1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во Државна или Чаир?

Дискусија во 'Бременост' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. junacinamama

    junacinamama Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    15
    јас се породив во Чаир и на приемот ми дозволија само телефон да земам со мене, а сите други работи да ги вратам. ми дадоа нивна спаваќа и папучи. пошто се испостави дека ке се породам со царски, телефонот и го дадов на сестрата која ме носеше во операциона сала. После операцијата, кога се освестив телефонот ми беше на наткасната до мене. сите други работи ми ги донесоа од после (папучи, несесер за тоалета и сл.)- не прават проблем за ништо. е сега ептен да не се распостелеш па како на пикник :D .
    за бебето исто така ке ти треба памперс, марамици и павловичева- НЕ даваат да носиш облека и сли. за бебето.стриктно во нивни пелени.
    инаку за приемот и условите САМО ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ. чисто уредно средено. персоналот ОК, имаш сестра за тебе, сестра за детето, педијатар двапати дневно, помош и сл.

    колку за илустрација.. сакав само да му сменам памперс на бебушко и во собата има масишка за пресоблекување. си станав, почнав да го соблекувам и кога ми дојде сестрата, леле што правиш, зошто не ме викна. јас морам да бидам до тебе кога го пресоблекуваш, те молам викни ме следен пат и сл. работи...јас навистина се изненадив
     
  2. ane-sk

    ane-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    698
    После долгооооо мислење се решив за Државна. Парите не беа проблем за приватно ама после многу консултации со другарки решив да одам таму.Се договорив и со доктор,си фатив врски (нели се неизбежни) и ќе бидам во апартман сама(така сакам да имам приватност во првите моменти со бебуш). :inlove:
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Ане дај боже само со лесно да поминеш, ама верувај дека тоа со апартманот според мене (значи ова само како совет и мислење го кажувам) се фрлени пари.
    Здравје пример се пораѓаш петок, веќе во недела си дома.
    Петок ќе висиш на телефон и ќе ти се спие, утредента ќе ти го дадат бебушот и ќе ти летне времето - а уште поубаво ќе имаш да правиш муабет на многу темис о таа 1 женичка што ќе е со тебе (за лошо за арно може и ќе ти се најде),...Единствената разлика е што ќе може маж ти да ти дојде кога сака...но верувај тогаш нема да ти е до тоа. И оп ете го третиот ден дојде - ќе треба да си одите дома. :)
     
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Мене бебушот ми го донесоа по 2 саати откако ме однесоа во соба. После цело време си бев зафатена со него, си го гледав, си го галкав, си го анализирав...Не можев ни да спијам од возбуда и среќа. Цело време си беше со мене, само го земаа на сабајле за вакцините и контрола, ама тоа беше по 15тина минути. Мајката до мене што беше само ми помогна затоа што и беше второ дете, па нејзе ја прашував за се (јас така неискусна... :tmi: )
    Се согласувам со Сноу Квин, сепак одлуката нека си биде твоја. Со лесно Ане-ск.
     
    На SandraS.K. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^е да, одма обично ги носат бебушите ама бидејќи мене не ми дојде на време визита, па прокрварев и сл. дури утре дента го донесоа
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    феминки да ви кажам дека др. Љубица е во Чаир од Промедика се префрлила
    многу е добра гинеколог
     
  7. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно мојот избор за пораѓај ќе биде Чаир болницата,и докторот го избравме малку со врски нели се мора така во државава ќе биде кај др-Исмаили најдобар бил многу ми го фалеа,по подолго размислување сепак се одлучив за што по природен пораѓај претходно сакав царски,ама се премислив секако поубаво од природно нема не операции рани и немам никој да ми помага свекрва ми е почината,моите се во друг град ќе одам кај докторот наскоро ќе видиме што ќе каже како ќе биде,само здравје со Господ Напред се да биде во ред за пораѓај не му ја мислам ме фаќаше паника ама веќе не како за сите така и за мене поздрави Мамици ве гушкам ;)
     
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    ^^
    И мене ме породи Исмаили, немав врски, така се погоди на смена. Човекот е супер, многу позитивен и мене ми го испофалија и ми рекоа среќа сум имала што ми се погодил. После пораѓајот помина уште два пати додека лежев деновите, чисто да види како сум...веројатно тоа го прави со сите.
    И да не те фаќа паника, што поприродно тоа поубаво, на нозе си уште идниот ден, додека тие со царски трпат многу поголеми болки после операцијата и движењето им е ептен лимитирано.
    Со лесно ;)
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Фала Мила ми значи што некој веќе има искуство со др-Исмаили,да се спремам психички да не ме фаќа паника да сум смирена со Господ напред ќе биде дај боже кај сите со лесно да биде и природно поздравче :*
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Јас да си кажам мое искуство за во Чаир ПРЕЗАДОВОЛНА.
    Значи чисто средено во соба бевме две само. Имаше соби и по 5 што се. Завршив со царски и презадоволна од тимот на доктори значи посебно од д-р Димитар Георгиев престручен доктор, а и цел тим околу него. Чисто во собата секој ден спавачи ни менуваа, секој ден по 2-3 пати во собата се чистеше и во вецето. Имаше посебни доктори и сестри за родилките, а посебни доктори/педијатри и сестри за бебињата. Моето не смееше да цица два дена од анестезијата, и го дохрануваа. Ми го донесоа одма по еден ден откако се породив. На 4-5 саати им менуваат пелени на бебеињата, и ги дохрануваат доколку некоја мајка нема одма млекце. Значи чиста 10ка за Чаир. И нареден пат здравје Боже дефинитивно пак ќе одам таму да се пораѓам. Нема врска дали имаш или немаш пријатели таму сите ги гледаат исто. Јас со царски се опоравив одма раната ми зарасна одма значи и станав на нозе 2 дена само после царски и убаво и полека се движев, а сега што се вика трчам. :)
     
    На Lolipop23, bebeto93, Jagoda123 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.733
    Допаѓања:
    323.798
    Пол:
    Женски
    Agrona зошто со царски?имаше индикации за тоа или сакаше сама?
     
  12. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Морала, прочитај во породилни приказни има напишано:)
     
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.733
    Допаѓања:
    323.798
    Пол:
    Женски
    Да да видов отпосле дека пишала ;)
     
  14. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.259
    Допаѓања:
    45.991
    Пол:
    Женски
    Јас се породив во државна и можам да кажам дека сум задоволна, очекував дека ќе биде полошо ама ме изненадија.
     
    На zuto и Agrona им се допаѓа ова.
  15. Makedonka84

    Makedonka84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    49
    Мајки има ли некоја тазе мамичка што се породила Чаир или Државна... Некое искуство некоја мамичка да сподели...?! Терминчето ми наближува а не знам на која страна да факам...!? :)
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^јас имав мн. лошо искуство со преглед-итен случај во Чаир, а таа вечер решив веќе таму не (а имам уште неколку познанички кои истото го доживеале)
    За разлика од држ. каде сум мн. задоволна.
     
  17. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Makedonka84 jas se poragav vo GAK pred 2 i pol godini taka da ne e bas taze iskustvo, a moja mnogu dobra drugarka se porodi vo Cair vo istiot period i dvete bevme zadovolni od svoite doktori, pravilata na igra se seuste isti ne e vazno kade kje odlucis da se porodis tuku koj kje te porodi toa zapomni go, bidejki i dvete bolnici kolku sto znam se renovirani taka da uslovite se gore dole isti, najvazno ti e da si znaes koj kje te poragja, a megu medicinskite sestri moze da ti se pogodat zeni koi se super no ima i neljubezni megu niv kako i sekade, jas vo glavno sum zadovolna od medicinskite sestri, pamtam samo deka drska bese edna od bolnicarkite koi gi menuvaat postelninite, a drugata bese srce zena.

    Mene me porodi Dr. Daniela Jovanovska i prezadovolna sum, zenata e mnogu ok i si ja znae rabotata, neznam dali seuste e na klinika bidejki mi kazaa deka trebalo da odi vo Germanija, no moj sovet e da otides do klinika i da ja pobaras sigurna sum deka kje te primi, mene mnogu mi znacese da znam koj kje me porodi i da znam deka svojot zivot i zivotot na deteto e vo sigurni race. Vo meguvreme dve moi drugarki gi ima porodeno ona i dvete se prezadovolni. Isto taka znam deka e super Gligor Tofovski pred tri meseci kaj nego se porodi moja poznanicka i epten go ispofali bidejki ona nemase nikakvi vrski na klinika ama on i se pogodil togas na smena i bil krajno profesionalen duri i odkako se porodila nekolku pati dosol da ja vidi kako e i slicno, i dr. Hadzilega isto e ceneta na klinika. Se nadevam deka vi pomognav.
     
  18. Katherie

    Katherie Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    5
    Другарка ми во Чаир,без проблем помина..
     
  19. Sunshine3

    Sunshine3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    215
    Јас два пати сум се пораѓала во чаир, првиот пат пред 5 години и без задоволна, вториот пат минатиот месец сум презадоволна. Ми пукна водењакот ноќе во 3 отидов во Чаир, ме примија ме ставија на цтг и ме прегледаа вагинално. Имав уредно цтг, отворена 2 прста и многу слаби контракции. Ме сместија на патолошка, која се наоѓа во стариот дел. До сабајлето болките скоро исти да останаа, можеби некое незначително зголемување.. Ми ставија клизма (среќа овојпат си носев ролна тоалетна и влажни марамици) и во 9,30 ми ставија провокација. Болкиве инстантно се зголемија, за 2 саати почнав да добивам напони, и во 11,40 си го родив малото маже.. Потоа ме сместија во 2 креветна соба. Инаку собите беа со по 2 и повеќето со 4 кревети (ми се чини иницијално биле со 3 па им уфрлиле уште по еден кревет) секоја соба со свое купатило.. Се е ново и чисто.. Сите беа многу фини и љубезни, од сестри, доктори, педијатри, пријатно сум изненадена.. Цело време проаѓа некој, да ни мерат притисок, па температура, па доктори, па педијатри, па да ги ранат бебињата, па да ги бањаат... И се ова на крај ме чинеше 0 денари :D презадоволна!
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sunshine27

    sunshine27 Нов член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Мајки какво мислење имате за др. Јегени, директорот на Чаир? Слушам дека од презафатеност секогаш иде на царски, и кога треба и кога не треба. Сте слушнале за вакво нешто?