниот ќе ги покриел. По милион јавувања дури денес ми кажуваат од Фонд дека ги мењале комисиите бла бла и сум требало да однесам 2 посебни ИСР обрасци, еден за до 11 март, друг за 12-18 март и дека дур не се среди патолошката нема породилно?
Девојки доколку некоја знае ве молам за одговор, породилно треба да отворам декември оваа година, значи ќе трае до август 2019г. Прашањето ми е дали во 2019 ќе ми следува годишен одмор? ( од јан до август ќе сум на породилно)