Јас во соба бев со уште една што беше породена царски. Мислам дека на едната страна прво се царски породените а понатака природно.. Мислам така беше во тој период. Тие со царски поблиску беа до шалтерот кај сестрите..
Па да ти кажам јас пред два месеци се породив природно, ама неколку пати посакав и побарав од докторите да ме породат царски, иако веќе почна процесот за природно да биде, ама не се нафатија. Сите родилки што беа исто природно се породија, освен една имаше договорен царски. Баш ме чуди податоков дека пораѓаат царски во Чаир, дури и на цтг кога идев кај Анамариа се погодуваше, прашував за царски, рече ако нема индикација за царски, никако не може ако родилката посака, па ај царски. Царскиот е операција и како последна опција е, до крај тераат природно, чист пример сум
Сестра ти покажала за доење? Јас 2 дена ги молев да ми покажат за доење, еднап дојде една ми ја стисна градата да ми покаже дека имам млеко. Ни местење и бутур. Топла вода ако начекаш супер. Вц нема кај да се свртиш, крв на сите страни. Во истата туш кабина кај што се чистат од клизми се тушираш. Сестра нема ни за лек. Албанки се довикуваат една со друга во 3 сабајле си прават муабет ко на пазар. На вибер со камера дрдорат по цел ден. Патолошка беше катастрофа, освен чистењето во собите и ходниците, јас друго позитивно немам што да кажам. Те молам не споредувај со приватно, нема врска ни услови ни услуга.
Баш така е, инсистираат природно. Шефот на хирургија ги праша колку царски имале неделава, кога му одговорија пет, вика оваа ќе оди природно. Бидејќи за природно беше и моја желба со саати трпев болки, но бебето не се спушти и мораше царски.
Може така тебе ти се погодило. Јас лежев цела недела и беше цело време средено и чисто. Сем ако се погодат неколку родилки да искрварат и да биде лом во тој момент ама цело време чистачката седеше на патолошка и чистеше. Јас од хигиената сум задоволна. Само сестрите многу не кажуваат кога ги прашуваш што и како се случува, не смееле да откриваат детали. И горе после породување сестрите со мене беа упорни бебе да фати да цица ама бе сакаше. По пола саат седеле со мене и ја држеле главата на бебето да фати.. Секој со различно искуство. Со приватно не споредувам. Каде каде е подобро. Мене лично Чаир ми е супер за разлика од Државна. Не убедувам никој. Секој собира информации и на крај си одлучува..
Јас немав доволно силни контракции и бавно се отворав дури и со провокација, молев за царски, не и не два саати се пораѓав, четири кила бебе
Навистина ми е жал што така ти се погодило,не велам дека нема исклучоци и верувам дека тоа си го доживеала,но сепак секој има различна перцепција за работите. Мене како за државна болница ми беше ок,не споредувам со приватно,но мислев на тоа дека голем дел од болницата е реновиран, родилна сала посебно ми беше доста солидна, исто креветите секаде беа нови.За вецињата,да имаше крвови ама пак тоа беше од самите родилки,не си бришеа и чистеа после себе,јас вода топла стварно имав, дури жешка беше.
И моето 4кг, се отворив се, контракции до плафон цели 5 часа и покрај тие болки сакав природно, но не се спушти. Битно си ги имаме сега, да се живи и здрави. Во секој случај искуство позитивно од Чаир.
Погрешен впечаток си стекнала Јас дремев на бокс цели 6 саати со болки, чекаа до крај, мојот доктор несакаше да слушне за царски, ептен како последна опција, а рачунај бев со врски. И во тие 6 саати што слушав околу мене имаше по доста родилки што се пораѓа природно. Што се однесува до чистотата,и јас сум задоволна и од родилна и од оделение, чисто беше, топличко, спавача мењавав секое сабајле, во вц то си имаше нон стоп топла вода,можеби дека имав среќа да се погодам сама во двокреветна соба, затоа ми е таков впечатокот. Сестрата ми беше достапна нон стоп, само требаше да ја викнам. Е од акушерките не сум задоволна, дали 2 беа океј, детето ми го оставаа какано по 5,6 саати,одвај се оправивме дома со црвенилото. Педијатрите исто, имаше душа од докторки, имаше и скроз незаинтересирани, ко на пример една изгубена со кратка црна коса.
Таа со црна коса, педијатар, ако на истата мислиме беше најодвратна за комуникација. Ништо не дозволуваше да ја прашам.. И велам бебето веќе нема веќе жолтица така, кога ми се сврте, па не гледаш ли дека е бела како снег, викам добро да прашам сепак. Бебево поради бактерија стрептокока пренесена од мене остана една недела во болница, абе никој не сакаше да каже што и како е ситуацијата, тоа многу ме изнервира...И горе во шок соба има една плава исто ужас од сестра. Понашање нула. Инаку другиве беа супер.
8i40 Веројатно за истата мислиме, жена во средни години, нема друга која да е, цела недела бев таму сите ги видов. Исто одбиваше да комуницира, ми дојде на визита една вечер и вика правевме крвна анализа на бебето, параметрите не се добри и си излезе, јас ќе си умрев од грижа док да станам со огромна рана и два дрена да ја препрашам подетално она се изгуби по собине. Друга визита влага, како си, гледа у тоа листовите за бебето што пишуваат, ее вика ливчето сме го изгубиле, замисли и да ја нема преку врата. Четири дена го немав видено бебе, ни некое посебно инфо да ми дадат како е, на крај фатив врски и за педијатар од мака, па почнаа со информации подетално да ми кажуваат. А за во шок соба, помлада или постара беше таа?
Па млада беше. З5,36 години мислам имаше... Ни ги зема телефоните кај 8 саат и ни вика ајде сега да се одморите. Тишина. Кога по 10 минути слушаме од другата соба она со колегите и колешките Тајно Моја од Тоше ја вие. Абе како луди викаа. И не зборуваше ни објаснуваше ништо.
Зависи секако најдобро е бебе кога е спремно но кога е ситуацијата ваква...и јас не смеев да добијам болки, по правило царски закажуваат со полни 39 недели, др во градот кај живеам , во 37 ме гледаше и ми рече бебето е зрело веќе во 38 може да закажете царски нема потреба да чекаат. Кога го прашав др во Чаир кој ме следеше, ми изреагира дека бараме пред време дека тие се професионалци и 38 е мн рано, за истиот тој одкога фатив " врски " му се јавија познати, самиот рече во 38 недела, бебето е зрело нема што да чекаме и ми го закажа 38+2 царскиот. Некако брзо му се смени мислењето . Пари мислам никој не бара, не ми побараа но кога фаќаме врски си очекуваат частење. А да веруваме на нашиот скапан систем нема да фаќаме врски, најдобро да можеме да си платиме приватно но бидејќи неможеме сите да си го дозволиме тоа самите си бараме некоја сигурност и си ги направивме докторите митаџии.
Побарај го Емил Бајалски шеф на хирургија е, ладен доктор ама многу стручен. Он ќе ти каже која недела е најдобро.
За жал ние ги учиме така. Јас се нервирам што секој различно кажува.. Кога фаќаме врски и плаќаме ќе се нафатат и во 36 недела да не породат. Јас не смеам болки да добијам, ниту да ми пукне водењакот... Многу брзо останав бремена после првиот пороѓај.. И затоа се нервирам... Дефинитивно ќе барам врски. Една работа не ми е јасна.. Како за царски се закажува најдоцна 38,39 недела бидејќи бебето е позрело тогаш.. Што со оние мајќи што се пораѓаат во 36 недела природно, бебињата во инкубатор ли завршуваат поради тоа што не се смеетаат за доволно зрели? Не сакам да ме сватите лошо, ама откако ми кажаа дека порано бебето не е зрело размислувам за ова.. @Kolache na mama Во Чаир ли е овој доктор?
Да ако нема полни 37 недели се смета за предвремено родено. Иако е веќе 9 месец, пред 37 недела може ќе му треба подршка од инкубатор или тие отворените што ги загреваат. Значи минимум 37 , зависи и од детето, но првото го родив во 40 недела и има разлика до ова во 38 ма некако Како отечено околу очињата како да му фалеа тие две недели, инаку се во ред развиено оцена 9/9 доби на пораѓај и се роди 3700 гр.