Здраво мајки, јас сум во 9 месец од породилното отсуство и почнав и одев на работа само 3 дена поради тоа што нема кој да ми го чува детето и мн е вознемирено и отплатата за последниот месец не ми е платена од фондот а морави да дадам отказ и ми ги исплатија само тие три дена од работа а додека породилно за последниот месец не ми е платено, дали е можно да не ми го исплатат поради тоа што не можам да одам на работа веќе?
Феминки сеуште е тој закон дека минимум е 6 месеци да си осигурана за да ти следува породилно? Ме интересира дали мора да е на цело работно време? Доколку сум осигурана пола,тогаш што? Дали имала некоја искуство само да најде фирма да ја осигура без да оди на работа,и да си плаќа сама придонеси? Колку се придонесите,а колку потоа породилното ? Фала
Имам колешка што беше на пола работно време 6 месеца и си зема породилно. Не ги знам деталите, дали има некој плус услов, ама сигурно може да се земе породилно и со пола работно време, ама мора да имаш 6 месеца. Имам и другарка што сама си плаќаше придонеси. Треба да најдеш фирма преку која ќе се пријавуваш, значи некој свој човек што ќе сака да ти заврши работа да те пријави, а да не идеш на работа. Тој не плаќа ништо, ама ако има инспекција треба да објасни зашо не си на работа. Ако се пријавиш на минималец, придонесите се околу 5 илјади (не знам точно колку), платата ќе ја вртиш истата 6 месеци значи тука не губиш пари, само ќе ти бидат блокирани тие пари за тоа време. 6 месеца по 5 илјади за придонеси, толку ќе потрошиш, а би земала 9 месеца по 9-10 илјади (не знам колку е сега минималецот).
Фала многу Сигурно на пола работно се помали придонеси,а со тоа и пониско породилно. Имам блиска особа која би ме пријавила,сано ќе мора да ми пушта плата,а јас ќе и ја враќам одма А кога е најдобро да се отвори боловање во овој случај? Јас по мој пресметки би имала точно 6 месеци во фирмата,па по некој ден породување
Минимална нето плата е 12165, односно бруто плата 17370 (5250 ти се вкупно придонеси 4690 и 515 персонален данок). Значи ти 6 месеци ќе треба да даваш по 17370 во фирмата која ќе те осигура (12165 ќе ти пуштаат на сметка) за потоа 9 месеци да земаш по 12165 породилно. Ќе се потрошиш 31500, а ќе земеш 109485.
Сеуште е тој закон за минимум 6месеци.Не мора да е цело работно време,секако ќе ти следува породилно.Јас сум вработена во фирма на сопругот.Придонесите се 50% од платата а потоа породилното ти е колку што ти била платата.
Само да напоменам дека ако случајно се породиш макар и 1 ден пред да наполниш 6 месеца, ништо од породилното. Јас се породив скоро 3 недели порано, и до последен ден одев на работа (не ни очекував дека тој ден ќе се породам). А и породилно не можеш да отвориш пред полни 6 месеца. Ти секако нема да идеш на работа, ќе си отвориш кога ќе се породиш. 27% од бруто плата, 50% од нето плата. Значи ти земаш нето плата 12.000, придонеси се 6.000, бруто плата е 18.000.
Фала Се надевам нема да се случи нешто неочекувано,зошто ќе бидам со царски,и датумот вероватно ќе биде претходно одреден
Минималната е 12500,бруто 18006. Ако се фатат 6 месеци во година, а ќе се фатат дали оваа или наредна ќе треба и за регрес да дадеш пари, зашто фирмата по закон треба да ти исплати, ако е фиктивно вработување, треба плус 10900 ден да дадеш за регрес, од кои околу 1000 ден се за персонален данок. Значи пари за придонеси 5000, провизија за банка + за регрес, за систематски, безбедност при работа, санитарни прегледи-зависи од дејноста на фирмата, треба да се направат за секое вработување, ризик за фирмата ако не направи. Можеби се ситни трошоци, но кој сака да пресмета и да не ја заглави фирмата треба да знае. Знаат да одат во контрола од трудова и од фзо не се изгубени кога ќе видат само 6 месеци кнап вработување и одма породилно.
Да во право си,не се будали знаат тие,и ние знаеме дека знаат,ама се додека законски си плаќам придонеси,ништо не де прави незаконски тогашне ги ни занимадали стварно работи жената или само ради породилното е пријавена.
Здраво, јас треба да излезам на породилно во август, а се планира од септември да се затвори фирмата, дали ќе ми се исплаќа боловање или не? Да напоменам имам 3 години стаж во таа фирма