Некоја од мајките што тазе е породена во Чаир, вистина ли при прием смееме да носиме само тоалетна сапун и полнач а се останато да ни донеле од после??? Сега работи за прием, па торба за мене после прием па за бебето работи што комплицираат или од секогаш е вака?
Јас на прием носев еден ранец, но никој не ми проверуваше што носам во него, бев примена еден ден пред операција на патолошка, не ги носев стварите за бебе бидејќи секако требаше кога ќе се породам да дојде сопругот. Е тогаш бев на интензивна и не му го примиле пакувањето со памперсот, за да не го носат на интензивна. Па да мораше следниот ден да ми го носат, кога веќе бев во соба . Инаку немав потреба од цело пакување памперси, бидејќи и таму даваат едни мали Виолета пелени, па неколку броја сум можела да ставам во ранецот.
А улошки пешкирче и тн носеше со тебе во ранеч или дополнително и тоа ти донесоа? Бидејќи планирав да земам до мене дента де плус сокче вода нешто двопек а дополнително само алишта за за излегување да ми донесат и нешто плус ако зафали
Јас влегов апсолутно без ништо. Ништо! Ни гаќи ни телефон. Директно во родилна. После ми донесоа се што ти спомна погоре. Ако те примат прво на патолошка ќе ти дозволат торбица.
Јас да сум на твое место би понела,а и носев. Кога ме качија во родилна пиев леден чај и вода, имав потреба од пешкир,влажни откако ми пукнаа водењак и улошки а носев и едно џемпрече. И секако мобилен и полнач. Јадење мислам дека не е препорачливо зошто секако ќе те прочистат. Другиот ден по породување мм ми донесе торба за бебето плус дополнително мене што ми требаше.
Јас им дојдов со пукнат водењак и ме соголија скрос. На мене само спаваќа, маска, влечки и улошка ми дадоа. Директно во предродилна отидов. Дури вечерта некако телефонот стигна кај мене. Тука 2 дена ме чекаа да кажам дека сум се породила Инаку пуштаат торбица ако лежиш прво на патолошка. Гаќи, чорапи, пешкири, улошки, средства за хигиена, маски, полнач си носиш, други алишта не.
Леле ти си најтазе породена таму, кога ќе можеш сподели како е ситуација. Јас бев на преглед кога видов преку 30 жени дека чекаат за цтг само реков ова ќе го родам еден ден чекајќи тука
Вo Чаир и мoбилниoт на мм му гo дадoв. Те примаат алишта се даваш на тoj штo е сo тебе. Ни тoрба не ми примиjа. Oд кoга се пoрoдив мм дoнесе се штo треба. Не беа такви гужви, сега се пoради кoрoната.
Отидов накај 8 без упат и им кажав дека сум со пукнат водењак, ми рекоа на цтг да чекам. Имаше 3 жени во ходник, после почнаа да се собираат. И на тие на цтг им кажав за ситуацијава моја, ми рекоа ќе ме викнат. Чекав стоејќи пред врата, си праев муабет со жената што седеше, што чекаше пред мене и пошто со пукнат водењак ми вика влези пред мене. Да напоменам тивко си беше сите таму го слушнаа муабетот. Ама мора паметна некоја нели да искочи и една фрц фрц си влезе на цтг. Ај си почекавме пак. Дојде една со докторка се договараа да влезе таа следна и јас почнав мнооогу да се нервирам и видов не видов им влегов таму пред врата. Кога заврши цтг требаше во амбуланта да одам. Ја одбрав таа кај што имаше најмалку гужва. Се погоди пак истава жена што ми ја знаеше ситуацијава и ме пушти. Така да тој дел ок го поминав благодарејќи на пукнатиот водењак и жената на која сум и многу благодарна иначе ќе си чекав... После на шалтер одиш и те праќаат на приемно. Крвна група само ми земаа и лична карта на увид. Податоци за тебе и сопругот кажуваш.Ги дадов сите работи на мм. Со една болничарка после отидов крв да ми земат. Директно после во педродилна отидов така да за патолошка овој пат немам инфо. Таму на цтг ме уклучија, одма доаѓаат те прашуваат истории, доаѓа доктор, се консултираа, ми се мислеа малце колку да ме чекаат дека 6 саати имаше откако сум примила клексан ама според проценката немаше време и тој ден прва на царски завршив...
Вака кога ќе слушнам дека бремени жени немаат осет ко друга трудница а со пукнат водењак се ежам што народ сме. Битно со лесно си поминала, гушкајте се сега
Jas so krvarenjee koga otidov lom bev te gledaat i ne te pustaat pred ambulanta, deka bile na rabota. Koga im se razvika doktorkata pa uste i naopaku te gledaat.
Тоа е и до нашето здравство во такви случаи треба тие да дадат приоритет а не да чекаш ред ко сите со уредна бременост и да сме на нечија милост, иако и работа и што и да е не е изговор да не пуштиш ред на трудница во таква ситуација ама не се сите исти
Jas koga trebase da odam za brisevite 3 trudnici gi pustiv deka bea so bolki kaj maticnata i na kraj ne mi gi zemaa brisevite deka sum kasnela, pa nareden den pak odev. E toa mi r krivo ja koga mozam da popustam i dr moze se znae sto vikas koj treba da ima prioritet.
И јас слушнав дека не дозволувале ништо, а јас си спремив ранче со неопходни работи, не можам така без ништо да се оставам.Секако планирав маж ми да ми донесе нешто отпосле, ама од кај знам може 10 саати ќе се пораѓам...здравје Боже ќе го носам па ќе видиме...инаку природно планирам во Чаир
Јас се породив Чаир на 19.08 ,носев ранец со внатре се (улошки, крпи,џемперче,полнач,телефон,пелени,влажни итн). Прв пат отидов со болки навечер во 23 h. Me прегледаа ,додека траеше прегледот мм беше надвор ,бев 7 прсти отворена докторот вика ти ќе се породиш вечерва. Иди да ти дадат спавача одговори на прашањата на шалтер и во родилна ,тој ранецот ќе го вратиш на момчето горе не може ништо ,ни телефон ни ранец само маска . Вратив се. Се породив во 1 h и до сабајлето само една влошка ми дадоа ,па срам не срам позајмував од родилките што бевме заедно во соба. Па сабајлето мм дошол кутриот појма немал што се случува ,дали се породив како сме па го врткале долу со прашања имало плус и гужва дури во 10h ги добив работите.
Како што разбрав ништо не можеш да внесеш при прием, те соблакаат, ти даваат спаваќа, па после кој како ќе се снајде Е ова ти се вика ем те тепа, ем не ти дава да плачеш...битно една влошка ти дале. Не ми е јасно стварно мора ли вака да се малтретира човек. Се изнервирав сеа