@ Да беше само ова добро... Ја фалат Чаир многу ама јас лошо поминав со персоналот. Од не објаснување ништо ,не ставање клизма , не знаев ни како да дишам ни па се потрудија да објаснат поважен беше телефонот. @Mareea ете така се ме натераа да вратам ,барем да се јавеа на мм да му кажеа дека се породив ама не ... А после мене имаше уште една ,слушнав дека се јавија кај нејзините. Е сега како одредуваат дали да се јават или не,не знам.
Маж ми ко што е паничар, уште ако не му се јават дека сум се породила ќе падне у несвест од секирации...а инаку очигледно само со врски се јавуваат, другите ќе се малтретираат. Утре сум на ЦТГ и баш ќе прашам што точно да носам при прием
Ако добро се сеќавам, пред таа итната амбуланта на почетокот што е, имаше лист залепен дека на секои три саати (ги пишуваше саатите во колку точно) може доле од шалтер да се јават во родилна и да прашаат дали си породена. Значи мажите да им висат на глава на тие на шалтер. Мм седел и прашувал дури не се породам ( среќа за 3ч од прием ме породија) па дури после си отишол. А првиот пат кога се пораѓав, дека ноќе, никој не им кажал, мајка ми сабајлето цела болница ја ангажирала да праша (преку три тетки стрина, не ги ни знаев кои се тие што ме прашуваат...) една сестра дојде и ми вика: ти Таа и таа си? Па што не се јавиш дома дека си породена?! И викам: од кај да се јавам жено кога немам телефон?! Таа ми вика: Уште?! А на мм доле не му ја примале торбицата зашто не знаеле дали сум породена.
Да кога се качував во родилна ми дозволија т.е. ја прашав сестрата што ќе ми биде потребно за таму, зошто сите торби ги носевме во кола,па ми донесе мм тоа што требаше.
Не. Јас лежев на патолошка и ме чекаа до последен момент за природно но на крај се искомплицира работата и завршив царски. Ме ставиа на патолошка бидејќи онаму немаше место а и веќе беше одминат термин и за секој случај ме задржаа.
И што е потребата за таков "протокол" и однос, да не можеш ништо да понесеш со себе? Да не се штитат од кражби, што? Демек некој ќе ми ги украде пешкирите, влошките и гаќите? Или сапунот ќе ми го земе? Бог да чува.
Сега може поради пандемијава во Чаир така да фукнционираат. Иначе дозволуваа се'. Мене маж ми носеше дополнително полнач, зошто го заборавив. А за тоа да се јават верувам дека никој доктор или сестра нема да ве одбие. Јас додека бев на бокс му вртеа на маж ми.
Абе како поради пандемија ,значи се работи за основни работи што мене како родилка ми беа потребни јас не носев јадење или пиење ,што испадна и дека и тоа ми требаше зошто и вода позајмував. Не сакав да фаќам врски ама очигледно ми требаа . А за јавувањето ми рекоа еве сега ќе се раздени ќе се јавиш ти .
Ако не лежиш на патолошка не даваат горе ништо, зошто одма во сала те носат. Обично одма после пораѓај во соба ти ги носат работите. Кажувам како било пред пандемија. Не сум запознаена со твојов случај.
Ако одиш директно во предродилна не носиш ништо, ако треба да те задржат ама треба да чекаш да се отвориш, појаки болки, да те следат и слично те примаат на патолошка и тогаш си носиш торбица затоа што може вечерта или другиот ден ќе се породиш. Во предродилна си на цтг и веќе те спремаат за пораѓај, не смееш да јадеш, пиеш. За телефон во шок соба вечерта се понуди една сестра да му се јавам на мм да се чуеме. Во меѓувреме му се јавиле, го известиле и се видел со докторот. Од шок соба им се јавија после на прием да го пуштат мм вода и телефон да ми донесе. А торбица дури кога ме преместија другиот ден на одделение го пуштија да остави, до тогаш не, а и ништо друго не ми требаше со катетер бев, врзана за кревет. Е сега со природно директно на одделение те сместуваат и можат да ти ги пратат работите
Јас разбирам да не ми ги даваа во соба да стоела на приемно па да ми ги донесат ко ќе ме префрлат кај родилките ,ама не мене ме натераа се да вратам на мм.
Е така, исто. Не ги чуваат така доле. Може и ради кражби, губење. Влегуваат излегуваат луѓе. Може до другиот ден ќе треба да стои
Нема причина,нит логика да не дозволуваат. Иако одма идеш во породилна. Да беше работата дека раѓаш и одма со бебе у раце излегуваш, а не остануваш 3-5 дена, разбирам. Ама однапред се знае дека секако остснуваш и секако ти требаат основни работи, средства за хигиена, крпа, улошки, гаќи. Место некој од твоите да доаѓа дополнително, ти да се позајмуваш работи, да се стискаш,да се мислиш..си имаш се со тебе и си те чека у соба кај шо те префрлаат. Не е толку комплицирано.
Сега се враќам од Чаир, прашав и не добив конкретен одговорТаа сестрата на прием ми кажа земи си документи, а за другото зависи од ситуација. Во смисла ако те сместуваат претходно во соба може, ако одиш директно во сала ништо (не збореше убаво македонски, едвај ја разбрав) Една што дојде во меѓувреме кажа дека е за породување,не и дозволија ништо да земе, се врати на маж и.