Изгледа треба врски да фаќаме за да носиме со нас основни работи. Чудесии... А гужва како е? Јад кога бев преку 30 жени за цтг чекаа...
Внесувањето работи не е по некој протокол, туку секогаш е исто. Еве од лично искуство: првиот пат: доаѓам со пукнат водењак, 0 прсти отворена. Ме прима на патолошка, со се торбица. Вториот пат, прво ми рекоа земи си ја торбицата со тебе, ме прегледа доктор, 8 прсти отворена, исто пукнат водењак. После вика врати торбица на мт одиш дирекно во родилна. Родилна- 5 кревети, одделени со стакло од боксовите. Значи таму само добиваш клизма, и викаш и шеташ до пораѓај. Торбица секако нема ни да видиш. Прво, не е хигиенски. Второ кој ќе се секира која чија е. Таму се задржуваш 3-4 ч максимум. Е после на оддел кај родилките чекаш. Дури кажале дека си породена, дури да ја качат. Исто на три часа ги качуваат. Тетките со торбиците се супер, уште триста работи прават, не чекаат само торбици. Друга е приказната ако си на патолошка. Тогаш само ти ја префрлаат торбицата. Исто се чека. Дури те сместат, па по број на кревет, па бебе. Кога ќе запишат се дури после викаат Донеси ја на 15ка торбицата. Ете така сликовито изгледа. Не е најефикасно. Ама бар не грешат.
Исто беше и пред 4год.кога се породив со првото дете. Ме качија во предродилна,требаше природно ама се породив со царски. Како што кажаа претходно,таму нити лежиш,нити пиеш,нити јадеш. Ти ставаат клизма,какаш,шеташ или ти прават цтг. Крв,пукнат водењак. Немаш потреба од ништо,освен што побрзо и полесно да се олесниш. Кога се разбудив во шок соба докторката ми даде телеф.да се јавам на мм и сабајлето кога ме сместија во соба ми ја донесоа торбата. Значи таквиот протокол не е од сега.
Јас отидов во 10, завршив со ЦТГ во 11.30 ( пред мене имаше само 2-3), ама после ме маткаа до патолошка, наводно докторот виде циста на бешика, ама фала Богу не било циста, и така се задржав повеќе инаку немаше мн гужва.
Супер, јас последно бев во 1 тоа беше хаос невиден жени напикани пред врата чекаа надвор гужви од родилки кои ги испуштаа уплав да фатиш
Тоа е тоа. Убаво напишано. И јас на членката погоре се обидував истото да и го објаснам. За сите е така, не само за неа. И онака е гужва па уште да се бара чива торбица кај е. Дури и алиштата нели што се соблекуваат кога те примаат одма ги зема тој што е со тебе.
Тоа е ок но сега кажуваат дека каснат со торбите па и улошки треба да се позајмуваш треба малку организација во тој поглед мислам, на сета мака да не се мислиме и дали ќе ми дадат или не улошка што е основна работа
Не не до 1 веќе беше штама, немаше живо пиле во ходник. А баш се прашував до колку саат работат со ЦТГ, дали цел ден или е ограничено
Дај Боже да биде така и за нас, ама еве @oce сподели дека и дале 1 влошка од 1 по полноќ до 10 сабајле и дека никој не го известил маж и дека се породила, торбицата стигнала утре во 10. Мислам дека во тој момент нема да ми биде важно ништо, само да сме ок со беба, ама човечки е да имаш вода и да не пливаш во крв после пораѓај. Е од тоа ми е страв, ама спремна сум на секое сценарио во нашата чудесна земја. Му кажав и на маж ми да биде спремен. Ако нема чаре и ќе досаѓам, вајда ќе има на кого
Е ова малку глупо е: никој не го известил маж и.... Докторот не се јавува (освен ако немаш врски). Ако е се во ред, два часа по пораѓај те сместуваат на кревет. Со една или до пет цимерки (освен ако не си во апартман). Од нив во 1 по полноќ сигурно пола не спијат.. Па и да спијат сите во 7 изутрина се будни за визита. Ако немаш ништо, зарем нема на некоја од нив да и кажеш дај ми телефон да се јавам дома?! Едит. Да редактирам дури можам. Во 3ч нокеска им даваат ад на бебињата. Значи светло се пали. Пак може да побараш телефон. Втор едит. Царски ако била, во шок соба..... тогаш друга прича. Трето. Не се за петка. Не ги величам. Грешки прават. Вкупна оценка: задоволително.
Верувам дека сега е поголема гужва со оглед на ситуацијата со вирусот и колку е преоптеретена самата болница. И треба и ние меѓу себе да бидеме малку по солидарни па дури и ако треба да се позајми нешто(вода,улошки) Пак ќе кажам,пред 4год.се беше како под конец и бев многу задоволна и еве сега сум при крај со втората бременост и планирам здравје пак таму да се породам. А како ќе биде,здравје ќе коментираме тогаш. Само со лесно и брзо сите да поминеме,тоа е најбитно.
И покрај целата гужва, организирани се , од влечките кои ми останаа пред салата за царски до ранец и ташна кои беа на патолошка, до пратки од надвор се дојде до мене во соба кога ме сместија. Дури претходно, во интензивна ми ги донесоа телефоните и полначот кои ми беа во ташната во собата на патолошка. Ако одите директно на раѓање, отворени 7-8 прста, верувам придружбата секако ќе чека пред болница за информации, па кога ќе ве сместат ќе ви донесат и торбицата, да полно жени има таму позајмете една порака да ги информирате ако тоа не го направиле докторите, знам дека секој момент исчекување е тежок на тие надвор
Така е. И јас додека ми стигна торбицата се јавив на мм да му кажам дека сум породена од на цимерката телефонот.Не е тоа толку проблем,нема да остане неинформиран
Јас се породив во Чаир, кај доктор Ана Марија Шпишиќ. Искрено многу муабети има, кои воопшто не се проверени. Најчесто од типот дека мора да имаш врски, платиш поткуп и слично. Јас ниту имав врски, ниту некој ми бараше пари. Односот беше коректен, ниту предобро ниту лошо. Јас сум задоволна и повторно би им се доверила. Најбитно е што главната работа ја извршија професионално, се друго се заборава.
Женички /Мајки..кажете некој добар доктор за породување во државна?Знам секоја е со различно искуство,и секоја од секој е различно задоволна.ама ме интересира да знам како стојат раб.таму со профи.доктори.