Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилно отсуство

Дискусија во 'Бременост' започната од Mrs.Bass, 2 мај 2012.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ама ако најдам роднини/пријатели нема да имам кај 6 месеци за да имам право на породилно.
    Заради бременоста. Со договор на определено време кој завршува. Некаде читам низ темиве имало некој нов закон некаде се спомнувале трудници кои се на определено, дали има такво нешто или погрешно сум разбрала?
     
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    13.661
    Пол:
    Женски
    Освен ако немаш договор со фирмата дека во тој случај ќе ти ги остават деновите од одмор, законски ќе ти пропаднат. Јас се породив во 37ма недела, имав 8 дена одмор, ми дозволија да си ги земам откако ќе заврши породилното, ама тоа на добра волја на газдата.
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    26.382
    Не е изгласан новиот закон. :(
     
  4. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    Не мора кај еден работодавач да ти биде стажот. Важно да немаш прекин во осигурувањето. Во истиот ден кога ќе ти заврши договорот , друг работодавач да иде да те пријави.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    Здраво девојки, сакам да си се осигурам нешто.
    Како што прочитав овде можеме сами да си пријавиме породилно, со испис од болница и извод од мат.книга на родените се оди кај матичниот гинеколог и тој дава извештај ИСР.
    Е сега прашањето ми е тој извештај треба ли да го потпише гинекологот или печат да удри???

    Оти ако е само за извештај како документче нели може да се најде на интернет или во Фондот и да си го пополниме сами?
     
  6. bella.gk

    bella.gk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20191027-090914.png
    не ти пропаѓа одморо мозе да го искористеш после породилното,исто и јас така планирам од одморот од 2019 имам искористено само 1 ден а термин ми е почетокот на јануари е сега мозе да си земам 10 дена пред терминот а др здравје планирам да го користам после породилното
     
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    13.661
    Пол:
    Женски
    Ако породилното завршува после јуни следната година, законски пропаѓа одморот. Одмор од 2019 важи до јуни 2020. Ако се породи во ноември, породилното ќе заврши во јули, и ако има останати денови од одмор од 2019 ќе пропаднат. Следува одмор од 2020.
    И јас си го земав одморот од лани дури сега, ама во договор со газдарицата. Законски не мораше да ми го даде.
    И за тебе исто важи. Збори си на работа со време зошто ако не го искористиш цел одмор, не мораат да ти ги дадат деновите кога ќе заврши породилното следен октомври. Ако сака газдата може да го дозволи, ама ако не сака не мора.
     
    На bella.gk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    26.382
    Има печат и потпис од доктор на документот и го даваат во 2 примероци, еден за на работа, еден за во фонд. Има уште еден образец од фонд што треба да го симнеш од нет, да го пополниш и со извод за родено дете се носи за да се пријави породилно и да почне исплата.
     
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Јас би требало да завршам со породилно во септември, технички после 30 јуни немам стар одмор. А да барам добра воља од газда немам намера затоа што само ќе ме изнервира нешто и ќе треба да го отерам у три лепе, така да пред породилно го земам одморот од 36 полна недела, па што сака нека биде. И онака немам многу денови останати, 1 недела е во прашање.
     
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    13.661
    Пол:
    Женски
    Чим ти е таква ситуацијата, земи си го одморот сега. Технички ако не го искористиш би требало да ти ги плати тие денови, ама до сега не сум слушнал газда тоа да го направи. Подобро да си одмориш една недела плус пред да се породиш.
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    Разбирам! Фала многу!
    А колку време од раѓањето до пријавувањето породилно имаме? Не е ограничено некако?
    Јас лично веројатно нема да можам :) па не знам како ќе биде кој ќе оди, оти од село ми се свекрвата и свекорот, а матичната во Скопје. Може нема да успееме одма (во 3-4 дена) да се мобилизираме.
     
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    26.382
    Па не мора одма, секако се чека неколку дена за извод од матична книга на родени.
     
    На Enci200 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Работам во фирма каде што константно се доцни со плата и се случува некои месеци на почетокот на месец да немам здравствено осигурување додека не пуштат плата, меѓу другото. За кога ќе се пораѓам, не сакам ни да помислам дека нема да имам плата, а со тоа и здравство. Прашањето ми е за кога веќе ќе паднам под фондот, дали пак исплаќањето мое зависи од фирмата? Дали ќе се чека тие да пуштат плата? Што ако во меѓувреме пропадне фирмата, ќе го изгубам ли породилното? Работам и имам стаж, не би било фер ама што знам. 300 мисли ми се вртат сега :swear::swear::swear:
     
  14. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    Здраво, немам искуство, прва бременост ми е, ама можам да кажам дека многу читав. Не е на одмет да си го видиш и ти законот за работни односи.
    И јас како што сфатив штом ќе ти почне породилното - ќе го земаш, без разлика дали фирмата ќе се затвори или ако си на определено и ти заврши договорот.
    Е сега тоа што ти си останувала без здравствено осигурување ми е малку чудно, и тоа е важен фактор за редовноста при исплаќањето на надоместокот од ФЗО...
    Демек ако фирмата каснела со уплати на придонесите и фзо ќе касни со надоместокот, а зошто така, не ми е јасно.
     
  15. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    На неопределено сум. Имам колешка што е на породилно и вика не можела да земе пари зошто фирмата не дава плата за септември. Каша попара е работава
     
  16. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.325
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае колку е максималната плата на која што може да се пријави една трудница? :D
     
  17. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Колку сакаш мислам нема ограничување,само што колку поголема плата толку поголеми придонеси ќе плаќаш
     
  18. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Здраво женички,

    Ме интересираше како се пресметува за земање породилно пошо слушам се зема просек на една година и демек се исплаќа 100%.. пр. на 25.000 ден. колку би земале на 30.000ден колку.. доколку некој е осигуран само 6 месеци каков просек ке извадат.. не ми се јасни овие раб некако.. :)
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    13.661
    Пол:
    Женски
    Ако си вработена цела година, просек од 12 месеци. Значи ако цела година си земала 25.000 толку ќе земеш и на породилно. Ако си работела помалку од 12 месеца, пример 9 месеца по 30.000, ќе ти земат просек само од тие 9 месеца и ќе си земеш 30.000.
    Значи само ако различна плата во различни месеци си земала (пример 3 месеца 25.000 па 6 месеца 30.000) ќе ти извадат некоја сума измеѓу (просек), ако не ќе си земеш колку што е платата.
     
  20. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    @Spidy јас земам различни плати скоро секој месец... кој ќе ја направи пресметката за просек, тие во фзо или секретарката од институцијата каде што работам?
    И од каде ќе знаат колку ми биде платите, од ујп добиваат информации или исто секретарката треба да прати некои документи во фзо?