Да. Нема да згрешиш, многу е стручен, само да не се изненадиш од пристапот негов, не збори многу, ама што ќе ти каже тоа е. Мене Илиевски ме породи, тој има топ пристап, ама во случајов твој ти треба баш шеф на хирургија. Не дека Илиевски не е стручен. Башка Бајалски ги зима најтешките случаи. Со лесно и пиши што ќе направиш.
Зависи и каде живееш јас не сум во Скопје и ептен ми беше страв да не ме фатат болки или да почнам да се отварам, ако си поблиску може можеш да чекаш и некој ден плус,само да имаш договорено за секој случај брзо да реагираат.
Zdravo majki Kako ste zadovolni od bolnicata vo cair i kako pominavte tie sto se porodivte bez vrski. Koga dobivte bolki odma li ve primija? Fala odnapred Ubav den
Точно дека нема споредба за приватно, ни мене не ми покажаа за цицање нешто посебно јас ја викнав да ми покаже таа дојде ми го зема ми го врати најадено и ај сега на града ми го бутна ни фати тоа ни ништо а дури со врски бев. Јас задоволна сум единствено од родилна таму максимално ми беа посветени и пошто лежев само 1 ден не забележував други работи
Ве читав, заинтересирано. @Starlič ако си сигурно за царски, најди си доктор. Ако имаш познат ок, поглатко ќе поминеш. Ако не, секако оди кај еден ист. Илиевски, Шпишиќ, Георгиев, Кировски, Бајалски, Неџипи сите ти се ок. Искусни доктори и многу ок. Секој е различен, некои многу ќутат, некои муабетат, ама сите се стручни. Докторот договори го за царски кога тој ќе биде на смена. Он сам ќе ти каже кога. За другиве коментари, многу е нормално и функционално кај што те чистат со клизма да си блиску до тоалет и туш. А каде поинаку би биле?! Секако тоа е посебно просторииче. На патолошка е поблиску, во родилна малку подалеку. За тие што ги породила акушерка, блазе вас, тоа значи лесно сте се породиле и немало никаков проблем. Доктор има во секое време, тоа е сигурно. Родилна од боксовите е оддалечена 5-10 чекори. Една сестра секогаш седи внатре во шанкот, се следи. Боксовите се еден по еден одделени со стакло. До висина на очи се мат, нагоре чисти. Тоа е така за да родилките не се гледаат, а докторите да следат ситуација. На пр.јас додека чекав напон, докторот се стрча да помогне на другиот бокс, и го притискаа стомакот за бебето да не се заглави. Штом ми дојде напон, акушерката само викна: Докторее! и тој дојде одма. Веројатно веќе се читаат и знаат по тонот на гласот до каде е работата. Тоа што "ве игнорираат" во родилна, е зашто не ви е време за раѓање. И мене ми личеше сулудо, јас се дерам, а све сестри прекрстиле раце, стојат до врата, ме гледаат и ништо не прават, се муабетат. Нема што да ти прават дури не се отвориш. За тоа дека 99% се царски, мислам не. Има царски за кои се знае, има итни царски, ама намерно за побрзо не ги прават царски. Во Чаир дневно просечно се пораѓаат 15-20 родилки, сега во пандемијава. Во шок соба има 6 кревети. Јас два пати имам лежено во шок соба, еднаш со 3, еднаш со една царски породена. Првиот пат, трите на договорен царски, вториот пат едната на итен царски, бидејки немала капка плодова вода. За хигиената, болничарките, спавачите, се е ок. Некогаш треба да притиснеш, имаат работа, ги викнале, заборавиле... начелно се ок. За вц-то во соба. Може да е почисто. Ама нема како. Родилките го прават крвови. Тоа е уствари домашната култура. Има таму туш, пушти жешка вода и измиј се што останува после тебе. Јас кога влегував се прскав со туш. Никогаш не мочав во школка, секогаш под туш. Одма се миеш и сушиш. Ако си во приватна болница, веројатно си сама или сте две во соба, па срамота е да оставиш крв позади себе, отворена улошка фрлена во корпата и таа со незатворен капак..... Значи, пак велам домашна култура. Истото и за зборувањето 24/7 на телефон и на вибер, кога другите три цимерки се трудат да спијат, на едната бебето и вришти, а на онаа која зборува на телефон кога ќе и го донесат бебето полна е прашалноци, ситуации, драми. Педијатрите се отров. Многу стручни и многу строги. Да препрашаш е еднакво како да си им брцнал во око. Сестрите за бебиња се млади и цело време се пренемагаат. Ама во собата за бебиња работат како оси, не смеат да мрднат од педијатрите. Сестрите за родилките се ок. Ако си со врски, дупло те проверуваат. Јадењето, на кој му е до јадење, е ок. Иако се може да ти донесат и да бидеш задоволен. Не знам дали нешто испуштив, многу е долг постот. Како за државна болница се супер организирани. Докторите, јавна тајна е, дека даваат телефон, и те следат. Те пораѓаат. Дали ќе ти дојде намерно доктор од дома ако не е на смена, веројатно има врска "блискоста". Факт е дека не е се перфектно, дека прават грешки и дека се трудат да ги решат или да се извлечат. Секој со својата среќа. Тоа сигурно е исто и во ГАК и во Систина. За на пораѓај најбитно е да си понесеш трпение и самодоверба. Оти ти си тој што ќе раѓа. Диши и напнувај како да какаш. Другото само ќе си дојде!
Не се без осигурување. Или се социјални случаеви или се преку АВРМ. Породување е бесплатно САМО за осигуреници на ФЗОМ и осигуреници во други држави со кои ФЗОМ има договор за соработка. Јатрва ми си плати приватно породување, не беше осигурана, околу 30 000 денари е. Иначе нема да те вратат ни без осигурување, ама ќе те тужат во секој случај ако не платиш.
А што е со оние што немаат ни документи, што живеат во импровизираните куќи? Јас мислам и тие се пораѓаат на Гак.
За второ здравје Чаир ќе одам ако решам да раѓам . Сестри за бебиња на Гак не постојат, ти го даваат и толку. Бриши го пола саат сабајле искакано од вечерта . Родилна ко родилна, акушерките мртви ладни додека родилките рикаат . Ама па што друго да прават, реално во тој момент ништо не може да се направи освен да се истрпи. Убаво објаснето
Не, затоа што нема да им ги дадат децата без документи. Тие без документи 99% дома се пораѓаат и децата им се без документи. Ама најчесто се осигурани преку социјално или аврм.
Имам тазе информација од проверен извор па да ја споделам, може на некој ќе му биде од корист. На ГАК како дел од клинички центар дефинитивно во родилиштето не смеат да вратат ниту една пациентка, дури и оние без документи и здравствено осигурување.
Нема да вратат, никогаш не враќале и не смеат да вратат, него детето нема да им го дадат ако самите немаат лична карта, т.е. некаков документ за идентификација.
Вие што бевте во чаир без врски дали цело време одевте на цтг кај ист доктор или се менуваа докторите и дали кај матичната што ти дава упат за во чаир може да се наведе кај кој доктор сакаш да одиш?