Во Фзо пресметуваат, ама можеш и сама. Извади си извод од банка, собери ги последните 12 плати и подели на 12. Таа сума ќе ја добиваш секој месец.
Еве мили како се рачуна.Основицата се утврдува на тој начин што вкупниот износ на нето плата остварена во последните12месеци,на кој е платен придонесот,се дели на вкупниот број на часови кои работникот фактички ги поминал на работа за тие 12месеци,а добиениот износ по час се множи со можниот број на ранотни часови.Секое добро
Сигурно имаат некоја ваква точна равенка за пресметување, ама јас грубо поделив на 12 месеца и отприлика ми излезе точно. Од мојата математика плус 150 денари добивам породилно. Доволно блиску е
Охоо, ова комплицирано. Како и да е, најважно ми е што пресметката ја прават во фзо...а не секретарката Поздрав!
Нема ограничување за износот на плата, ама максимален износ на исплата на породилно боледување е околу 4 просечни месечни плати во мкд.
не,се пресметува работен час,мене во решението ми стои колку ми изнесува работниот час ни дневница ни износ на месечна исплата пишува.
Дали имате информација колку месеци минимум е потребно да се биде пријавена на работното место за да се добие породилно отсуство?
Ај да си прашам нешто:Вака е кај мене ситуација 15 дена бев на одмор одма после одморот 15 дена боледување од гинеколог значи за ова си добив исплата од работа, ама после 10 дена сум паталошка и отворено трудничкото ме интересира за тие 10 денаа паталошка од кај да чекам пари од социјално или од работа ?
Здраво Мамички, Денес 7.11 сум последен ден од патолошка веќе од утре 8.11 сум на породилно, не сум породена краен термин 22.12 породилното ми е отворено 45 дена порано, боледување ми е без прекин. Јас пријавив кај матичниот гениколог дека ќе го продолжам боледувањето како породилно но документи ми вика откако ќе се породам. Сега само добив извештај од него за првите седум дена патолошка. Има ли некој такво искуство? Фала
Zdravo sofi. Ja Ne podnesov dokumenti, ne gi primaat bez izvod od bebeto a jas ne sum porodeno. Porodilnoto mi tece od utre a jas ne sum porodena uste, zakonski bilo taka bidejki patoloskoto boleduvanje mi e neprekinata.
Јас си прашав за мене А ќе ти одговорам на тебе,и јас имам отворено 45 дена пред термин породилно,но документи за паричен надоместок поднесов дури откако излезе изводот на детето од прилика 16 дена после раѓање. На 31.10.2019 сум поднела во фонд, сакав да прашам кога ќе ми одговорат и кога да очекувам прва исплата?
Ако не грешам потписи се собраа,но предметот е во последната фиока во собрание и како што ми мириса нема ни да помине.Нормално што поминало во Македоничево за добро на децата,него поминува на тоа што им одговара на политичарите.ПолитикаШтета за бебушите,ама кои мисли на нив,си имаат тие мили тендерчиња,друго ништо не е важно.
Да, тешко. Ама сепак можат на жените да им дадат опција да изберат меѓу 9 месеци со 100% плата или 12 месеци со 70% од платата...па кој како сака, секако со истите финансии ќе се располага.
јас знам дека има плус 3 месеци ама иде како неплатено отсуство. Тешко е дете да оставиш на 8-9 месеци а немаме многу избор мора да се работи
Мислам дека нема шанси да го зголемат пошто искрено на работодавците и 9 месеци им се многу,но за нас мајките е полесно да е 12 месеци на 9 месеци ако немаш кој да ти го гледа а на градинка не го примаат е многу тешко...