40 дена пред термин за патолошка, 28 дена пред термин за нормална бременост што не биле исплаќани од ФЗО дотогаш во бременоста.
се носи документ од матичен дека ти е отворено боледување инаку како ќе заминеш без да доставиш документ. На работа не се носи ништо од бебето одкако ќе се породиш ни отпусно ни ништо. како мислиш? Секако стигнува породилното само исплатата не е редовна. некој до крај си оди на термин или на денот кога веќе се очекува да се породи,ако имаш 2 недели до термин веќе време ти е ако можеш да издржиш оди си барем уште една недела на работа. Јас има колективен па ќе си продолжам со уште некој ден од деновите за одмор па ќе го отворам породилното.
Девојки ви даде ли матичниот некаков документ дека сте отвориле боледување? Мене ми рекоа кога ке се породам со отпусната листа и сега во фирма ми бараат документ а јас немам
Побарај од матичниот потврда, ке ти пише од кога ти почнува боледувањето ке стави потпис и печат. Друго додека не се породиш не може да ти даде.
Нова сум во групава и сакам да ми кажете мислење. На почеток од бременост во фирмата каде што работев многу е жешко а и штетно сите ми велат вади патолошка бременост. Гинекологот ми пиша болованје од 15 дена и рече по 15 дена ќе правиме 2 дена пауза и пак ќе ти дадам бидејќи е рано за патолошка но таа сега е на одмор и нема од кај да земам боловање. Дали во тие два дена пауза можат да ме избркаат ако ми ги пишуваат денови од одмор на работа и дали ќе има пролем додека да се врати гинекологот да однесам боловање од кај општ лекар со ралична дијагноза.извинете на долгиот пост
ќе си побараш,ќе му објасниш на докторот дека не можеш да напуштиш додека не им приложиш документ. И кај нас е така. Инаку ќе треба са чекам до породување за да излезам на боледување ако е со документи од породилиште.
Здраво женски... Размислував околу породилново, не знам дали некоја од вас имала слично искуство.... Еве 10 месеци откако сум на работа т.е. од 03.09.2018 година, преку Агенција за привремени вработувања, договорот ми е до 30.11.2019 година. Бремена сум 8 недели, дали ми следува паричен надоместок за породилно отсуство доколку не ми продолжат? И дали доколку пред истекот на договорот се објави оглас за моето работно место, а влези некој трет имам можност за да си го остварам моето право пред суд? Се надевам на одговор, Ви благодарам во секој случај.... Имајте убава вечер
Ако не ти го продолжат договорот, гледај да немаш НИТУ ЕДЕН ден прекин во стажот и здравственото осигурување. Ќе си најдеш фирма кај некој или нво да те пријави, ќе си плаќаш придонеси месечно барем минималец. Значи до породувањето МОРАШ да имаш шест месеци НЕПРЕКИНАТ стаж за да ти следи породилно. Ферски е да ги прашаш со време кога ќе дојде дали ќе ти продолжат или не , за да барем се пријавиш на време да не ти пропадне породилното.
Фала ти мила... Ќе морам да се снаоѓам. А дали знаеш доколку пред истекот на договорот се објави оглас за моето работно место, а влези некој трет имам можност за да си го остварам моето право пред суд?
Да не дојде моментот до суд , ако го изгубиш породилното после ти се маки. Можеш да се консултираш со овие од хелсиншки што и како имаш право, во случај да не ти го продолжат договорот. Јави се или поубаво лично отиди кај нив. Види на веб страната за контакт.
Тие од Хелсиншки мене ми пишаа дека трудница со дог на неопределено не смее да добие отказ. Што не е случај со трудница со дог на определено. Ако истече договорот се смета за истек на договор а не за отказ. За жал никако не сме заштитени
Затоа сама ќе се заштитиш , пази да немаш ден прекид и пријавувај се сама у краен случај.Да се надеваме дека ќе биде добро и ќе ти продолжат договор. Одиш на работа?
Не одам на боледување сум,по предлог на правникот од фирма. Ми рече единствена заштита ми е да сум на боледување во моментот кога истекува договорот па така не ќе смееле да ме одјават. Плус си имам ризична бременост со дијагноза лажно раѓање,прво ради тоа останав дома,после продолжив и сега ќе гледам да немам ни 1 ден прекин со боледувања,па ќе си отворам породилно 45 дена пред термин. Само не ја сфатив матичната,јас и викам ќе отворам породилно 45 дена пред термин,термин 15 октомври,она ми вика ако не се породиш до 15ти ќе биде проблем. Зошто би било проблем?
Толку се разбира според мене Тоа е претпоставен термин, што не значи дека ќе се роди точно на денот може да биде порано/покасно од тој ден. Прашај друг доктор, но сигурна сум дека не се разбира твојава матична многу
Здраво феминки До 27 користам одмор од фирмата, а пред одморот бев три месеци на боледување, од 28ми јули треба да отворам породилно а се паѓа недела како ќе биде оваа работа да одам пред тоа кај матичнава за да го отвори или наредниот ден ќе може? Да не настане некој проблем
Боледувања се вадат на денот кога почнуваат, не сум сигурна ама мислам дека порано не може. Освен ако не работи фирмата во недела, па да се смета за работен ден, би требало да отвориш породилно кај матичен лекар во понеделник.