Изгледа не сакаат да и пуштат плата за ден два да не им го квари месецот. Свашта. Не. Само од фирма што земаш се рачуна. И јас помислив на тоа, но пак може да и направат проблем бидејќи до две недели боловање паѓа на терет на фирмата пак ќе треба они да и исплатат, а не сакаат оти сакаат да ја одјават. Само така може да ги испровоцира и да ја одјават па да не може да си земе и поридилно. Најубаво да се договориш да им ги платиш ти тие пари што треба да ти ги пуштат ептен ако нема разбирачка.
Јас плаќам како занаетчија 5700 некаде, за дооел повеќе е ко што знам. Пред да го качат минималецот кај нас беше 5471 денар .
После патолошко боледување, може да се користи одморот, па да се отвори породилно? Или мора од патолошка право на породилно.
Ako i zavrsuva dogovorot na opredeno vreme ne e zastitena. So istek na dogovor moze da ja odjavat. Toa vazi za na neopredeleno.
Мила дали се однесува ова за здраво дете или не дај Боже за болно детенце?Ако можеш да ми пишеш кога ќе дознаеш.И како иде рабоѕава во вонреднава состојба.Јас треба да се вратам на работ 6.4.ама мало ми е за оставање.Фала ти
А се знае што документи треба да се извадат и од каде? Мене на 8ми мај ми завршува на работа од 11ти треба да почнам. Се надевам да потрае барем и мај да поседам дома себично е знам.
Здраво Да ве прашам, денес ги поддадов документите во фонд за породилно, кога одприлика да очекувам средства?
Едно прашање, за породилното, потребни се само 6те месеци стаж (минимум) од кога сме осигурани/пријавени во аврм или се смета и да е помината 6тата плата со придонеси? Знаете ли??
Треба да имаш стаж минимум 6 месеци до терминот на породување. На пријателка моја и пуштија после 2 месеца. Не знам зошто. Ама си зема дупло парички. Кажуваше дека имало 3 групи. Едни добивале на почеток на месец, други на средина и третата група на крај на месец.
Од кога ти е отворено породилното? Јас зедов по 10тина дена откако однесов документи. Баш се изненадив дека брзо беше
Сега ќе треба ли нови потврди да се вадат од матичен? Мене од фирма ми рекоа боледување да извадам за април месец дека давале генеколозите а знам дека тоа нема врска само им го продолжија на тие што веќе им истече породилното.
ама породилното отсуство го дава гинекологот како боледување. Ако се сеќаваш кога се вадеше породилно. Сега ваљда е исто. Само како да знае гинекологот колку време ќе трае тоа продолжено породилно
Јас сум 32 недела бремена рано ми е за породилно ама преку фирма сакаат да одам преку фондот а тоа не е изводливо рано ми е уште има уште цел месец ама не им се докажува
Здраво, имам прашање ако знае некој да ми одговори. Породилното ми е отворено од 23 март, уште не сум породена, се надевам неделава ќе бидне ме интересира од моментот кога ќе аплицирам во фзо дали 9 месеци ќе ми исплаќаат или во мојов случај помалку затоа што ми е отворено порано благодарам