Ме зезаш? Па ја знам како поминав на сите тие кога и да ѕвонеа од кај матичниот се немаше термини. А за приската ми кажаа дури да си идам на приватно и дека не боцкаат без врски и така и беше. Врски баравме за да ме боцнат да не идам приватно. Инаку сменив два матични и вториот ми рече мора за се да бидеме мн упорни зашто се мн мрзливи горе на клиника. И за се врски за сите прегледи. Можеби ти си имала таква среќа па си си закажувала. Јас еднаш кога бев буквално дојде една женичка и рече јас немам закажано ама додека не ме прегледате не мрдам од тука немам пари да идам на приватно и докторката се согласи да ја прегледа...На ова сестрата искоментира имаш среќа ја погоди докторката инаку не прават скрининзи сега само ако се на блиски тогаш...Тоа баш и не е индикатор дека може секој да закаже и да отиде...
Последниот месец два пратам термини и на гак и трансфузиологија, термини има. Бргу се закажуваат, треба однапред матичниот да ти планира и закаже кога ќе ги пуштат термините. Знаат они кога ги пуштаат. Нема потреба матичните никаде да звонат, туку да следат на мој термин. Врски за мој термин не ти требаат.
Често одам на клиника и со закажан термин вакво нешто не се случило. И секогаш сум била точно повикана во часот кога имам закажано. Ако не боцкале без врски немале ниту мене да ме боцнат. Еве денес сестра од таму мене ми кажа дека прават скрининзи, бидејки нема уште термини сакав да се усигурам.
@Ula следи си и ти на мој термин и кога ќе пуштат термини одма му се јавуваш на матичниот и му кажуваш да ти закаже.
Епа очигледно кај мене видоа дека можам да се снајдам врски да си фатам па кога и да ѕвонев ми викаа нема термин нема термин и ја ѕвони по луѓе дека мајка ми медицинска сестра и се снаоѓав. Очигледно е така зошто еве повеќе од вас ми кажуваат дека термини има и закажувате ☺️ Оваа информација да ја пренесам на пријателки мои зашто и они се мачеа со термини и закажување додуша повеќето сме кај исти матични и така
Првиот матичен па што ми беше он прво тоа ми кажуваше мора у Систина инаку нема да те примаат без врски на Гак горе...На крај стана нападен со пренаталниот тест и го сменив. Ама бидејки од таму почнав со врски и после така ја терав Јас сум веќе при крај така да уште малку прегледи имам. Во секој случај треба да има термини и услови за сите. Ја врски сум фаќала само за да не идам на приватно зашто имав други проблеми со работодавачот и останав без плата повеќе време уште да ги плаќам на приватно или да ги утнам датумите за боледување со тоа нема термин...
Здраво, се надевам некоја од вас ќе може да ми помогне. Завршив со последниот преглед кај матичниот гинеколог, ми рече не треба ништо понатаму, ни упат ни цтг, само да чекам болки. Па ме интересира, за во Чаир дали е потребно упат, слушам различни мислења
Да ти треба упат од матичен само за првиот пат кога ќе отидеш,после тоа си одеш без упат оти ќе ти отворат историја,па ќе ти каже докторот кога следен пат да одеш.
Како не ти треба ни упат ни цтг? Па мора да се следи бебето не џај боже ако има нешто да се интервенира на време. Побарај си упат и мирна глава.
Како наоѓате доктори за пораѓај, со врски или ги познавате? Јас и сега и за првото дете немав најдено доктор кој ќе ме пораѓа, кој се падне се падне. Првата бременост во недела се породив и не се ни сеќавам кој доктор ми беше, акушерката ме породи, а докторот само ме стисна за стомак и ме соши после тоа.
Види сега тука ќе има милион што ќе ти кажат иди си регуларно кој те породи породи ама да не се лажеме у оваа држава за се непто треба врски па така пробај да си фатиш врски чисто да има вода кој да ти пружи кога ќе припаднеш. Јас имам куќен пријател гинеколог ама он е во приватна болница и он ми рече ќе ти средам за у државно имам мн колеги со кои сум работел со години и така сум потсмирена. Но природното породување е и спонтан момент тоа може да се случи пример твојот доктор отишол на свадба у друг град а тебе те спукало нема да тргне да доаѓа да те пораѓа ќе те породи кој ќе биде на смена или слично. Можно е да биде на операција и икс работи се во комбинација. Но сепак за да бидеш посигурен јас мислам дека треба да се каже некој збор таму за тебе. Мајка ми работеше во болница и од тоа знам ехеее за се какви не работи се јавуваа луѓе и фаќаа врски ама донекаде и ги разбирам зашто кај некои доктори и институции нема завршување работа без врски...
Здраво дали некоја знае доктор илиевски од чаир или младен која смена се неделава сакам кај нив за цтг да одам
Здраво мајки, јас сум 39 гн, и во среда сум во Чаир на преглед, до сега сите прегледи и испитувања ги правев кај матичен гинеколог и од кога влегов во деветти месец, на одделение во општата болница во мојот град. Ме интересира дали за преглед треба ковид тест, знам дека ако те задржат ти прават таму на лице место.. Можеби некоја од вас има информација во среда кој доктор е во амбуланта? Секоја информација ќе ми биде добредојдена!! Благодарам однапред!!
Јас прв пат кога ме пратија на цтг носев упат, после тоа само си одам без ништо.. Не ти треба тест и не прават во Чаир. А околу тоа кој е во амбуланта стварно не знам да ти кажам. Ајде со лесно
Мене ме интересира нешто да прашам и се надевам ќе добија одговор. Вие што имате платено на доктор на Гак за да ве породи. Он самиот ви ја кажува сумата или вие си давате колку мислите да дадете?