Па имаше трудници кога бев пред десет дена,ама организирани беа,си течеше добро работата со прегледи и цтг.
ГАК е за сите , ама гужва нема ич , дента кога се поаѓав ( почеток на декември ) на бокс бев само јас од 14 ч до другиот ден единствена породена , на одделеније имаше 5 соби активни по 2 родилки само 10 родилки друго се празно ...
Девојчиња, некоја неодамна породена на ГАК ако може д сподели искуство? Прават ли тест за ковид пред прием, како е односот на персоналот, има ли гужва, хигиена и сл.? Фала однапред и среќни празници
овој пат бев мн задоволна , ковид прават ПЦР за 15 мин резултат , односот на персоналот коректен единствено што јас сакав одма да станам да се истуширам и неможев да најдам никој 2 саати чиста пижама да ми даде ( ама беше многу доцна вечерта ) , се чистат соби и тоалет 3 пати на ден , болничарка три пати поминува со чиста постелнина и пижами ( на кој му треба ), бебе ти носат следен ден од пораѓај , ако доиш им кажуваш и не му даваат АД пред да ти го донесат, има сестра или докторка за доење иако ми беше трето бебе дојде на прв подој да ми помогне акот треба , јадењето беше катастрофа и погоре пишав дека гужва на одделение нема воопшто ... се породив средина на декември
Просто се чудам дали толку се променило на ГАК за 2,5 години...Кога се породив 2018 никакво беше...Ниту сестри имаше, ниту бебиња гледаа, ниту бањани, ниту покажуваат за доење, ниту пумпа имаа у 21 век (односно имаа само една , ама таа што била задолжена за неа, била на боловање па ја заклучила у ормар) хахаха...Ме одмолзуваше една бабица рачино, налик на Круела де Вил , зврцките ми ги извади се измочав у гаќи од болки, а безболно се породив, мислам со царски бев иако други потешкотии тој си носи отпосле...Туку муабетот беа лошите услови. Не знам како е во ЧАир, иако бев на мисла таму да се пораѓам, па некако сепак на ГАК родив, ама благо речено не препорачувам од лично искуство...Дај боже нешто да сменило...У суштина зависи, ако родиш природно, те држат 2 дена па не е проблем , ќе избегаш брзо.А ако си со царски 5 дена, ко 5 години ми беа, таму, жива не бањана, во искината, исфлекана, спаваќа, ај да не се посетувам..(имав мои две понесено, ама се извалкаа), нивните ете такви беа....Нека си размисли членката. Кога би требало повторно да раѓам, би отишла во Плодност Битола, ако сум од СК, бев во посета на снаа моја, роди таму, Хотел со 5*, врвна услуга од насмеани сестри и доктори профи и се. Со лесно!
И јас се пораѓав со првото исто на ГАК, природно кратко ме држеа и немам лошо искуство, затоа пак таму планирам, само тоа со спаваќите и чистењето и мене ме зачуди, пред три год не беше така, фала богу што се сменило ете нешто. Сепак секој има различно искуство, како и да е, благодарам што го сподели твоето
Кога ти е термин за пораѓање? Мене до 25ти јан. Сега сум 37ма и планирам на ГАК. Во среда ќе идам на прво цтг. Си била до сега? Јас се оперирав во декември 2018 исто на ГАК, сестрите не беа баш многу заинтересирани. Да не ми беше цимерката хорор ќе беше. Џабе и сокови и чуда кога ноќе нема кој да помине низ Ходник за било што да треба. Со Господ напред. Се молам за сите ❤️
Да не ширам дезинформации ама како што прочитав тука 1500 евра имаа напишано... Е сега дали е толку незнам стварно
На познаничка пред неколку години и рекоа некоја цена која беше слична со приватни болници и си роди во приватна болница.. Кога веќе ќе плаќа, боље приватна болница..
Јас мислам и дека многу се претерува со очекувањата, имам исуства од другарки што се породија пред месец дена, некои на ГАК, некои во Чаир, без врски и се задоволни, и од персонал, и од хигиена, и од помош, ако прашаш било што ти покажуваат, не биле ниту сестрите, ниту докторите безобразни, сега не е хотел со 5* ама ако гледаме така и во приватните болницо има пре безобразни доктори, иако им плаќаш висока сума. Мое мислење е дека основни услови треба да се има секаде и за секого, а не да се очекува хотел со екстра услуги, има премногу жени и не може на секоја да се посвети доволно внимание, не се криви само тие таму што работат, на толку родилки малце вработени. Јас сакам во Чаир да се пораѓам, здравје боже, искрено премногу ми се 90.000 денари за приватно. Се надевам дека ќе биде како што треба, и дека нема да ме остават 36 саати да се пораѓам.
Еве јас сум породена 2018 год на Гак спаваќи имаше кога и да посакаш, сестрите доаѓаа редовно, ми помогна сестра кога прв пат станав со туширање со облакање. Педијатар доаѓаше два пати дневно да ми каже за бебето како е што е. Бебето ми беше многу убаво гледано,избањато пресоблечено најадено. Сестра Зоре постарата женичка кога ми го донесе бебето се ми објасни. Чисто беше во собите редовно си чистеа. Јас имам замерка само за паталошка и предродилна, на одделението беше супер. Здравје боже пак таму ќе се пораѓам а во оваа ситуација во Чаир не би стапнала бидејки не тестираат и многу родилки кријат дека се позитивни И да не бев со врски.
На Гак секогаш било бесплатно и за тие без осигурување но еве прочитав нова вест, ќе бидат препратени во Чаир: https://hera.org.mk/poroduvanje-vo-vreme-na-kovid-19/