Сега ради коронава нема на упатот кај кој доктор си,туку само во која амбуланта.Е сега ти ако знаеш докторот кај кој сакаш да одеш кој ден е во амбуланта кажи и на матичната за тој ден упат да ти даде.После докторот ќе ти каже кога да отидеш пак , најчесто ако е се во ред за една недела ти закажуваат,а може да му кажеш дека сакаш он да те следи.
Jas vo dekemvri se porodiv bevme tri vo soba pa ostanavme dve pa pred da si odam doma donesoa use edna vo sekoj slucaj imam pozitivno mislenje plus vo soba ima sredstvo za dezinfekcija
Даваат ранче бекутан, со неколку пелени и мали кремички бекутан, а од виолета како поголем несесер со пелена и влажни марамчиња
Жени што документи се носат на пораѓај? Крвна група? Матичната сега кога ги земав резултатите од брисеви ми рече и нив. Што точно треба да се носи да не заборавиме нешто? Во торбата да се спреми
За во Чаир ли прашуваш? Пред една година јас само со здравствена книшка отидов. Го носев и картончето за крвна група ама бидејќи ми беше постаро пак ме боцнаа и таму си заведоа која крвна група сум.. Е сега дали има некои промени не знам.
Да, крвна група, брисевите последни. Некогаш прават таму за хепатитис и сида, некогаш не. И евентуално, други дијагнози ако имаш, носиш документ.
Која е причината зошто не даваат епидурална? Не ми е јасно, ако сакаш да ја примиш и би си ја платил, зошто не смее...
Наводно немале доволно анастезиолози, пример ако имало критичен царски, а ти туку така си сакала епидурална, попрво би отишол анастезиологот на итниот царски.. не знам што да кажам, а може и некоја сума да ти кажат, како за во приватна болница, и сам да се откажеш, не знам зошто, ама треба да е и бесплатна епидуралната.
Мислев дека епидуралната е стандардна процедура, доколку трудницата се одлучи дека сака. Искрено, не очекував дека си приморан без епидурална, не е фер.
Веројатно логиката им е дека се издржува и без епидурална па да не се малтретираат пресветите анестезиолози. Пошто друга легитимна логика искрено не гледам. Причата со мањакот од анестезилози нека им ја кажуваат во градинка кај ќерка ми, мене не. Знам колку одзема време ставањето на епидурал - така што.... Причината е: мрза.
Затоа после ќе биди во пораст царскиот рез, оти и покрај можностите за безболно не третираат како животни да сме. Кој сака да се измачува нели? Срамота.