Мислам дека не можеш да извадиш така патолошка. Треба 6 месеца стаж. Можеш да си плаќаш придонеси 6 месеца, плата да ти пуштаат на сметка и да ја враќаш, па да си земеш породилно кога ќе се породиш, другарка моја така направи. А ти рекле да вадиш патолошка зошто ако те пријават, а ти не одиш на работа, и им дојде инспекција, тие ќе си имаат проблем. Затоа е тешко да се најде фирма што ќе те пријави фиктивно, треба ептен свој човек што ќе ризикува за тебе.
Здраво девојки, од петок треба да сум на породилно отсуство. Потврда земав од кај матичната ама на работа не се упатени што точно треба да се прави. Ми рекоа дека платата од кај нив ми е до 22ри, а за од 23ти да чекам од фонд. И дека сама треба да си ја однесам потврдата во фонд Хелп некој нешто поточно да ме упати. И каде се наоѓа фондот фала
Од како ќе се породиш, со отпусната листа одиш кај матичниот гинеколог кој ти дава ИСР образец. Со тој образец, копија од извод од бебчето и копија од трансакција одиш во фондот. Фондот се наоѓа кај Црвен Крст
За сега земав потврда од матичен за тие 28 дена пред термин. И за нив ке треба да чекам исплата од фзо или на терет на фирмата се тие денови пред породување?
Од утре сум на породилно. Го отворив 45 дена пред термин. Со оглед на тоа што краен термин ми е 15 октомври,а цел септември ќе бидам на породилно, ме интересира која е процедурата околу префрлање на плата? Претходно бев 30 дена од комисија на боледување и 15 дена од матичен. Фирмата ми излезе во пресрет и за август ќе ми префрли плата. Ме интересира што од документација треба да однесам на работа? На боледувањето што ми го даде матичниот гинеколог стои само почетна дата, тоа го дадов во фирма-фотокопија. Дали платата ќе ми биде преку фонд? Што треба да однесам јас во фонд и кога?
ова е поднесување документи за да почнат со исплата на породилно така? И јас тоа сакав да прашам. Штотуку прибрав документи за второ дете сега за породилно ми треба. Од кај матичен гинеколог ми треба уште потврда за живородено за второ дете а за породилново што треба од кај него? И во труд и социјала се носат документите или фонд за здравство?
За породилно во фонд за здравство. Од кај матичен ти треба ИСР образец. Кај матичен задолжително носи ја отпусната листа.
Zdravo Feminki! Slusam od nekolku strani deka po najnova promena na zakon mora da se otvori porodilno 28 dena pred kraen termin. Tocno e ova? Kaj maticniot mi rekoa deka mozam da teram do bukvalno den na poragjaj na rabota, ama uporno slusam muabeti deka MORA da se otvori porodilnoto 28 dena pred termin. Pa ako znaete nesto so sigurnost please sovetuvajte. Pozdrav!
Кога ќе се породиш, со отпусно писмо кај матичен. Матичен ти дава боледување од-до и потврда за прво/второ родено (за социјално ти е тоа). После вадиш извод, и заедно со копија од трансакциска носиш на работа. Тек кога ќе го однесат (образец за породилно -од работа го пополнуваат, породилното, копија од трансакциска во фзо ќе имаш. Јас отворив 45 дена пред термин, плус надносен, и имав после во еден ден за два месеци исплата.
јас сега на 13ти Август го отворив на 14ти се породив матичниот ми рече најдобра варијанта е да се извади ден пред пораѓај зашто порано е тотално непотребно. А дека морало 28 дена прв пат слушам
Законски е така, мора 28 дена пред термин. Само не е тоа закон што гинеколозите го почитуваат, па ако сакаш да одиш на работа до последен ден, слободно можеш.
Драги феминки, Имам едно деликатно прашање, дали можете да ми кажете/ПОСВЕТУВАТе. Вработена сум на определено, на секоја година-две ми го продолжуваат договорот. Од пред некое време... како да се изразам најдобро секретарката ме мобингува (нека биде така)...и минатата година меѓу едниот и другиот договор ми направи 2 дена пауза. Ми се прекина осигурањето... Сега пак треба да се продолжи договорот и страв ми е ако ми го прекине осигурувањето дали ќе имам право да пријавам породилно. Сега сум точно 3 месец, нормално немам кажано дека сум бремена оти ми е страв дека воопшто нема да ми го продолжат договорот. Има шанси во фондот да не можам да пријавам породилно отсуство ако секретарката ми направи неколку дена прекин? Читав на нет дека треба да имам 6 месеци непрекинато осигурување, ама нз колку е актуелно тоа.
Е да беше таа писмена, разбрана и нормална личност, немаше и лани 2 дена да ми направи пауза...не можам да кажам дека сум бремена. Многу сум во шах-мат позиција...а повеќе од 6 години работам во истата институција, и сега ако ми направи 2 дена пауза, нема ли да имам право на породилно? ((
Ако ти направи пауза и се породиш и ден помалку од 6 месеца, немаш право на породилно. Можеш да кажеш дека ќе поднесуваш за кредит и дека ќе бараш поголема сума и заради тоа да не прават такви "грешки" пак, зошто од банка бараат да си вработена подолг период. Чисто идеја како да ги опоменеш предвреме без да спомнеш бременост. И ако си сигурна дека ти го направила тоа намерно, оди кај нејзиниот надреден. Нејзе и да и кажеш џабе е, а откако ќе направи беља не можеш да ја исправиш.
@Spidy леле да, добра ти е идејата, ќе кажам така. Се надевам дека ќе помогне. А за надреден, тоа не ми нуди спас, во државна институција сум - повеќето се со договори на неопределено и тие едноставно гледаат да не си отвараат непотребно работа. Знаете како е кога се има проблем со институција, те врткаат ваму-таму, демек со внимание ќе те ислушаат и после ништо, не можеле ништо да направат. А кажи ми плис, што ако најдам некој приватник да ме вработи тие 2-3 дена (ако дојде до тоа), тогаш нели не би имало прекин на осигурувањето? Мора ли тие 6 месеци да бидат кај еден работодавач?
Мислам дека не мора, ама не сум сигурна, не ме држи за збор. Се надевам ќе се разбереш со таа, па си немаш мака.
Мене за 2 работни сати рекоа дека може да ми направат проблем за да не земам породилно. Пишував претходно не знам кој ме прочита. 2 пати по 1 сат излегов од работа за да одам на контрола и тие ми останаа неплатени работни сати и морав некако да ги одработам да фигурираат како одработени инаку ништо од породилното. Замислете за работни сати а не па денови
Јас колку што те разбрав е дека не ти дала договор за работа на определено, т.е Анекс така? За да ти прекини осигурањето треба одјава во Завод за вработување па пријава пак после два дена. Ова ми нема смисла зошто да го прави. А со тоа што ти дала два дена покасно договор не значи дека те одјавила. Јас пред 7м го работев ова така да мислам дека нема некој промени .