1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во Државна или Чаир?

Дискусија во 'Бременост' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. Gossip-B

    Gossip-B Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    33
    Некако слабо понови искуства во Државна и Чаир,а баш ме интерсира :lol:
    јас најверојатно во ГАК ќе се пораѓам имам врски за кај Тантуровски па би сакала повеќе мислења од вас :D
     
  2. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Убаво имаше кажано во еден коментар ако немаш врски џабе ти е и чаир и државна. Јас немам никакви врски ама се надевам дека убаво е сега во државна нели е нов делот и опремата па не би требало да е лошо, А доктор си е доктор нивните односи кон пациентите не ги знам.
     
  3. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Јас се породив на ГАК немав никави врски, и поминав убаво. Единствена мана ми беше што креветот беше лош :D .
     
  4. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    И јас така планирам сега би требало да обрнат повеќе нега за мене и беба а за креветот ќе издржам битно беба да ми е здраво и право а јас ќе се воздржам од луксуз. Сигурно немале средства и кревети нови да стават. :)
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.944
    Допаѓања:
    35.813
    Пол:
    Женски
    Јас го напишав тој коментар. И навистина е така. Ако немаш врски на ГАК или во Чаир, џабе ти е. Треба само среќа да имаш за да поминеш добро. Така беше во мојот случај. Немав врски, а добро поминав. Не беше кој знае колку добро, ама беше ОК. Тие што имаа врски поминуваа многу подобро.

    Мојата кума се породи лани на ГАК (во новиот дел) и е многу задоволна. Собите биле чисти, во секоја соба имало по едно купатило. Чистачките доаѓале по 2-3 пати на ден за да ги чистат собите и купатилата. А и односот на сестрите и докторите бил во ред. Јас мислам дека тоа е така затоа што сега имаат подобри услови за работа.
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Здравје кога повторно ќе бидам бремена дефинитивно повторно ќе одам во државна
     
  7. Sunshine3

    Sunshine3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    215
    Се пораѓала ли некоја мајка во реновираниот дел на Чаир? Јас пред 5 години се пораѓав во стариот дел, иамв земено апартман да бидам сама во соба, сега конкретно ме интересира како се собите, дали се пак со 5-6 жени или ги имаат направено како во државна само со 2 кревета?
     
  8. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Јас решив да се пораѓам во Чаир. Се надевам дека донесов правилна одлука. Една колешка се врати од породилно и баш ми раскажуваше за тоа дека се пораѓала во Чаир и дека супер поминала. И ми рече дека безразлика дали имаш некој човек или не супер бил персоналот. И дека докторите биле добри и спремни. Сега со Господ напред па ќе видиме како ќе биде во јуни.
    И сакав да прашам некоја тазе породена мама да се пораѓала сега брзо во Чаир, некое поново искуство? ;)
     
  9. blesava86

    blesava86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    8
    Јас се породив во јануари во чаир,иако имав некоја врска сепак беше се ок.Е сега во соба бевме 5амаусловите се супер секој ден ни менуваа спавачи и постелнина и ако ти треба нешто сестрите се тука.
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    131
    И јас се породив во чаир и сум задоволна. Имав врска ама и без врска се проаѓа добро. Се менува секој ден спаваќа, постелнина, нонстоп се чисти, а и персоналот е одличен. Има соби за двајца и за петорица, у глобала се е ново (мене бар така ми изгледаше) и има некаков ред. Е сега се осеќаш ко да си во карантин бидејќи апсолутно никакви посети не се дозволени што од друга страна можеби е и добро (здравствен фактор...вируси, бактерии) Се на се, одлична установа
     
    На LadyC и Agrona им се допаѓа ова.
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Agrona според одбројувачов твој ние може и да се сретнеме во Чаир :D

    И јас решив за Чаир, слушнав многу искуства плус другар-гинеколог ми препорача таму, ради ангажираноста на персоналот, бидејќи според него во државна било општ хаос, имало премногу персонал а не се знае кој-што работи. Инаку немам никакви врски, а не се ни замарам околу тоа. Едино ме ужаснува помислата на вц-то во Чаир во претпородилната кој бил во стариот-нереновиран дел (според некои било многу грозно)...па како ли ќе седнам таму после добиена клизма :worried:
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sunshine3

    Sunshine3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    215
    Јас пред 5 години се породив во Чаир, можам да кажам дека сум многу задоволна, особено деновите после породувањето. Сестрите таму стварно беа супер, условите исто супер, јас имав земено апартман и бев сама во соба со телевизор, фрижидерче, свое купатило, имав бањарка, неколку спавачици, чисти чаршави, стварно се беше супер.. .. Е сега во претпородилна, од тука не сум воопшто задоволна, особено од односот на сестрите.. Имаше некои млади сестри албанки кои се мислат дека се незнам којзнае кој фактор у болницава.. Имаше некои жени што малку погласно си кукаа на болките, а овие им се издераваа.. И така јас тука со болки, околу 3-4 прста отворена, осеќам дека ми треба клизма и и викам на сестрата дајте ми клизма, таа нешто ме изигнорира.. После пак кога дојде, пак и реков за клизма, и таа дрско нешто ми се обрати дека она ќе ми дала кога мисли дека треба, а не јас кога ќе и кажам.. И јас така си останав, верувате ли мислам дека за инат не ми стави, дојде сабајлето друга смена, имаше една постара сестра македонка, мене само што ми го пукнаа водењакот на 8 прста отворена, и јас и кажувам на сестрата мене клизма не ми ставија.. Таа се зачуди како не ми ставиле, и веднаш ми стави, ама од јаките болки јас неможев да ја држам водава и правац у тоалетот тргнав.. Сестрата ми вика почекај малку барем 2 минути, ама тоа нема шанси да се издржи со јаки болки и си отидов у вц и си ја пуштив водава назад. WC-то приказна сама за себе, стварно прилично лошо, значи хартија во него немаше, па ви препорачувам да си носите една ролна со себе, јас сигурно ке носам.. Пошто бев скоро 12 саати во предпородилна, го посетував тоалетов неколку пати, и на секое одење крадев по малку тоалетна хартија што сестриве ја оставаа до цтг апаратот со кој не мереа.. Шољата онаква гола, без даска, наоколу расфлани хартии, во ходничето пред тоалетот имаше една голема корпа со крпи, пошто кога ни го пукаа водењакот ти ставаат една крпа мегу нозе за да не течеш.. И после некое време од клизмата, изгледа малку проработе, и отидов у тоалет, и тогаш знам немав хартија, се избришав со таа крпата, ја фрлив во корпата со останатите крпи и отидов кај сестрите си побарав нова крпа.. Плус, со тие болки кога одиш во вц неможеш стоечки да вршиш нужда над шољата, знам седнав на неа и си мислев којзнае колку инфекции ќе закачам тука.. И на крај затоа што клизмава не ми беше толку успешна бидејки многу касно ми ја дадоа, на самото рагање на бокс, бидејќи кога стискаш, стискаш со тие мускули како за по голема нужда, знам дека ми излезе малку измет ама тоа изгледа се случува често зошто сестрава одма зема со една хартија ме избриша.. Затоа за следново пораѓање, како што реков планирам да земам една ролна со хартија со себе, и исто планирам чим почнат болките уште додека сум дома да си ставам од тие чепчињата за клизма (тие што се пораѓаат во државна мислам им викаат сами да си донесат такви од дома- барем пред 5 години таму не прочистуваа со клизма) па поголемиот дел од ова прочистувањево да си го завршам дома, а после таму пак нека ми стават.. И леле ако ми се погодат пак некои такви дрски сестрички, овојпат има косите да им ги искубам, ќе бегаат од мене! :D
    Се извинувам може малку бев детална во постов, ама тоа беше моево искуство, знам дека ќе сакав ова да го знам пред првото породување..
    Со лесно нека ни е на сите!
     
    На Kitten и Agrona им се допаѓа ова.
  13. blesava86

    blesava86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    8
    Вецето во предпородилна е во новиот дел и е топ,а паталошка е во сѕариот дел и е хорор среќа што бев таму само два саати
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    802
    Јас се пораѓав во старата зграда во Чаир вецето стварно беше заникаде ама кога ќе ти ја стават клизмата па и од болките нема да гледаш каде одиш само ќе сакаш да се испразниш :lol: , сега здравје и за ова ќе одам таму па ајде може ќе се начекаме :D
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  15. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Идни мајки јас во март се породив во државна и ќе ви го кажам моето искуство а судејќи и по изјавите на другите родилки што ги запознав исто како 5 други ова да ви го кажале :(
    Демек имав врски ама се погоди во недела да се пораѓам, малјку персонал, врската не беше на работа па се јави на дежурниот колега кој само еден преглед ми направи и после тоа лично слушнсв кога рече каква моја пациентка, ми се јавија за неа ама не можам да се замарам, 24 саати сум на работа....значи и да имате врски ако не се на работа ништо. На патолошка е чисто и фина се погоди дежурната сестра. Кога ме ставија на цтг во предродилна сала немаше кој да дојде да ме види еден саат иако викав како луда зошто на мониторот покажуваше дека паѓаат тоновите на бебето а уствари не била добро наместена плочката со која се мерат истите. Да не должам персонал катастрофа, сите по 25-27 години. Кога ме однесоа кај родилките очекивав ново и почисто....лебарки пак шетаа, вецето беше страшно, ама не го ни чистеа....Инаку за нечистотијата колку се криви тие што не чистат толку се криви и родилките ( барем од тоа што го видов од моите цимерки). Еднаш ми го земаа бебето да примело терапија- антибуиотик и иако сто пати прашав зошто прима терапија никој ништо не ми кажа и ме пуштија и пак ниту еднаш не се видов со педијатар. Ааа да кажам и дека немаше празни кревети па прво ме сместија еден спрат погоре- перисталтика или така нешто се вика и додека да отидам кај родилките и додека ми го донесат бебето поминаа 24 часа а јас немав никаква информација за него..инаку немаше бебе кое не фати некаква инфекција....
    Сепак мајки за нула денари тоа е тоа :D
     
  16. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Ааааа Леона, не е за 0 денари. Здравствено си плаќаме ние, ама они ни го рачунаат како да е без пари секако. Кога нема пара на рака,никој не те рецка ;)

    Јас се породив пред 15 месеци на ГАК. Во глобала можам да кажам дека сум задоволна, дури и се изненадив позитивно...очекував хаос,ама не беше лошо,стварно.
    Лежев 5 дена на патолошка доле, три бевме во соба, вецето го чистеа секој ден, чаршафи ни менуваа редовно. За спавача беше малце борба,ама јас и од дома си понесов, па си ја носев таа, никој не ме примети, па затоа и ми ја собраа болничарките едно сабајле :D
    Единствено што ме нервираше беше што не будеа во сред ноќ за на ЦТГ, во 3,4 саат сабајле, ама па ни коментираа дека не сме дошле во хотел,него на раѓање, па и тоа им го простив :D
    Провокации и клизми они ни ставаа, не си носевме од дома ;)

    Е во претпородилна (иако се задржав само пола саат), беше друга песна. Не зборам за хигиената, со тие болки не ни загледав.Проблемот беше што ме оставија сама, без никој околу мене, ни родилка имаше, ни сестра ни доктор, па јас практично сама се породив.

    Во собите после породувањето беше ок, бевме две во соба, со телевизор и веце, редовно ни менуваа постелина ама тоа ради визитата го правеа. Спавачите не ни ги сменија ни еднаш, цели бевме крвави. Лебарка не видов :lol:

    За односот на персоналот...па незнам што да кажам, немав непријатно искуство со никој, само што многу често им се мењаа смените, многу луѓе циркулираа, па пројди-замини брцни два прста. :D Ете сега и тоа се заборави.

    Во целина....солидно искуство си имам.
     
  17. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Мислев нула денари во моментот:) сега во секоја соба имаат додадено кревети плус а јас бев во соба со 6 кревети одделени со еден ѕид, значи едно вц на шест жени. Секако во споредба старата болница е подобро ама ако вочку се смениле условите од пред 15 месеци значи брзо ќе се вратат старите:)
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.944
    Допаѓања:
    35.813
    Пол:
    Женски
    И вториов пат решив да се пораѓам на ГАК. Само што, овој пат ќе се пораѓам во новиот дел. Се надевам дека пак ќе поминам добро. Првиот пат бев задоволна. Не беше којзнае колку добро, ама беше ОК.
     
  19. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Само што помислив дека веке решив, овој пат изборот да биде чаир, што од мое искуство а и читајки ја Агрона и уште неколку други......ама пак дилема. Пред една недела се породи моја пријателка која една недела пред да се породи беше на патологија во чаир(лежеше неколку дена) и беше згрозена од се таму(а сакаше и она да се пораѓа во чаир) и затоа отиде на ГАК, пораѓај како пораѓај поминал нормално, 2 дена лежела таму. Презадоволна од се, собите се со по 2 кревети, купатило и телевизор, хигиена на високо ниво, по неколку пати на ден им го чистеле купатилото, редовно менувале чаршави..... се на се презадоволна. Знам дека имам уште доволно време за размислување, ама некако дилемава се поголема. Што мислите вие? Се пораѓала ли некоја скоро во чаир во новиот дел? Како е таму?
     
  20. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Јас решив и правев и муабет денес со матичната здравје боже со господ напред,ќе се пораѓам во Чаир од многу искуства на мои блиски кои сега брзо се породиле таму и се презадоволни од аспект на тоа,што и матичната ми ги фалеше дека се супер професионални и она имала работено таму има искуство и имам добри врски за таму решено е,ќе биде таму за Гак во последно време сите што биле не слушнав нешто добро,дури и ми кажаа дека лебарки им шетале во собите поздрав ;)