Не никако Струмица, бараат мито. За женава за која јас пишував, го потресоа мажот и дека критична и е состојбата, а се било нормално, само сакале да му земат 200 евра. Ја пораѓаа царски. Докторот сам си кажал дека се ќе биде добро ако мажот плател 200 евра. Потоа и сестрите барале по 50 евра и пици сакале да им порачува бидејќи добро се грижеле за жената..
Не го знаев ова ама слично е и во Штип, сум слушала разни приказни од познанички и една другарка студираше медицина таму, па идеше и во породилна сала. Разгледај ја опцијата Велес, прочитај ја породилната приказна на Дикинзи, она задоволна беше од се друго ама кога прочитав како бебето и било гладно наредните денови се испотресов. Ако успееш да стигнеш до Скопје мислам дека Чаир е најдобар избор. Како и да е, имаш време.
Па може сум сфатила погрешно. Ама значи секако прво со упат се оди, па веројатно после си се договараш со докторот.
Јас се породив во Чаир, пред 7 месеци. Е вака сеа, ја имав врски ама и да немаш мислам дека процедурата е иста за сите. Кога ќе влезеш во 9ти месец си одиш во Чаир на преглед, ти прават цтг, те гледаат на ехо и ти кажуваат инструкции за понатаму. И јас не сум од Ск, отидов еднаш на цтг после си идев на цтг кај матичниот и бидејќи мене ми измина терминот (10.06.2019, се породив 19.06.2019) од 10ти, натами идев на секои два дена на цтг и на 17ми ме примија на патолошко (откако ќе помине една недела над термин те примаат секако со или без болки). За доктор конкретно не бирав. Ми се погоди Пранвера на смена. На прегледи бев кај Бајалски, Кировски, Шпишиќ кој како ќе се погодеше. Ама се на се, сите се ок и стручни така да немој да се плашиш
Болницата кај што ке раѓаш си прави сама упат. Значи те фаќаат болки и одиш каде сакаш, па болницата си формира упат. Од искуства од 2,3 пријателки што не отидоа ни на цтг
Разлики мал милион. Само да знаете дека и двата пати се погодив на дежурство, појма немав кој ќе ме пораѓа. Прво во Чаир целиот персонал е културен и полн со разбирање за се! На ГАК бев третирана како да сум партал. Чаир хигиената е на ептен високо ниво, ГАК е доста нечисто (бебето ми го пуштија со инфекција и антибиотик). Чаир имав помош не само за станување туку и за бањање (природно породена), ГАК не се сеќавам воопшто некој да дојде да ми помогне да станам. Во Чаир на бебето едно сабајле во 5 саат дошла сестрата, а јас сум спиела и го земала да му даде вештачко млеко. Јас се будам, гледам го нема бебето, се вртам на другата страна и гледам не само што му дала млекце, туку го држеше во раце за подригне - без да ме буди мене за да се наспијам. На жената што беше со мене во соба, бебето и плачеше, па му донесе сестрата специјално за мешето некој раствор за да му се смири стомачето. Значи не се споредува. 100 да раѓам би раѓала во Чаир. Буквално како приватна болица се.
Врска немам, жена беше, докторка - албанка. Треба да видам некој ден по тоа документите со кои ме пуштија
има ли некоја женка што користела апартман на ГАК да каже како оди плаќањето, односно дали точно 5 дена се бројат или помалце/повеќе?
Јас во Чаир се породив и можам да кажам само пофални зборови за целокупниот персонал таму. Многу се културни, професионални, грижливи и се се нај нај за нив ќе кажам. Докторите сите им се стручни па дури немораш ни да договараш со некој посебно а ете ако веќе ти значи тоа др Лазар Кировски е еден од повозрасните и поискусни доктори па пробај со него ако можеш да се договориш. А од први симптоми до пораѓај имаш доволно време без паника и брзање да се извозите до Скопје, за тоа да не ее секираш многу и да не се стреснуваш. Бебето нема одма да излезе, за се си треба време
Зошто ќе ти е апартман? Верувај дека сто пати подобро е да си со други мајки во соба. Сеекогаш ќе ти се најде некоја од нив за да споделите искуство, да си помогнете итн.
Има соби со по две жени, а мислам има и со по шест жени во соба. Не сум сигурна за второво. Со првото бев во двокреветен апартман, со второто во соба со два кревети. И во двата случаи имав цимерки.
Претежно по 2,како што кажаа и во апартманот се во 2. Мене прво ме однесоа во соба со 6 жени, се влегуваше од соба во соба,со едно купатило за сите,галама,бебиња плачат...,така што ако се најдете таму барајте да ве преместат. Мене ме преместија во соба,цимерката ја пуштија дома, цели два дена не донесоа никој бев сама,а слушав се пораѓаа жени. Дури третиот ден сабајлето пред да си одам донесоа една мајка. А од друга страна кога ќе прашаш од бокс кога ќе те преместат викаат нема кревет.