Јас кај што идам др е приватна, и освен во тефтер нејзин никаде ништо не бележи. Матичната очи нејќам да ѝ видам, сакам да ја сменам ама нема голем избор кај нас. Може во друг град да пишам матичен?
Не постои вакво нешто. Јас си одев минатата бременост само на приватно. Кај матичната само упати земав. Никој не ме праша колку пати сум била на преглед, ниту тоа некаде ми беше проблем.
Исто и јас, матичната само за упати и еднаш брисеви направив кај неа дека бесплатно. Иначе не ме тераше да имам прегледи кај неа ниту пак мајчина книшка имам
Не мора воопшто кај матичен да идете, ама за породилно да се земе од фондот бараат потврда за уредно водена бременост, или тоа што порано било мајчина книшка. Сега книшка нема, само 1 лист е. Можеби може и приватен гинеколог да го даде, тоа не знам, ама сигурна сум дека таа потврда е неопходна за да може да се земе исплата од фондот зошто таму ми ја бараа. Мојата матична ми рече дека немам доволно прегледи за потврдата, па затоа донесов извештаи од другите прегледи, таа си ги запиша во мојот картон за да собере вкупно 10 и потоа ми даде потврда.
Во фзо бараат ова!? Грешка си. Плус за да отвориш породилно не ти треба таква потврда. За отворање на породилно треба: - иср образец (дава матичен откако ќе однесеш отпусно писмо од болница); - извод од матична за бебето; - трансакциска сметка. Никој не бара потврда за уредно водена бременост. Кој ти го побара тебе тој документ?
http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Fil..._plata_poradi_bremenost_i_ragawe)-ZLP-OVL.pdf Еве го барањето на породилно од фзо. Никаде нема такво нешто. Мене ми дадоа само потврда за првородено дете. Ваква потврда никаде не сум давала.
Ми бараа на две места, знам дека имав 3 копии кога поднесував документи, а ми остана само една. Поднесував во фонд, социјално и општина. Можно е да било за еднократната помош а не во фонд, ама дефинитивно ми требаше тој документ за пари да земам. И матичната кога ми го даде истото го рече, без ова пари не можеш да земеш.
Еве јас зедов И од двете места. Јас мислам дека некои доктори си измислуваат гачки затоа што така ги обврзуваат пациентите да идат на прегледи (читај, да плаќаат ехо и сл.). Не може во иста држава и град да има различни правила.
Епа јас не дека одев на друго место, него не бев кај матичната дека бев во мегувреме на скрининг, и таа дигна врева дека немам доволно прегледи. И реков дека имам правено во мегувреме, и рече донеси ми извештаи иначе нема да можеш пари да земеш. Не беше дека она ќе ми земеше пари, ама рече дека мора да си ома запишано во картон за да потпише за уредно водена бременост. И онака освен за крв и брисеви, друго не плаќав (тие беа на приватно, иначе и тие се бесплатни).
Да нема забуна, може и треба да има механизам да мора да се оди на прегледи. Ние тука не сме баш репрезентативен примерок, сепак има мн што не одат на редовни гинеколошки прегледи. Ако не се лажам од Скопје си. Мене во ниту една институција не ми барале таква потврда. Имав потврда од матичен за во мтсп, ама тоа беше дека ми е прво дете.
zdravo, jas sum od tie "vrabotena" so vrski i sum vrabotena od 01.02 taka da do krajot na 8mi mesec ke bidam porodena i ke imam napraveno 6meseci raboten staz neli, sega me interesira dali e potrebno da bidat 6meseci? bidejkji nekoi mi kazaa deka isto napravile 6 meseci no ne im isplatile. isto taka ova mi e prva rabota kako shto sum prijavena, pa me interesiraat iskustva da ne plakajm za dzabe, i isto taka me interesira dali kolku shto ti e platata tolku ti e i porodilnoto?
Искрено и јас сум во иста ситавија и мојот работодавец се распрашал и првите 6 месеци ако одиш на патолошка ти ги исплаќа он придонесите бидејќи така државата се штитела а после шести месец си спаѓаш под терет на социјално исто така и кога ќе се породиш мислам дека зимаат просек од последните 12 месеци за исплата
6 месеца мора, еден ден ако е помалку, нема да добиеш породилно. Имам кумашинка што се породи неколку минути после полноќ, буквално си фати породилно за неколку минути.
Просекот од 6 месеци колку што си ја земала платата, затоа во некои фирми пред да оди на трудничко им ја качуваат платата за да земат повеќе кога ќе бидат на боледување
Се собираат платите од сите месеци и се дели со толку месеци колку што си пријавена (мин. 6). На тие што работат подолго се зема просекот од минатата година. Јас 3 месеци од тие 12 земав пониска плата, па сега и породилното ми е малку пониско од моменталната плата бидејќи тие 3 месеци го смалуваат просекот
Здраво, ми треба инфо, доколку некој знае. Терминот за пораѓај ми е 23.03., моментално користам одмор а имам од одморот уште 16 дена кои би сакала да ги искористам па после да отворам породилно(17.03). Матичната рече може дури и на денот на пораѓај да го отвориш и од тогаш имам право на 270 дена породилно. Ме буни што друга трудница ми рече дека џабе ке го отворам покасно, секако ке ми се рачуна како да ми почнало од 25дена пред термин, т.е ке мора да се вратам на раб. кога бебето ке биде 8месеци некаде. Ве молам за совет доколку некој има искуство и знае. Поздрав
Не слушај секој. Таа трудница поима нема што зборува. Породилното тече од кога ќе се отвори. Можеш на ден на пораѓај, можеш и порано.