@Starlič и јас би ти препорачала да си земеш породилно, подобро сега одмори се, да не се избрза бебето, после кога тоа ќе биде поголемо 8-9 месец на пр.ќе земеш одмор или некоја недела боледување (ако треба). Кога ќе помислам дела по Швајцарија или Америка по 3 недели или 3месеци имаат породилно - страшно
Здраво феминки, моментално сум на патолошка бременост, последен термин 21.01.2020. Кога најдоцна можам да направам промена од патолошка на породилно?
Ако одиш на комисија ќе ти даде предлог 45 дена пред термин да отвориш породилно. Некаде на почеток на декември ќе ти се фати. Комисијата после 34та недела не продолжува боледување.
Оох не сакам толку рано. А можам ли да си искористам одмор во декември, цела година немам ниту ден искористено. Па после во јануари да си отворам породилно?
Можеш, обично и така прават зошто ако отвориш породилно 45 дена пред термин и си се породиш блиску до терминот, ќе треба да се вратиш на работа кога бебето има 7ипол месеца. Цел одмор земи си го, зошто секако ќе ти пропадне после јуни.
Здраво девојки, мојата ситуација е ваква.. со првото дете кога бев бремена си плаќав придонеси за да земам породилно и кога ми заврши породилното уште два месеци плаќав придонеси и се изјавив. Тоа беше во јули 2018г, е сега оваа година пак останав трудна и почнав пак да плаќам придонеси но осигурана сум од 01.07.2019г а краен термин за порачај ми е 09.12.2019г... кога најрано можам да отворам боледување и дали доколку се породам пред 01.12.2019 ќе ми следува породилно??
Мислам дека не можеш да отвориш породилно пред полни 6 месеца стаж. Моја колешка се вработи кога беше 3ти месец и одеше на работа до 180 дена, тоа се падна некаде 10тина дена пред да се породи. Сакаше и порано, ама немаше право на одмор и породилно. Не гарантирам дека сум во право, ама според тоа што знам најверојатно нема да земеш породилно, зошто од 01.07 ќе треба да си на работа до 01.01 за да направиш 6 месеца, до тогаш сигурно ќе се породиш.
и јас така знам. Мора да се 6 месеци. Мене за 2 работни сати ми рекоа дека нема да можам да остварам право за платено породилно отсуство. Па правевме некако да ми пишат дека сум ги одработила
Може некој да ми каже кога се отвара породилно кај матичен гинеколог? Мене на работа ме водат од вчера на породилно, а не сум однела документ, матичниот гинеколог ми вика кога ќе се породам ќе ми дадат документ за отворено породилно.
Да, така се прави. Официјално се отвара породилното откако ќе се породиш, ама имаш право 30 дена пред термин да не одиш на работа, а документи ќе однесеш откако ќе се породиш.
Вака сега пријавена сум во фирма и сама плаќам придонеси од 1ви мај.Терминот ми е дури во декември но јас поради ризична бременост ќе се породам порано сигурно,можно е и секој момент додека не се скрати цервиксот.Прашањето ми е следно,знам дека полни 6 месеци правам на 1.11.2019,но слушнав дека се пресметувало и во денови односно 180 дена кога полнам нс 27.10.2019.Кој ден точно ќе остварам право на породилно? Прашувам зошто секој ден ми е битен што го лежам како и за бебето така и за ова
Доколку си вработен на определено време и ти завршил договорот но немате нов и сте бремена, работодавецот може да ви даде отказ, дали има некој начин да се заштитите од ова?
Нема заштита за жал. Спремаат во новиот закон дел со кој ќе бидат заштитени жените со договор на определено. Ако ти истече договорот додека си на породилно, не ти се прекинува породилното туку го земаш до крај, ама работодавецот нема обврска да те врати на работа
Здраво, јас сум со истава ситуација и за жал тоа е, кога ти истекува договорот тие можат да ти продолжат, ама не се обврзани. Всушност не ти даваат отказ, едноставно дошол денот кога раб.однос се завршува. Бремените жени со дог.на определено не се заштитени. Има некоја реченица во законот која вели бремените да не се дискриминираат...ама тоа е комплицирано. Барај нов работодавач ако не си сигурна дали ќе ти продолжат.
Кој месец си?барај некои роднини или пријатели што имаат фирма, нека те пријават, барем ко ќе се породиш да земаш додаток од фзо. Па после ќе му ја мислиш. Мислиш дека нема да ти продолжат оти си бремена или онака лошо и оди на фирмата и намалува вработени?
Не знам како е правилно, ама моја колешка се вработи на 01.02 и на 01.08 немаше право да извади породилно. 02.08 беше празник, си дојде на работа на 03.08 и од 04.08 отвори породилно. Ако имате сметководство во фирмата, таму прашај, ако не во Фондот прашај. Да не утнеш за еден ден.
Планирам породилно да отворам во 38 недела од бременост. Претходно сакам одморот да си го користам. Дали ако во меѓувреме се породам ми пропаѓа одморот и ќе морам да го отворам породилното? Благодарам.