ne e poroduvanje,ama vlijaese na odlukata cair ili gak. 30ta nedela.pocnuva da povrakja vo 02h,se trudime nesto da se podobri.. vo 06h ideme vo cair ginekologija.povrakja za vreme pregled doktorot vika kje ja zadrzime.ok vo 11h mi zvoni zenata mi vika `doj zemi me`.zosto sto se slucu? `nisto,bas nisto` kako sto ja stavile vo krevet od 06h do 11h nisto ne i dale,ni infuzija.3 razlicni doktori prosle od 06 do 11h i nikoj ne prepisal ni ispituvanje ni butur. covek dehidrira koga povrakja 4 saati. na `ispis` ni pobaraa 1000 denari za bolnickiot den. oterav sve u 3 pm. toj den posle pladneto 3 infuzii doma i sledniot den uste 3 infuzii doma primase. koga prasav zosto nisto ne napravile 5 saati dodeka bese kaj niv,dobiv odgovor deka bila `pod lekarski nadzor` najs. mozebi i vo GAK e slicno,ama znam deka vo cair sigurno ne ideme. isto taka dodeka cekavme za priem,povrakjase zenava. taa od shalter 3 pati se javi gore da go razbudat doktorot, 3tiot pat malce i se razvika po telefon da se simne nekoj. koga se simna doktorot seuste imase drlki vo ocite. mujovic ili mutovic ne zapamtiv tocno kako se vikase.
Јас на 13.05.2014 се породив во Чаир. Немав никој познат, ама си поминав супер. Чисто, постојано доктор, сестрите и за мајки и за бебиња беа супер. Бевме две во соба, секој ден ни менуваа спавачи, неколку пати дневно бришеа и го чистеа WC-то. Педијатар два пати дневно го прегледуваше бебето, пред мене го соблекуваа и бањаа. Бебето беше постојано со мене, но ако не се чувствуваш добро или сакаш да се одмориш ти го земаат бебето. Со првото се породив во ГАК и беше катастрофа. Значи секој со своја среќа.
Е ова го нема во ГАК, јас се породив педијатар не видов, а па бањање на бебето и спаваќа- нема шанси.
Мирослава, ти благодарам за споделеното искуство, ми помогна да си ја потврдам одлуката дека овој пат ке биде Чаир дефинитивно, поздравче
јас се породив во гак пред месец дена и како што кажав и во друга тема веќе никогаш не би одела таму, катастрофа нечисто бубачки на секој чекор, мириса во вц мириса во соба, 6жени бевме се понасаа со нас како со животни, сестрите немаа никаков однос ниту да ти помогнат а за спаваќа и да ти сменат постелнина треба да молиш. вц имаше бигор целото беше црно и не го чистеа туку само ја празнеа кантата кога ќе се преполнеше. не шетаа од спрат на спрат бидејќи во породилно немаше место па дремевме на бокс и премрзнав потоа не однесоа кај киретажите па на 3 кај стерилизација па дури после во родилно. кога ми го донесоа синми беше покакан до шија, ми го ставија во креветчето и ништо не ми покажаа ни како да го дојам ни како дА го соблечам ништо, а педијатар ниту видов ниту дај боже а и сестрите не го бањаа пред мене бидејќи не ни беше бањат па јас си го чистев со влажни марамици. се на се катастрофа услуга ама ајде помина сепак како и да е веќе никогаш во гак
Zdravje boze jas nema da izberam ni edna od ovie opcii, tuku vo Sistina. Sum se iznaslusala uzasni prikazni i za ednata i za drugata bolnica, a i licno go vidov bebenceto na zolva mi koga go donese doma porodena vo Cair so carski, celoto crveno zar, ni ednas ne go izbanjale vo 5 dena, kutroto. Nikogas ne bi dozvolila takva tortura, ako treba ke se otkazam od mnogu raboti megutoa prvite denovi na bebenceto i grizata za nego se najvazni i ne se sporeduvaat so nisto so se kupuva. Sekoja cest na hrabrite majki koi izdrzale i uspeale da se snajdat vo takvi uslovi...
Се согласувам, спаваќа ни јас не видов иако си побарав. Таа што ми ја дадоа кога ме примаа ми беше лом од пораѓајот, па си побарав од дома да ми донесат (не беше воопшто практична за доење). Не ги бањаат бебињата, првото бањање ни беше дома, а не ни кажуваат ништо. Нити за доењето кажуваат. Јас сама пробував и се снајдов. Ама не обрнував многу внимание на тие работи. Секако потешко ми беше од болката. Како и да е, кога ќе се сетам на тие два-три дена поминати во болница, се сеќавам на нешто убаво. Тоа беа првите моменти со моето најмило.
Да споделам и јас моето искуство со Чаир, кое беше доста позитивно...Вработените се доста фини (секако, со мали исклучоци кои секаде ги има), значи од доктори до сестри, акушерки и болничарки. Собите се чисти, ги одржуваат секој ден буквално до детали како дезинфекција на полици и плакарчиња. Маана беше што не пуштаа клима, а деновите што се погодив таму беа спарни, а ако отворевме прозорец многу дуваше промаја што е лошо за бебињата. Бебето беше стално најадено, пресоблечено, еднаш дневно избањато, секоја вечер ни оставаа нова спаваќа за утредента и чаршавче со мушама кое го стававме да не протече крв на чаршавот, храната беше релативно Ок, јадевме во менза која им е нова и чиста, во соба им носеа храна само на тие со царски. Визита поминуваше два пати во денот, гинеколози и педијатри, имавме рутински контроли како мерење притисок и температура секое сабајле, па по потреба се добива и некаква терапија. Бебињата се стално до нас, по потреба ги зимаат ако примаат некаква терапија или ако се плачливи. Видов на некои им ги носеа само за подој, а мојава беше бајче, глас не и се слушаше па стално си беше до мене. Читајќи ги вака искуствата на тие што биле на ГАК, за наредно дете пак би одела во Чаир
со првото дете се породив во чаир а сега со второто во државна болките се твои каде и да се породиш,само сега со второто полесно поминав бидејки знаев што треба да правам а со првото ми се слоши додека се пораѓав
Женчиња скоро што сте се породиле во Чаир, може ли за породување да си донесам самата папучи? Минатиот пат пред 5 години ништо не донесов, ни даваа онакви кафени гумени влечки, партал беа плус све мали броеви, а јас имам голема нога па пола пета надвор ми беше.. И носевте ли телефон со себе? Јас не носев, но мислам дека имаше жени што си имаа земено.. Сега за сигурно земам некои влажни марамици и лабело да си мачкам уста, ја сум зависна од нив, прошлиот пат 11 саати без лабело, устава лом ми беше..
^^ Апсолутно ништо не ми дозволија, ниту моите папучи, се породив пред две недели. Мислам кога спомнав влажни марамици промрморија нешто као "може" ама јас во брзање не земав. Значи твоите работи ќе ти ги донесат во соба, откако ќе се породиш, јас дури тогаш ги сменив папучите. Не се надевај ни на телефон да внесеш
^ А уште ли ги даваат овие кафениве папучи? одвратни ми се.. И колку жени бевте во соба, имаат ли уште опција да земеш апартман?
Да, за жал Јас сум многу гадлива од носење туѓи папучи, незнам како издржав тој ден...Одма измив нозе и си го облеков моите кога ми ги донесоа. Незнам како функционира тоа со апартмани, јас имав среќа да ме стават во двокреветна, па и цимерката ми се погоди, а колку што приметив во другите соби се по пет кревети.
zenski posho gleam deka ste pisuvale i tuka za toa sakam da ve prasam,jas ke se poragjam u Drzavna i imam spremeno cela torba(bozem na odmor ke odam) ...vo torbata imam peskiri 2,vloski 3 pakuvanja VIR80,pribor za licna higiena(cesel,cetka i pasta za zabi,krema za lice,sapun,rexona,vlazni maramici golemo i malo pakuvanje),spisanija vo slucaj da mi stane dosadno,papuci,skrien polnac za tel.(planiram i tel. da go skrijam),pampers,vlazni za bebeto i pavlovikeva i sega prasanjeto mi e kako prvo dali use nesto mi treba?kako vtoro zar gi pretresuvaat torbicite? zaso procitav deka pisuvate kako nemalo sansi tel. da se vnese po bolnicive,pa si velam zar nekoj ke mi cepka po torbica? fala vi odnapred
Не знам како е сега, ама јас пред 6 години се породив во државна и носев скоро се од ова, и телефон си носев никој од таму не ми го забрани. Но морам да кажам и дека лично јас убаво поминав
Никој не забранува телефон. Јас уште на бокс додека чекав 2 саати само на телефон бев па никој ништо не ми рече. Земи си и тоалетна хартија или бришачи за раце, се наоѓа.
I jas mob nosev i toa vo sala cela tasna ja imav so mene,i vednas po poragjaj ja zamoliv sestrata da mi go dade mob za da se javam.ne mi pravese problem
фала ви многу женски,намерно си прашав за секој случај зш гледам во коментарите погоре дека не смеело во Чаир па ај си викам јас да си прашам за Државна...инаку Zuto во врска со бришачи,јас намерно земав и мало паковање влажни марамици да не ми затребаат,всушност знам дека ќе ми притребаат читајќи по форумиве...како и да е позз до вас
Ако, земи си и влажни, ама бришачите ќе ти се најдат и за после одмивање. Јас носев 3 крпи и сите ги искористив и пошто немав бришачи работа ми заврши тоалетната хартија. Дури си порачував да ми донесат.