Крај на мај,имам останато 18 работни дена одмор од лани(прекинат заради боледување), значи со се стариот одмор околу 25 јуни треба да се вратам
@Sofi.ja Тие 18 дена од одмор од 2019год ти следуваат и треба да се искоростат до 30.06.2020. Од 01.07.2020 следува нов одмор од 2020год
Ти следува одмор, ама ти завршува договорот. Кога си вработена на определено, нема никакво правило кое те штити, завршува договорот и толку е, без разлика дали имаш уште одмор или си бремена или било што друго. Додека ти одобрат породилно веќе си била одјавена. Мора да си во моментот вработена за да ти одобрат од фондот. Затоа те одбиле.
Вчера слушам од трудница, ќе добивала 100% плата кога ќе оди на продилно. Јас се мислев дека е 70%. Како поркиваат 100 или 70%?
Ми треба совет... Последен термин ми е 15 април, за да не го отварам породилното 45 дена пред термин, дали може матичен гинеколог да ми даде боловање 15 дена ( 01.03 - 15.03) и 15 дена од матичен лекар (16. 03 - 30.03). Породилно да отворам од 01.04. Со тоа што ќе бидам цел месец на боловање, дали ќе ми скратат 10% од плата или повеќе бидејќи имам 2 различни боловања. Благодарам однапред
Ништо не е сменето, и не верувам да се смени во блиска иднина. Нели имаше и иницијатива за продолжување на породилното, ништо не бидна ни од тоа. За близнаци е година мислам, или 13 месеци, така нешто.
Добро вечер Ме интересира кога се отвара породилно боледување и што документи се потребни? Моментално сум на одмор па се враќам малку на работа. Терминот ми е 26ти март Ве замолувам ако има некој да ми објасни? Инаку планирам што повеќе да одам на работа, секако да видам како ќе се издржува 32+2
Штом ќе почнеш на работа веројатно ќе одиш додека можеш,па после ќе отвориш породилно или ако одиш до крај ќе отвориш кога ќе се породиш. Јас треба да го отворам овој месец на 19ти, матичната рече само тука ќе дојде некој и она си отвара таму незнам како е процедурата,ама не рече дека требаат некои документи. Претпоставувам некој документ може да треба да се однесе кога ќе се роди бебето,ама некој што отварал нека каже
Одите кај матичниот и кажувате од кој датум планирате да ви почне породилното. Исто и на работа. Откако ќе се породите со отпусно од болница кај матичниот земате боледување, односно ИСР образец. Кога ќе дојде изводот од бебето, со ИСР, трансакциска и има едно барање за во фонд (не знам кој го пополнува тоа, кај мене на работа се незаинтересирани, ми завршија други) се поднесува во фонд. Јас чекам прва исплата, ми рекоа 7 дена по поднесување ќе има. Јавете се во фонд во врска со тоа барањето, може и на лице место таму да се изготвува..
Ај малку помош, дека се јавив во сметководство и поима немаат. Во јануари зедов 15 дена боледување од општ матичен лекар, па го продолжив со друга дијагноза од гинеколог уште 30 дена. Првите 15 дена паѓаат на товар на работодавачот и ми исплаќа 70 или 100%? и дали продолженото боледување паѓа пак на товар на работодавачот бидејќи се работи за друга дијагноза?
И јас имам некои нејаснотии - кога се отвора породилно? И дали во боловањето од метичен лекар и од матичен гинеколог се бројат и викендите или само работните денови?