Јас не бев задоволна од Чаир, пред и после породување бев на патолошка. Ме породи медицинска сестра, со некој доктор под надзор (прв пат го гледав). Без врски бев
Добро постои доктор кој што ќе те породи и нема да бара пари, значи аман сите пари барале, а тоа им е работа. Се изнервирав, вака кога читам.
Еве последно од пред неколку дена доктор Младен(кој инаку е на одмор)дојде да породи моја блиска сабајле во 4 без денар да побара.
Најчесто е така (можам да зборам само за Чаир). Акушерките ја вршат работата, докторот само надгледува. Само ако има потреба од него асистенција тогаш се фаќа за работа докторот.
Што ви е не разбирам, како ви бараат пари, на кого конкретно му имаат побарано? А и тие па што даваат пари да се објаснат? За да му дадеш вајда треба ти да понудиш, не сум слушнала до сега доктор да рече дај пари за да те породам.
Не верувам дека некој ќе побара, ама има и такви кои даваат. Пишував во породилни приказни како поминав, не сакам ни да се потсетувам. Подобро да си платев на приватно.
И мене стварно не ми е јасно како бараат пари?? Јас сум супер задоволна од Чаир,од чистачки до доктор.Чисто беше и на патолошка,и родилна сала како во приватна болница. Јас кога се пораѓав дента имаше многу родилки,секој бокс беше скоро зафатен и сите доктори и сестри беа максимално посветени ,се консултираа меѓу себе,баш имаше една женичка беше веќе многу саати со болки и не се отвараше од осум повеќе,па и го гледаа бебето тимски не сакаа да ја сечат,и на крај природно се породи,а со врски беше,значи не е дека само тие без врски ги мачат,си има процедура и тоа е.И кај мене акушерката пораѓаше,а докторот стоеше и асистираше кај што има потреба. На одделение исто бришеа,ни носеа спални и чаршави,вода топла имаше.Е сега тоалетите ги прскаат со нешто,ама самите ние си ги правиме гадотиите,нема после секоја да бришат. Сестрите за бебињата беа фини и покажуваа за доење. Се на се мене ми беше супер, исто како и пред шест години кога раѓав.
Мене ме интересира во една сала ли има повеќе боксови или една сала еден бокс?Дали знаеш како е во приватните?
Салата е голема и има еден дел предродилна со цтг,а после со стакло се одвоени повеќе засебни простории со боксови и други потребни работи и се тука се гледа,се следат сите.Во приватните не знам како е,мислам еден бокс да не е.
Јас сум породена пред една година во Чаир. Поминат термин 17 дена. Една недела лежев таму. Отидов брз врски. 300 работи ми побараа да однесам, приска, цела историја од кај матичниот лекар.. Не знам дали ради мито беше, или така им одговараше. Маж ми донесе се што требаше и на крај пак фалеше нешто. Три провокации добив, 8 прсти се отворив и на крај завршив царски. Бев оставена последна бидејќи немав врски.. Хигиената е топ. Нон стоп се даваат чисти спаваќи и ти помагаат во секое време за се. Во тој поглед сум презадоволна. Е сега за второво сум тотално збунета и изгубена. . Морам пак царски.. Незнам дали да барам доктор или пак така на лепе очи да отидам... Ситуацијата не ми е за чекање. Секој месец одам на прегледи во Чаир и различни доктори ме прегледуваат и сите ги прашав кога би бил мојот пораѓај. Анамарија ми рече дека би бил во 40та недела, не било работата само мене да ми олесни, туку и бебето да биде добро, да не биде во инкубатор.. Неџипи вели 36,37 недела... Инаку со бебето сега за сега се е супер.. Ама не знам што да правам... Да барам ли доктор... Јас ли да бидам таа што ќе одреди кога ќе се роди бебето... Немам памет веќе..
Ако можеш да фатиш врски, не се мисли. Секако подобро и полесно ќе поминеш, мислам на третман пред и по породување, а и повеќе внимание ќе ти се посвети
А зошто и во Чаир сега 99% царски прават? Другарка ми денес ја породија исто царски рече сите на патологија беа за царски. Една девојка плачела неќела сакала природно? Се зачудив. Иначе за пари немојте, пред мене на цимерката пред 3 год и бараа 10