Немораш да пушташ парички, кој ти кажал така? Две деца таму имам родено, денар не сум дала, третирана нормално и човечки.
Јас пред точно месец се породив во Чаир и како и првиот пат сум презадоволна од персоналот, кога и да ми требаше нешто одма доаѓаа, спавачи во денот и по два пати ни даваа ниеден ден не лежев во крвава постелнина, бебињата ги оставаа со нас ама ако побараш да го земат одма го земаат. Секој ден ги бањаа доаѓаа на 3 часа за дохрана те прашуваат дали да дадат. Благодарение на сестрите јас научив како да дојам секој пат кога и да прашав да ми покажат и помогнат доаѓаа дури и сами ме охрабруваа да бидам упорна. Докторите кој ме породија, бабицата и другите доктори педијатрите сите коректни и објаснуваа се што те интересира. Храната солидна за болничка дури и супер. Јас стварно не можам од ништо да се пожалам.
Јас лежев 8 дена на патолошка во Чаир. Од она што можев да видам е сите доктори се прави занаетчии, значи батали како ви зборел и што ви рекол доктор. За стручноста немам коментар. Нон стоп се чистеше, сестрите постојано покрај тебе, храната така-така ама за 3-4 дена се издржува. Милион пати боље од клиника, каде студенти доаѓаа да се учат на трудници.
Ќе си платиш ако си одбереш доктор и ако сакаш он да те пораѓа и да не е на смена.. а ако отидеш без договорен доктор и те пораѓа тој што е на смена ништо нема да платиш
На ова и мислев бидејки бараше мислење за доктор и врски тоа беше прашањето па затоа кажав за парите, а ако отидеш така сигурно нема да те остават. Ќе те породи било кој.
Ако сакам да ме породи на пр.Илиевски ,а тогаш не е на смена , разбрав дека земаат некоја цифра од 200 евра за да дојде , да не ме пораѓа тој што се погодил на смена .. или погрешно сум разбрала..??
Па така е. А зошто да бараш доктор кога не си ни сигурна дека на крај тој ќе те породи? Може нема да стигне. Особено за природен пораѓај мислам дека немаш потреба да бираш доктор. За договорен царски ајде де, ама за природно не знаеш кога и како ќе се деси, непородена не те оставаат, како сите така и ти
Па јас сакам природно да се породам уште ми е рано да ми кажат дали ќе може или не , ако при крај се види дека морам царски тогаш ќе си закажам кај некој ...ама читајќи толку мислења и искуства подобро и да не бирам..кој ми е среќата тој
Не знам кој колку и дали зема. Ако сакаш некој доктор, еве има муабети тука дека земаат пари за да дојде да те породи баш тој што сакаш. Мојот доктор што ме пораѓаше не зема пари, ама јас сум породена со царски така да навистина не знам. Знам дека сите се професионални, кој и да те пораѓа. Олабави се, не мисли на тоа, позитивна мисла и се’ ќе биде во ред.
Идни мајки, со плацента превиа тоталис ме прати матичниот во Чаир, отидов кај Илиевски еднаш во 33 и втора контрола 35 недела. Докторот сакаше да ми ја направи операцијата но поради гунгулава со Коронава и во договор со директорот ми беше кажано да одам на Клиника кај што примаат само комплицирани случаи на пр како мојов. Ме прими др. Ајла Шабани и во 36 недела рече да се појавам за хоспитализација и следење на патолошка- односно лежење таму . Ме интересира ваше искуство доколку имате и не ми е јасно дали оваа докторка ќе ме породува или некој друг. Благодарам
Ве молам за помош се изнаплакав веќе неможам ќе пукнам веќе, бебево е тоа шо ме држи силна, Нели се решив за државна да одам ама со ситуацијава со корона отпадна па реков ќе одам во велешката болница на пораѓај, имаме доктор таму, се слушнавме он вика ние немаме опрема да ја породиме ради хепатитот, немаме никаква заштита а и од корона немаме заштита. Он кажа да сум одела Чаир. И веќе незнам кај да одам, се разочарав скроз , се израсплакав. Неможам веќе, имаме јаки врски и за државна и чаир ама со коронава ми е страв државна да одам, ве молам за помош и мислење??
Мислам дека заради твојата ситуација ќе те пратат во државна, немој да се секираш имаат заштитни мерки преземено оделени се пациентките кој би имале сиптоми или се заразени од корона од другите. Ако можеш јави се или прашај ги тие што ти се врска што мислат најдобро. Ако пак имаш сретства оди на приватно.
Мислам дека нема да те примат во Чаир. Али зборни со тие што ти се врски, исконтактирај го докторот и договори се. Не паничи, ќе биде се како што треба.
На ГАК во друг дел се родилки со корона, не се сите заедно. Нема потреба да плачеш и да се вознемируваш, разговарај со докторот каде што ќе си со врски, ќе ти објасни за ова и ќе се смириш.
Јас бев на ГАК вчера, многу е строго, родилките од корона се скроз изолирани и за нив се грижи посебен тим на доктори. Не се мешаат меѓу себе докторите. Така да немаш причина за грижа, ептен е стегнато, хигиената е на највисоко ниво. Пуштаат само трудници кои мора да се дезинфицираат на влез, да бидат со маска и ракавици, мерат температура и потпишував изјава. Сите сестри и доктори се целосно од глава до пети заштитени.