Не, не јас не бев на преглед. Итно морав испитување да правам, а на приватниве не примаат со мојата ситуација. Па како ризична морав на гак.
Da ijas bev ,mn bese strogo so dezinfekcija ,ne pustaa pod kluc na rastojanie ,so tt merenje ,so se izjavi potpisuvas zastiteni bea
Ништо за гак не може немало шанси, ми останува чаир. Дај препорачајте доктор добар . Не можам да сватам на гак шо се дешава, значи катастрофа , шо ќе правиме нз, нека не чува господ сите!
Исмаили е врв доктор. А и што се плашиш кога Чаир е сто пати подобар од клиника . Е сега многу гужви има баш пред 3 дена другарка ми се породи таму. Кој има можност за приватно навистина сега најдобро е таму да се пораѓа.
Да сега сите се во чаир. Кога приватните глумат некоја солидарност зошто не ги спуштат цените за породување во овој период. Ке покажат дека навистина пациентите им се битни не парите
е да у право си. Имаше прашање вакво до министерот, ако се згужва многу со вирусот дали би излегле и приватниве клиники во сусрет на родилките.
Истoтo мислење гo делам за Чаир oдличнo е. Сите дoктoри се сoлидни мене ме пoрoди Неџепи презадoвoлна сум.
И пишав сега на новинарката Менче Точи дали ке може повторно да го праша министерот па може и ке помогнат во ваква ситуација
Браво! Значи сега труднициве сме во незавидна ситуација, на милост и немилост, ја само си викам како господ никој не е, само се молам и се надевам ќе биде се добро, ќе помине и ова со коронава лудило. Ќе се смееме еден ден на ова.
Стварно за никаде е овој период. Јас побарав упат за Куманово тука мк е најблиску а и од страв заради вирусот, ептен ако мора Скопје. Но еве денес веќе 41+1 и абер нема од болки, психички паднав веќе, мисли едно мисли друго сите прашуваат дали сум се породила бидејќи терминот одамна помина а девојче е. Сакав што побрзо да се заврши и да си бидам дома. Се грижам сега дали ќе биде се во ред, можеби со провокација ќе завршам...незнам, прво дете ми е и ме фаќа паника од секоја страна за се ...
Јас се породив пред некој ден во Чаир, строги се ептен и стручни, и гинеколози и педијатри како и мед. персонал. Е сега нема галење како во приватните ама тоа не е најважно. Најважно е исходот да е добар и мајката и бебето да поминат безбедно. Ме породи Младен Ристески-го препорачувам. Поздрав
До кај си срце, те мислам, Еве нешто најдов до 42 недела мислам дека е нормално да го носиш, сите бебиња не се раѓаат исто, кое 37/8/9 и тн, не се грижи ќе биде скоро осеќам, Само позитивно и со лесно мила! https://deca.mk/otkako-ke-pomine-terminot-koga-nadnosenata-bremenosta-stanuva-problem/
Сеуште ништо душо Се е исто, чекам. Ноќеска малку тешко спиев ме болеше кичмата и колковите но сепак нема болки за раѓање. Бебе го осеќам мрда, синоќа доста активно беше. Ти благодарам за подршката, јас ги изначитав сите работи поврзани со надносена бременост и незнам што да мислам. Оставам на Господ и бебето, се молам само тоа да биде добро, таа ми е се и нека ми ја чува па макар и со провокации или царски да завршам.
Не фаќај врски Векичка, со тој што ќе се погоди на смена 100 пати подобро ќе поминеш. Башка во овој хаос од милион пациентки, да ти доаѓа од дома уморен доктор не е во твоја полза.
Човек веќе да сполуди, да ви кажам ама ич не се замарам веќе шо сака нека бидр, на мм му реков оставам на тебе шо ќе направиш направи, ја замарај се за едно замарај се за друго мислам животот ми се скрати, ќе терам лабаво и позитивно, мозокот на лер, и да седам да мислам шо ќе биде како ќе биде нема да сменам ништо, ипак од судбина не се бега , како господ никој не е! Нека не чува сите! Веќе ни за хепатитот не се замарам, ќе се породам ќе го излечам и готово ќе заврши и тоа, се ќе биде добро , мора!!!
Од збор до збор го делам истото мислење со тебе! Јас имав врска кај др Кировски, секоја чест за него ме породи со царски,но потоа на одделение катастрофа од персонал. Детето ми прецрка за јадење, немав млеко а тие по 5 ч ги оставаа гладни. Имав ужасни болки после царскиот, едвај го држев да го смирам ама како ќе смириш прегладнето бебе?! Ми направи рани на двете дојки, упорно се трудев да го дојам и завршивме на Ад. Персоналов катастрофа, значи поужасни сестри исфрустрирани јас не сум сретнала до сега!
Честитки мајка, да сте живи и здрави. Сакав да те прашам како е со родилки има ли гужва. Пи пораѓај колку време остануваш, ако не ти е мачно за пишување и околу негата. Ќе ти бидам неизмерно благодарна за одговор