Не ми даде анекс, секогаш прават нови договори. И лани вака беше: стариот договор заврши и се прекина раб.однес, нов имаше за од наредниот ден, ама секретарката во АВРМ отиде 2 дена покасно и ме пријави од тој датум (покасниот). И на документот од аврм пишува дека договорот е од 5.10.2018, а пријавена во аврм 8.10.2018. Валда не можеш да одиш на осми и да пријавиш работник од некој ден порано, или? И имам два дена прекин, така беше лани. Е сега сум во иста ситуација, пак ми завршува стариот, а нов уште нема :/
Работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работникот за време на бременост, раѓање и родителство, за време на сместување на дете кај посвоител, отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете и слично. Отказот на договорот за вработување е ништовен, доколку на денот на врачувањето на отказот работодавачот бил запознаен со околностите за бременоста, или доколку работникот во рок од 15 дена од врачувањето на отказот го извести работодавачот за постоење на околностите за бременост со доставување на соодветна потврда од овластен лекар или надлежен орган.
Услови за остварување на правото за надоместок на плата за време на породилно боледување8 - Здравственото осигурување да траело најмалку шест месеци непрекинато пред настапување на случајот, придонесот за задолжителното здравствено осигурување редовно да се уплатува или со задоцнување од најмногу 60 дена и оцената за привремена спреченост за работа да ја дал избраниот лекар, односно лекарската комисија https://www.sobranie.mk/content/PI/6. Породилно отсуство.pdf
Да, не смее да ти даде отказ...ама ако си на определено и едноставно ти истече, тогаш нема обврска да ти го продолжи. Ние што сме трудни и со договор на определено не сме заштитени од овој закон. Тоа е, читав многу, така е
Убаво си пишала, откажување на договор. Ама да ти заврши договорот не е исто. Работодавецот дал договор на 6 месеца, на пример, и не смее да го откаже пред истекот на 6те месеци. Ама откако ќе поминат, не се откажува ништо, едноставно си завршува договорот. Додека договор на неопределено време не може да заврши, и во тој случај законот те штити да не те избрка за време на бременост и слично.
Јас мислам работодавецот нема право да ти го прекине работниот однос за време на бременост...без разлика определено или неопределено,има страшни казни
За време на договорот нема право без разлика каков договор имаш. Ама договорот на определено има завршен датум, и после тоа не мора да ти даде нов договор. Значи не ти го прекинува работниот однос зошто си бремена, уште кога те вработил се знаело дека на одреден датум ќе престане работниот однос.
Да, дури е нагласено во посебен член. Првин пишува за ова дека не смее да се откаже...и во посебен член пишува: ова не важи за тие со дог.на определено Толку не штити законот
Ајде јас пак да прашам, само бројам и бројам до кога ќе одам на работа и никако сама на себе да си разјаснам. Термин ми е на 21.12, планирам да одам на работа до 30.11, и од 1.12 да го земам зимскиот одмор до 09.12. Од 10.12 да отворам породилно. Ама на 23.11 веќе ќе бидам влезена во 9 месец и некако страв ме фаќа, гледам има многу мами што се породиле во 36,37.. недела. Секој пороѓај е различен. Ве молам за совет, како да направам.
Ти имаше работа во која стоиш цело време така? Јас ќе одам на работа уште неколку дена а сум влезена во 9ти и иако е канцелариска работата, искрено тешко е. Одам во вц на 20 мин, чувствувам притисок цело време, ми отекуваат нозете од седење, нити си да стоиш, нити да седиш. Плус не возам, па уште покомплицирано е за одење и враќање. Ако можеш да земеш одмор малку порано, па и да си отвориш трудничко порано подобро. После 9 месеци ќе можеш да користиш нов одмор + боледување некој ден да останеш подолго со бебето.
Да работам во маркет. Цело време сум на нозе. И тешко ми е да се наведнувам. Напорно ми станува уште сега. И затоа сум во дилема. Маж ми вика оди до 1.12 на работа, тогаш би била 36 недела, да две недели се во прашање ама страв ме фаќа кога би се породила. Ич не знам што да правам...
Зависи како се осеќаш. Јас имав многу лесна бременост, со 12 кила плус влегов во девети месец, на работа ме штедеа колку што можеше, и планирав до 39та недела да одам на работа. Се породив порано, ама до последно бев на работа, буквално до 9 вечерта работев, во 11 ми пукна водењакот, во 37ма недела. Не дека ми беше исто како кога не бев бремена, ама во ниеден момент не ми беше претешко за да речам не одам веќе на работа, иако сум стоматолог, генерално работам стоечки и наведната над пациенти. Ако се чувствуваш добро, оди си на работа и чувај си ги деновите за со бебето. Ама ако ти е тешка работата, подобро 2 недели порано да седиш дома, отколку да се породиш заради стрес или напор.
Кревам гајби со леб, канти со сирење, пакети со јогурти, гајби со кисело млеко.. Сецкам на месара и стојам буквално цел ден. Затоа ми е страв да не се породам порано, бидејќи наведни се до земја,исправи се цел ден така... Не ме штеди никој.. Ако сама не се пазам нема кој, до сега само 5 кг качив.
Дигање на тешки работи и клекнување се најлоши во 9ти месец. Мене ми пукна водењакот зошто чучнав пред машината за перење да ја наполнам со алишта. Чим не можеш да се поштедиш од тоа, подобро да си дома.
@Starlič И ја мислам дека подобро порано да одиш на породилно. Чим они не те штедат сега, нема ни тогаш, па подобро да не направиш некоја беља пред крај. Инаку јас во 9ти влегов со +10 кг и цела бременост сум подвижна, и немав никакви проблеми, ама како што пишав сега некако се ми натежна.