Da ne e za patoloska od 33ta nedela? Posto 28 dena pred poragaj treba da se otvori plus ako si zemah 1 nedela od maticen pa odmor ke ti ispadne na poragaj
Не е за патолошка. Јави се на гинеколог и прашај. Ти ако сакаш и еден ден пред пороѓај отвори породилно боледување. Обично никој нема да ти даде. Сем матичен доктор една недела, и толку.
Женски сакав да прашам околу платата за време на породилно, како ја сметаат, за колку месеци уназад си зима во предвид? Јас до сега сум на боледување од почеток а сега сум 20 недела, дали ако се вратам на работа и ми ја зголемат платата ќе ми остане и за време на породилното?
Платата за породилно отсуство се пресметува како средна вредност од последните 12 месеци. Ако си зимала на пример 20 000 последните 12 месеци толку ке ти биде и породилното. Ако ти ја покачат во меѓувреме ќе се зголеми малку вредноста, во зависност од тоа колкаво е покачувањето. На пример зимаш 5 месеци 20000 и после ти накачуваат на 25000 следните 7 месеци, на породилно ќе земаш (5*20000+7*25000)/12=22 916 денари
Здраво девојки, мојата ситуација е следна: бев пријавена во фирма од 06ти септември годинава, сега ќе преминам во друга фирма без прекин на стаж. Со право на породилно отсуство се стекнувам на 06ти март (точно 6месеци) а терминот ми е 17ти април. Дали можам веднаш по навршените 6 месеци да го отпочнам породилното т.е. тоа се точно 43 дена пред пораѓај? И дали ако сум во новата фирма пријавена на определено е афектирано правото на породилно?
Ако немаш прркин во стажот, си имаш право на породилно, без разлика дали си на определено или неопределено. Битно е договорот да не ти истече пред да отвориш породилно/да се породиш. За да отвориш породилно на уредна бременост, не можеш порано од 30 дена, може само ако си на патолошка, комисијата може да ти го отвори до 45 дена пред термин.
Да прашам нешто ако некоја од вас знае. Јас сум на патолошка со предлог од 5ти јануари да отворам породилно. Е сега, матичната веќе ми го отвори со важност од 05.01. Дали сега можам да поднесувам во социјално за породилно или ќе мора да се породам прво и како би била осигурана дур не се породам?
Мамички дали некој знае буквата С која смена е наредната недела? 3 дена вртам никако неможам да добијам не креваат а во понеделник сме на комисија?
Не можеш сега да поднесеш зошто треба извод од новороденче. Значи се поднесува откако ќе се породиш и после 10тина дена (така беше кај мене) ќе те исплатат што ти должат до тогаш.
Здраво на сите, прв пат идам сега на породилно и амбулантава каде што идам на рбота ми бара гинекологот да ми го издаде боледувањетто дента кога ќе го отворам, меѓутоа гинекологов тврди дека не може да го издаде додека не се породам. Дали некпј знае како е точно дали стварно не може да го издаде, како е по закон, ми прават стресови пред крај?
Zakonski e 28 dena pred termin shtom vlezeh vo 9ti mesec, ali mozesh 1 nedela od opst maticen da zemes boleduvanje i odmor za da si bidesh poveke vreme so bebeto.genekologot moze max da ti dade boleduvanje od dve nedeli do 32 i 33 nedela potoa samo da ti go otvori porodilnoto, Ali ti ako sakah mozes da ides na rabota i vo 9ti mesec
тоа во ред него друго ми е прашањето,гинекологот тврди дека не може дента кога ќе го отвори боледувањето еве на птимер 22ри јануари веднаш да го издаде,ми рече дека до породување може да ми даде само потврда ,а откако ќе се породам го издава тој иср образец ,но на работа ми го бараат да биде издаден од дента кога ќе се отвори ете 22ри
Не може да ти го издаде образецот пред да се породиш само потврда ќе ти даде. После пораѓај ти дава образец и си вадиш извод на бебето и носиш на работа. Така е постапката за сите нека си се информираат кај тебе на работа.
Женски , знаете ли дали има нешто ново во законот дека треба да си 8 месеци пријавен за да имаш право на породилно ?
Немам слушнато дека има измена во законот дека сега е 8 месеци, но реално треба да го направат така бидејќи многу се злоупотребува само 4 девојчиња знам што се пријавија во фирми и сами си плаќаа осигурување за да зимаат породилно.
Злоупотреба??? Потполно не се согласувам. На секоја жена треба да и следува барем некоја сума минимално породилно па дури и да нема работен стаж. На што личи тоа да се остава жената на цедило без пари? А од друга страна се жалат наталитетот опаднал... Никави услови... Никаква помош...
Злоупотреба во смисла дека се прават незаконски работи. Да се пријавиш дека работош негде и сама да си плаќаш здраствено и да си пушташ плата е незаконски. А тоа дека треба да има и некаков закон и за тие жени што не се во работен однос да имаат некаков приход е сосема друго. Прегледите се бесплатни како за почеток, но треба да се работи на пречките како лекови на приватно и наплаќање на услуги иако се бесплатни за трудници од матичните гинеколози. Но пак ќе речам тоа е друга тема на муабет, а овој закон се злоупотребува и тоа е факт, тоа што го прават некои е незаконски.