Ако мислиш да си на патолошка до денот на пораѓај, не може. Кога си на патолошка, секој месец се обновува. Кога ќе си на 45 дена пред термин, веќе не даваат патолошка, туку ти викаат отвори си породилно. Освен ако не се породиш во 7ми месец, нема шанси.
Може ако користела одмор претходно. И моја колешка на патолошка беше неколку дена пред пораѓај отвори породилно, ама одмор имаше повеќе останато, цел го искористи тогаш.
Само ако имала одмор, или некое друго боледување од матичен извадено (даваат и тие недела-две). Патолошко боледувањр од комисија даваат до 45 дена пред термин, повеќе не.
Ako si fatish dobri vrski ne ti vazat tie 45 dena da znaete Da ne znaete dali vo privatnite kako Remedika dali i tie go otvaraat isto 45 dena?
Породилно отвора само матичен лекар, нема врска болницата во која ќе се пораѓаш. нема законска можност поинаку да се направи. комисија дава до 45 дена пред термин. После ако имаш одмор користиш одмор или земаш од матичен лекар 2 недели и после породилно.
Минатата недела се породи моја другарка, со врски кај сите директори на клиники, со договор за патолошка со доктор во приватна клиника, и и рекоа дека ќе и го отворат породилното 45 дена пред термин. Па си зема одмор и си го отвори 2 недели пред термин. Не дека не е можно свашта кај нас, ама ако она не можеше да си заврши работа, чисто се сомневам дека е возможно. А обичното породилно, без разлика дали си била на патолошка претходно, иако законски треба да се отвори 30 дена пред термин, ниеден матичен гинеколог не се замара со тоа, го отвараат кога жената сака. Јас одев до пораѓај на работа.
Дали ако имаш дете 1 година а првото ти е 2 години може и за двете да се користат 3 месеци неплатено породилно отсуство. Прво за едното па за другото
И јас сакам да користам,ама јас сум со бебка и се распрашував по пријатели кои користеле(за да работат во странство), и наводно кога ќе се вратиш на работа демек законот било ако има потреба од твоето работно место ќе те вратат,ако не отказ. Те одјавуваат стаж не тече.Мене ми е страв да земам,за да кога ќе се вратам да не речат немаме потреба веќе од тебе.
Па реално во тој случај од 3 години пола си била на породилно, и во тој период си заштитена. Па после плус 6 месеца неплатено, мора да имале некоја замена во меѓувреме. Многу време е тоа. И јас сакам што поскоро да раѓам второ, ама породилно и одмор искористив, нема шанси да земам неплатено или она боледување што даваат за бебе. Здравје за една година ќе родам пак, пак породилно и одмор и пак на работа. Мислам дека малку е претерување. Имаме едно од најдолгите породилни отсуства во светот, има закон што ти го штити работното место. Доволно е. Има земји на 12 недели ги оставаат и се враќаат на работа.
За мене не е проблем,него ми е за бебуш,мало ќе ми биде,ама што,е тоа е.Криво ми е што во светот во глобала одат кампањи за зголемување на наталитетот од една страна,и кратко породилно од друга страна што мислам е нечовечки породилно од два месеци сепак е малечко пред све греота е,а за работа цел живот ќе работиме,а малото еднаш е бебуш.Ама мила има и држави каде што породилното е 3 години,милина,блазе си им,што според мене е ок.Сепак е бебе,и му треба мајката.И мислам дека не е доволно кај нас и многу е кратко.Ама добро е и волку што даваат.Секое добро
Секако, супер би било повеќе да има, ама државите кои имаат 3 години породилно се светлосни години пред Македонија. Сакав да кажам дека во сегашнава ситуација ние имаме одлични услови тука. Породилното ни е на исто ниво со Германија и Франција. Секогаш може подобро, секако, ама јас лично сум презадоволна што поминав 10 месеца дома, и ми е малку "барање леб преку погача" сега да речам на работа уште три месеца не доаѓам, и уште да се нервирам ако сакаат да ме заменат. Работам во фирма каде никаков проблем не сум имала, каде искрено ми се радуваа што останав бремена, каде ме штедеа во последните месеци. Да работев негде кај што би ме малтретирале ко трудница или ми се закануваат да ме бркаат после породилно, не би ни сакала да работам на такво место. Ама чим се фер тие кон мене, сакам и јас да бидам фер. Искористив што ми следува, доста е. Баш трудниците се заштитени. Ама во примерот погоре, таа жена се породила со првото, ја немало 9 месеца, се вратила на работа 3 месеца со стомак до заби, пак ја нема 9 месеца, таман треба да се врати, ја нема 6 месеца, и за сето тоа време некој друг ја заменува и и ја врши работата. И јас сакам да родам второ дете за брзо време со првото, и за двете деца ми следуваат вкупно 18 месеци и тогаш сум заштитена. Другото (неплатеното) отсуство е наменето за сите вработени ако сакаат да го земат, ако имаат некоја потреба, ама реално затоа постојат градинки и овие две деца во примерот не се бебиња. Во ред е да сакаш да поминеш што повеќе време со децата, ама во тој случај не можеш да очекуваш некој да ти го чува работното место со години. Знам дека ова не е популарно мислење, ама еве сега и јас сум мајка и пак истото мислење го задржав. Што ми следува искористив, повеќе од тоа сметам дека е претерување да го барам. Како што фирмата ме испочитува мене во бременост и за време на породилно, сега јас си ја почитувам работата и ќе си се вратам да си ги исполнам обврските.
Како не, трудниците биле заштитени кај нас... Околу мене еден куп примери на непродолжување на договор кога ќе се врати. Да им истекол договор ама да не била бремена факт е дека ќе бил продолжен.
И јас сум на определено, ама кога си побарав поголем договор, ми дадоа на 36 месеца. Ако јас вредам во фирмата, нема потреба да сум на неопределено за да ме штити законот. Знам дека поголемиот дел од газдите максимално ги користат вработените (не само трудници, туку општо било кој работник). Скоро цел тим е сменет кај мене на работа за овие месеци додека бев на породилно. А мене со душа ме чекаа, и плата ми накачија. Тоа не е зошто по закон мораат, иако јас на време си се заштотив. Тоа е зошто моето работно место јас најдобро го пополнувам.
Сега испаѓа дека ти вредиш и затоа те задржале и ти продолжиле договор на три години, другите не? И јас имам на три години ама не се останува бремена секогаш по план така да се враќам и за две недели тој од три години ми истекува. Во меѓувреме имаат замена на моето место и е маж и што мислиш кој ќе лета од работа?
Јас сум пример за тоа како се однесуваат со трудници. Со првото кога останав на породилно на мое место презедоа друг вработен од друга институција. Да не патува и да плаќа ќарта. Башка и син бил на друг вработен во институцијата ви која работам.
Имам кумашинка што 2 пати ја изгуби работата после породилно. Ама реална си беше уште кога се вработи дека после породилното нема да ја задржат. Сакав да кажам дека иако се не искача по план, планот за деца се прави однапред. И јас мислев 2 деца ќе имам до сега родено, па имам едно. Ама сум сигурна во работното место зошто не сакав да се грижам за финансии после тие 9 месеца. Јасно ми е дека некогаш и тоа не е возможно. Непредвидени ситуации се случуваат секој ден. И сите работници се заменливи, дури и јас. Разликата е колку е лесно да бидеш заменет. Ако те нема 9 месеци и ако те нема 2 од последните 3 години не е исто. За 2 години некој не само што може да те замени, туку и да те надмине. Затоа коментарот ми беше дека треба максимално да го искористиме тоа што ни е дадено, зошто реално и тоа е многу за реалната состојба во земјава. Се надевам ќерка ми ќе има три години породилно кога ќе и дојде нејзе редот. Ама јас сега имав 9 месеца и малце не ми беа. Не мора тоа да е така за сите мајки, повеќето баш спротивното ќе го кажат. Сепак моето мислење е дека ако сакаме да не одиме на работа толку долго, не треба да се жалиме зошто некој не заменил, ниту да очекуваме законот да не штити. Те штити 9 месеца во бременост и 9 после. Доста е.