1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во Државна или Чаир?

Дискусија во 'Бременост' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Не би одела во приватните клиники затоа што се многу скапи. Што мислите каде е подобро? :^)
     
  2. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    јас со двете се породив на клиника и преживеав :D сега плус има нова зграда и условите се многу добри .
     
  3. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Слушам во новата гиникологија ,бебињата сами излегувале ич не болело :D .
    Јас затоа таму ке се порагам ,ах кога ке дојде што побрзо само да биде ,инаку не би дала пари за во приватна клиника како и да е и таму јас ке рагам нема некој друг место мене ,спреми се кај и да одиш да ја издржиш болката која ке трае еден ден за истата да се заборави кога ке го имаш бебето во раце.
     
  4. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Мамички јас се породив во новата ГАК односно државна.
    За чисто се води рачун за хигиена на ниво, што читав дека не било случај порано, иако во предпородилна соба видов две лебарки(таму нема храна воопшто и се чистеше постојано, значи не е до негрижа на вработените) Во собите кај родилките и бебињата е чисто по два три пати во ден се чистат купатилата и собите се пребришуваат.
    Скоро сите соби се за по две родилки и еден тоалет, освен ако не сте 'среќливка' како мене па да се бидете во единствената соба каде што има 6 кревети и еден тоалет.
    Од персоналот во глобала сум задовлонa педиатрите , акушерките, сестрите за бебината се кроектни и љубезни.
    Не ми се допадна тоа што не му даваат на таткото да си го види бебчето до излегување, не дозволуваат ни преку стакло, али и тоа си е со оправдана причина.
    И друага работа од која не сум задовлона е што не даваат епудирална, иако имаш право да си ја побараш и добиеш.Јас маки изнамачив и многу неиздржлви болки имав, не ја добив, али тие што си имаат врскичка ке си ја добијат.
    И совет од мене е дури не ве фатат силните болки на 5 минути не одете на болница, само уште повеке псхички и физички ке се измачите во предпородилна сала, ке си ја изгубите силата за рагање.
    Со лесно на сите да ви е.
     
    На Bisera123, SamovilkaH и MacenceEna им се допаѓа ова.
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    ДеМело
    нека е живо и здраво бебето :* :* Ете добро си поминала Баш ми е мило :* :*


    ИнаЧе јас сум срекна за тоа што нема да се породам во Македонија , знаејки во какви услови се нашите болници . Не зборам за приватниоте (таму секако е на ниво ама па и затоа е скапо )
    Јас оваа недела ке идам да се пријавам во болница за порагај .Ми објаснија ако сакам може да добијам епудирална Ако болките се неиздржливи. сопругот мој ке биде со мене во соба.Зна'Чи јас бебето и сппругот ,Се допака плус за тоа 40 евра. И плус како што викаш кога ке поЧнат болките да бидат на секои 5 минути тогаш и да се замине во болница . Додека се поретки подобро е да се остане дома , можеш со топла бања опуштање, да се спреми торбата за болница итн :) :)
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Баш ме мачеше тоа прашање кога треба да се оди накај болница, затоа што слушам и читам дека и покрај тоа што имаш болки те враќаат од болница со образложение дека ти е рано. Значи треба болките на 5 мин да ти се појавуваат. Хммм... Тоа колку дена мачење е отприлика? :) Мислам од првиот ден кога ќе ти се појават контракциите. Или индивидуално е?
     
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Се е индивидуално ,мене и со двете деца кога ми почнаа болките ми беа на 5 минути,со тоа што со син ми се породив за15 саати ,а со ќерка ми за 9 саати(одкако ми почнаа болките),и со двете со царски зошто не можеа на крај да излезат. :D
     
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Ајде искуства од други мамички.. :D Има такви на кои лажните болки им почнале неколку дена/недела пред самото пораѓање?
    Што е со искуствата од нашиве клиники?
     
  9. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405

    Затоа и пишав чекајте да ви бидат болките на 5 минути.
    Ние со мажот ми на рутинска контрола на цтг отидовме на 17 вечерта , кога ме гледа докторката ми вика ти си 4 отворена и цтг покажуваше котракции ајде за горе си ми вика нека ти дадат спавача.Ајде бидеки блиску живееме и не осекав големе болки ја замолив да отидам до дома да си се средам да си земам торбицата.
    Отидовме дома со мажотми си ја доспремив торбицата си изгледавме едно филмче и се вративме по неколку саати,ме зедоа горе али цела нок во предпородилна бше вистинско измачување.Одма до пордилна е родилна се слушаат сите пораѓаи , како викаат тие што биле до тебе уште поголем страв ти се набива.
    Утрото , ситацијата ми беше непроменета исто контракции имаше и исто толку бев отворена.Психички веке бев преморена , гладна ненаспана знаев дека уште еден ден нема да биди и со триста молења ги замолив да ме пуштат дома да јадам да се одморам бидејки нема да имам сила да се породам.Па ајде на своја рака се потпишав и си отидов дома.Дури вечерта во 12 почнаа силните болки прво на 15 минути да ми доагаат до кај 2 саат и во 2 саат заминав на болница со котракции на 5 миунути.На прегледот докторот ми го пукна водењакот во 4 и 30 сабајлето со породив.
    Ете тоа е моето искуство.
    Кај секој е индивидуално.
    И да не се плашите мамички, вистина болките се големи, јас сега се чудам самата на себе како ги издржав тие болки, али кога ке ви го стават малото душиче на гради се се заборава.
    Со лесно да ви е на сите.
    НАјбитно е бебчето и вие да сте добро, болките и порагајот се забораваат.
     
  10. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    и сега...? чаир или GAK?
     
  11. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Мислам дека никој не може да каже каде е подобро во Државна или Чаир ако не ги искусил и двете. Еве јас не можам да кажам како е во Чаир, кога не сум имала искуство таму. Се е индивидуално, кажав и во Породилните приказни, јас немав многу големи очекувања од ГАК баш од тие муабети што ги слушав, и затоа не бев разочарана. Можеби затоа што лесно и брзо поминав на пораѓајот искуството е позитивно.
    Кога ќе ве префрлат на одделение, ви го оставаат бебчето и вие сами треба да се снаоѓате, ама ако ви затреба помош ќе викнете 'Сестраааа' бидејќи вратите се отворени и ќе наиде некој да ви помогне. Целиот персонал беше коректен, има визита за мајките, визита за бебињата, сестри по два пати ви мерат температура и притисок, бебињата од сабајле ги земаат за преглед, неколку пати ве посетува една сестра за пресоблекување, друга за доење, влегуваат болничарки за постелнина и спавачи, тоалетите се чистат редовно. Кога пак би раѓала пак би отишла во Државна. :D
     
    На roza102 и pepita82 им се допаѓа ова.
  12. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    мене искрено не ми е толку став од самиот чин колку ми е страв дека таму сама и уште ми фали да се некои дрски има уплав да фатам... затоа си прашувам каде е подобро засто искрено многѕ ми е страв :)
     
  13. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    И јас имам позитивно искуство со Гак. Акушерките не беа премногу љубезни, ама ги разбирам. Не можат да сочувствуваат со сите мајки таму на пораѓај кои викаат и плачат цело време (меѓу кои и јас). Луѓето отрпнале. Кога ќе се породите е носат во соба со 2 кревета и посебно вц. Се е чисто, убаво и ново. Сестрите се многу љубезни и фини.
     
    На roza102 и pepita82 им се допаѓа ова.
  14. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Се согласувам со Мајјја истиот случај потполно бев и јас , немав очекувања баш од тоа претходно што сум слушала за ГАК ама супер поминав ,само мене ми беше срам да викам а искрено и немаше потреба од плачење и непотребно викање ја слушав бабицата и таа беше многу коректна , е откако ке те симнат доле ако ги вникнеш доагаат одма ,фини беа сестрите ,сеа боже мој не можат во раце да не држат ,али како се надевав добро поминав и здравје пак планирам на ГАК и знаете какое додека не искусиш на своја кожа нема да знаеш како е ;)
     
    На roza102 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Јас одлучив во Чаир.Искрено највеќе заради врска, а и сметам дека таму има многу подобар кадар од ГАК.Барем така викаат оние кои се пораѓале и во Чаир и во ГАК..Имав прилика во Чаир да отидам на ЦТГ и тоа во недела, во една просторија, мислам приемно беше, и додека јас лежам, пред мене прегледуваа вагинално други бремени, тие викаат, овие сестри, докторки уште повеќе им викаат..Мириса лошо..Јас лежам на ЦТГ и плачам тивко.Многу лошо искуство.Ме утеши снаата дека горе на спрат не е така, многу е покултурно и почисто.
    Бев 2 пати на контрола во Систина и тоа е болница на ниво, услуга на ниво.Само навистина цените им се прескапи.Тие пари на книшка ќе му ги ставам, на море ќе го однесам 2 месеца..За неколку дена ќе издржам.
     
    На germanikus му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Во државна таму ми се врските :)
     
  17. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    787
    јас сум во чаир требаше и јас со врски но дека порано докторот е на одмор и сама си бев и што знажм онака е не е нешто лошо ама не е ни ептен сјајно
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Најбитно е дали и што ќе очекува родилката. Прво треба да ни биде јасно дека никогаш државното нема да биде како приватното.
    Втора битна работа е врската, реално со врска секогаш поинаку човек ќе биде третиран, но :!: само од страна на докторот(или сестрата, зависно кој е врската), од другите третманот е ист.
    А трето, гледајте само да се олесните што по брзо , а и да си отидете дома за на раат да си се гушкате со бебушот.
     
    На pepita82, silk и LaChiquita им се допаѓа ова.
  19. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    ниту во едната ниту во другата клиника имам врски по се изгледа ке одам како и првиот пат со верба во бога само ,што ми преостанува друго ,првиот пат ми ги слушна господ молитвите ,сега пак ке се молам :) (почнува да ме фака страв ама тоа е )
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  20. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    78
    Jas idam vo Cair epten ja falat poveke se grizele baska ke odam so carski ke treba pomos od sestrite i so gospod napred sto vikaat kako vleglo taka mora da iskoci :lol: :rofl: