Супер е докторката. Мене ме породи. Немавме многу контакт пред пораѓај, ме пратија дирекно во родилна, така што само на бокс се видовме. Ок беше. Јас пострашна ја замислував. П.с нека не префрли модератор, во погрешна тема сме.
Јас се породив во Гак пред 3 недели царски. Прво ме оставија во предродилна, од таму немам ниеден позитивен збор. И сестри и однос катастрофа. После царскиот кога ме префрлија во соба сум презадоволна. Сите сестри, докторики,болничарки беа фини, кога и да викнеш доаѓаа, првиот пат кога ме станаа многу ми помогнаа, ме однесоа во тоалет и ме истушираа. Навистина немам ниедна за мерка. За докторката немам искуство.
Fala za spodelenoto islustvo,koj doktor te porodi tebe i kolku dena te drzea so carski vo bolnica.i dali se pravi test za korona na site rodilki pred operacija ili ne
Да не те излажам докторот што ме породи мислам беше Петровски. Ме пуштија четвртиот ден. Тест за корона тогаш не правеа, откако излегов од болница најавија дека ќе правеле тест на сите родилки. Ако те интересира уште нешто слободно прашај...
Kako izdrza so maska I porodilni bolki alal da ti e treba li vrski da se barat za vo cair posto ne sum od sk a prviot poragaj mi bese tamu I mnogu bev zadovolna kako e sega so virusot situacijata so doktori
Со маска, да. Само последните моменти на бокс пред да излезе бебето ја тргнав, зашто не можев воздух да земам. А една сестра ми викаше: маската, маската стави ја! можеби ме спаси периодот, откако ме примија, се породив за нецели 3ч. Инаку, ако си имаш свој доктор, подобро е. Така функционираат во Чаир. Ама не е страшно и да немаш, зашто кој и да се погоди ептен се професионални, стручни. И по двајца минимум има во родилна, некогаш и повеќе.
Здраво женски.Јас сум 35+4 ,од наредна недела ќе треба да почнам со цтг.Планирам д се пораѓам во Чаир .Ако сака некоја што се има таму породено да ми пише што ми е потребно за мене и бебе во болница како и кои документи да ги понесам со себе ?
За тебе влошки, личен прибор, мрежасти гаќи, пешкири 2 за туширање и лице, за бебе пелени, влажни марамици, и земи си документација од скрининг и кај си ја следела бременоста, гледав тоа им бараа на сите.
Да ве прашам вас што се пораѓавте/ќе се пораѓате во ГАК: Дали е пораѓањето со маска, дали ви прават корона тест и кога и дали целото лежење во соба е со маска (пошто нели, не си сама во собата)? Леле во 5 теми прашавме ниедна не враќа шмрц.
Изгледа тие што се поредени веќе ретко влегуваат во овие теми за бременост. Колку што знам во ГАК сигурно прават тестови з акорона, имаше и на вести обезбедија од тие брзите тестови резултат за 40 мин. дава, бидејќи таму има посебен дел за ковид позитивни. Друго не знам.
Јас во Чаир се породив пред месец дена, секаде се носеше маска, на паталошка после на пораѓај на бокс цело време маска, и во соба со бебче исто со маска. Е сега од тоа што видов некои не носеа цело време маска, и обично пред да дојде визита поминуваа да опоменат маски да стават сите. Во Чаир немаше тест, пред да те примат ти мерат температура и додека си таму мерат еднаш-двапати дневно на сите.
Ако уште не си породена, мене ми се погоди на смена Адела, јас природно се породив и без врски бев кај Адела, ама на патолошка со мене имаше една преку нејзе што беше, можам да кажам дека докторката е една од попочитуваните и постари на гак, ептен и се слуша зборот. Сестри сите повеќе и се тресат него на другите помлади доктори. Слушнав барала пари, ама мислам ок ќе поминеш ако си решена царски
Оф леле... Во соба со маска цело време? И спиеше со маска? Па подобро тест да ми направат, него така.
Јас си носев повеќе маски ги менував, за навечер си ставав една памучна поширочка и така лабаво ставена на ушите не врзана, и не ми сметаше за дишење. Али не ја чував цела вечер, ќе се разбудиш ќе ја тргнеш некое време. Ептен успаничена бев некој да не има корона ради тоа, а како се погоди тој период гужви буквално сите соби фул им беа. Додуше има простор измеѓу креветите, прозорот цело време отворен ни беше, гелчиња за дезинфекција и битно се помина добро
Добро си поминала, според мене е поправилно да тестираат пред лежење, а не така на диво, ко на шилци да бидам. Ем не знаеш дали има некоја заразена, ем па 3-4 дена с'клет, со маска да спијам. Се надевам дека сеа нема да е така.
И на ГАК раѓаат со маски. И ги носат цело време. Е сеа, во Чаир, а претпоставувам и на ГАК, во соба породените не ги носат маските. Пред визита поминува сестра и вика: ставајте маски, визитаа! А ако дојде доктор и немаш маска, ти се дере.