Ако породилното ти завршува пред 30 јуни 2019 тие денови можеш да ги искористиш заклучно со тој датум.
Dali za ovaa godina sto sum na porodilno mi sleduva godisen odmor i kako da znam tocno do koja data mi e porodilnoto ?
Да ти следува г. одмор, а на самото боледување ти пишува кога треба да се појавиш на работа. На пр. мене породилното ми истекува на 28.09, петок, значи од 01.10 сум на работа.
Кога е нај идеално време да се отвори породилното. Колку време пред пораѓајот? Мене термин ми е крај на ноември но сепак на работа морам да кажам од кога не би идела. Како оди тоа според закон.. или ствар на договор со работодавачот?
Незнам дали јас убаво разбрав или не. Јас отворив 45 дена пред термин породилно. Поточно од 16 јули сум на породилно краен термин ми е 30 август. Што значи додека не се породам нема исплата? Зашто мене од матичниот гинеколог ми дадоа потврда дека е отворено трудничко и однесов на работа заради исплата а овразецот секако кога ќе се породам ќе ми го дадат... Не ми е јасно некако.. извинете за долгиот пост.
Да, нема исплата додека не се породиш. После тоа наеднаш на сметка ќе ти легнат сите пари што дотогаш требало да ги примиш. После тоа оди регуларно, од месец за месец.
Zavisi kakva ti e rabotata teska/lesna... moj sovet e da odis kolku poveke mozes do kraj zatoa sto ke ti treba za otposle... po zakon mozes da go zemes otkako ke vlezes vo 9ti mesec
Јас пак со прашања... Од 16 јули сум на трудничко мислам би требало за пола месец да ми исплатат боледување од 1до 15 до сега на 19 ме исплаќаа сега уште нема..или и тоа после пораѓај да чекам... Знае некоја??
Женички едно прашање. За една недела ќе отварам породилно. Може ли да ми ја објаснете процедурата што се документи ми требаат и што се треба да направам. Фала ви однапред
Породилно го отвара докторката кога ти ќе посакаш. Мене ми се погоди да го отворам баш на денот кога ми истече одморот т.е на денот на породување. Неочекувано и непланирано дека ќе се породам тогаш. Од коа ќе се породиш, носиш отпусно писмо кај докторката и они ти го прават и даваат боледувањето од-до кога трае. На работа носиш боледување, извод од бебето, копија од лична карта и копија од трансаксицка сметка и понатаму претпоставените кај што работиш си ја бркаат работата т.е ги доставуваат документите кај што треба за да почне исплатата. Јас моите документи ги доставив дури на 10 август, во јули цела плата не ми беше исплатена, за тие 7 дена од месецот кога можам да очекувам исплата, септември? Па после за цел август, дури во октомври? Или и јули и август наредниот месец ќе ми ги исплатат?
Значи јас дури од октомври би почнала да зимам породилно така ли ќе му дојде? Треба да се породам почеток на септември
Феминки дали има некој лимит на средства кои ги исплаќаат од фондот? На пример ако просек ми е 50.000 ден последнава година и трудничкото би ми било толку или?
Некако сум го испуштилс ова. На жал, така е. Се бара извод од бебето во фзо и без тоа не може да почне исплата. За извод треба пораѓај, а и за извод се чека и до 2 недели. Тоа е.
На мене ми отвори матичната предродилно боледување бидејќи цело време бев на патолошко со конзелијарно и дека сум била пред термин нема да ми дават веќе затоа земав одмор 10 дена па ми го отвори предродилното. Ја прашав дали од тогаш ќе ми биде отворено породилното или од кога ќе се породам и таа само ми кажа да не мислам јас за тоа дрка имало кој да рачуна многу порано ми го пиша веќе 1 месец помина дали ќе треба после здравје порано да почнам со работа. Вака што прочитав дека за породилното треба да однесеш отпусна листа од како си се породила кај матичната па таа да даде што треба да се носе во фирмата. Е сега малку ми е измешано
Леле, во фирмата ми ги забутале документите некаде кои што им ги доставив уште во август, и ги однеле дури пред 3 дена во фзо Кога да чекам исплата сеа, во декември ?????