Јас малку не сум во тек со овие работи, па да си прашам. Породилно порано од пораѓајот нема да отварам, планирам на 01.08 да го отворам, и тоа значи дека до 04.2019 сум на породилно, во Мај се враќам на работа така? По целосен истек на 9от месец, не порано? Исто така, од фирма не ми дозволуваат да го користам одморот пред породилно, значи пола од деновите ќе бидат неискористени, догодина важат ли истите?
Ќе ти важат деновите и јас за ова прашував, а и стои во законот дека одморот можеш да го користиш до 30 јуни ако дел не си искористил во тековната календарска година поради породилно отсуство. Планираш до крај да идеш а? Јас не од сега ми е тешко не па у 9 ти.
@mimiiiii Не планирам,морам. Не ми дозволуваат да си заминам порано, замената моја не е доволно испраксана па ќе биде каша попара ако си одам. Ако праам инат и одам порано, гарант ќе ми кажат после враќањето да си ја фатам вратата, така да ќе седам до крај, шта чу...
@Chanell* ајде имаш уште месец да ја обучиш после може сами ќе се смилуваат оти стварно е тешко да работиш во 9 ти во јули месец. Јас користам стар одмор веќе ми е напорно отекувам и ме боли грбот. Башка ти рачунаш 1 ви август ама малата може и порано да излезе.
А дали сѐ уште може породилното да се отвори на самиот ден на пораѓај? Јас и така ќе бидам на одмор, не ми се исплати да отварам породилно еден месец порано.
Ај едно прашање до поискусни мами...вака сега јас сум на патолошка и треба уште овој месец да ми одобрат конзилијарно и плус до 10 јули е сега од фирма не ми даваат сеа одмор па прашањето ми е дали догодина после породилно ме следува одмор од 2018 а после како што си е редот летото за 2019?
@NarCis@ може на ден да отвориш. @baby 5 одморот од 2018 до крај на јуни 2019та можеш да го искористиш, потоа ти следува за 2019 та одмор.
Девојки, може некој да пише што документи за породилно треба кај: матичен гинеколог; на работа; во фонд? И кој носи во фонд ? Дали е 12 или 15 мес за близначиња. Тнх
Биби конкретно за тоа што прашуваш не знам, само сакам да ти кажам да прочиташ во закон за работни односи како е точно за предвремено родени бебиња, мислам дека мајките имаат право на подолго породилно. Моја пријателка лани се породи во 35та недела и имаше повеќе од 9 месеци породилно, не знам точно колку.
1. Кај матичен гинеколог носиш отпусно писмо. Тој ти дава ИСР образец за отворено породилно. 2. Даваш на работа ИСР. 3. Можеш сама да носиш во фзо, може и од работа. На тој што ќе носи му треба само барање, иср образецот од точка 1 и извод од матична книга на родени. 4. Трае 15 месеци.
здраво сакам да прашам дали можам месец два што ми фалат за породилно да си платам јас за да ми следува после бидејќи на работава сум пријавена само 3месеци ...
Здраво девојки, имам недоумица од кога се смета дека е исполнет условот 6 месеци непрекинат стаж за стекнување породилно: дали од моментот на породување или од моментот кога ќе отвориш боледување или како и да се вика (нели според закон треба најмалку 28 дена пред породување да престанеш да одиш на работа)? Фала ви однапред
здраво девојки ме интересира дали износот на породилно е истиот износ на платата што ја зимам на пример јас зимам 16500 ден плата дали и породилното исто ќе ми изнесува
Da. Narcis Porodilnovo uste li trae 9 meseci? Da ne se smeni nesto vo meguvreme? Neli sakaa da go prodolzat?
Мене ништо не ми е јасно, па да си прашам. Значи за породилно треба на работа да однесам: - извештај од матичен (рече матичната ќе ми го даде кога ќе дојдат со отпусната листа) - извод од бебе - копија од моја л. карта - копија од трансакциска Се тоа ок, ама еве јас нема да отворам породилно денот кога ќе се породам туку порано? Како иде тоа? И читам погоре, нешто носење во фонд ваму таму, никој не ми спомна до сега. Цела сум збунка.
Sakam da go prodolzam porodilnoto uste mesec dva, mozam da zemam bolovane od maticen megutoa koi se postapkite i kakvi dokumenti da odnesam na rabota? primer porodolnito mi zavrsuva na 15 juli