Сам си даваш колку можиш и плус од други што биле кај него/неа од муабет. Отприлика цените се 200, 250, 300 еу. Рачунај дека треба и на анестезиологот да даде нешто од тие што ќе ги дадиш ти.
300€? а бомбоњера и топол збор? Јас одев кај кај двајца, сега кај еден....и како да знам колку му е "тарифата"?
И јас кажав така со првото и одев до крај ама дали не и понудив пари на докторката на крајот, ме пушти низ раце. Не ме зема одма на пораѓај ме остави до сабајлето а не им пренела дека сум за царски и цела ноќ ме пораѓаа природно па на крај пак царски.
Ц ц ц, тоа што не се здрави причините поради кои би давале пари е на долго и на широко, не би овде. Но, како? Да и понудам? Немам идеја...
Јас друга причина зашто постапи она така не гледам. Ваљда кажуваш докторе сакам вие да ме породите ќе си платам.
Кога се пораѓав со малиот, кога одев на преглед, секогаш ми се паѓаше различен доктор ова за Чаир зборам. И после породување маж ми го почасти докторот со бомбоњера и пијалок. Прво го прашал шо сака он му рекол како сакаш ти така. И како стварно се кажува? Докторе сакам вие да ме породите, колку треба да ви платам?
@Natashka1988 @monik55 Ако сакате стрикно некој доктор а да не е апла да му кажете за пари, нешто во смисол, сакам вие да ме породите,ако не сте на смена ќе си платам да дојдете,инаку ќе ме породи кој и да е дежурен... а сакам кај вас секако,не сакам кај друг...па да видите реакција.
Јас после 36 та почнав во Чаир,си закажав кај док.што сакам и цело време одев кај него.,кажав сакам вие да ме породите.за пари не сме правеле муабет..,ни дали треба,ни колку,нит му кажав ќе платиме. На крај му дадовме колку сме сакале ,можеле. Можевме и да не дадеме,што знам,јас бев со царски,бев многу задоволна од третманот негов пред и по пораѓајот и некако во знак на благодарност
Фала ти! Искрено, толку сум фокусирана дај Боже да дочекам 30 г.н, што многу ми е се далеку и не сум ни размислила како оди сето тоа... (а познавајки се себеси, посебно под притисок, сигурно би истрескала некои глупости, од типот "сакаш пари?") Ќе биде се. Чекор по чекор...
Не не, срам ми е мене така директ, иако има и такви знам, јас на пример секој месец одам кај таа што сакам да ме пораѓа и и кажав од старт докторке вака и вака се за мојата ситуација и и реков не сакам сто мислења, сакам само кај вас да идам, може ли и за пораѓај со вас да се договорам кога ќе дојде време. Е сега во понеделник сум кај неа и за пораѓај ќе се договараме и ќе и речам дека сакам епидурална или лајт спинал ако има шанса, дека ќе ја почастам и неа и анестезиологот како што треба дека ќе си платам, нешто у тој стил ќе извртам, дека ќе се оддолжам пошто сум анксиозна со панични напади, незнам ств како ќе бидам за време на цел пораѓај. А за пред мене Тарифата. Од тебе зависи тоа, зависи што сакаш. Рано ти е тебе сега, или здравје ти кога ќе си одбереш еден доктор, и на преглед ќе му кажиш уште одма, здравје сакам вие да ме породите, слично како горе што и напишав на Моник, зависи само ако не сакаш анестезија, можиш на крај да си почастиш и само пијалок и благо, ситно 50, 100 еу од мерак што се вика ако минеш добро со докторот. Да, или за лајт спинал.
Не знаев дека од толку малку анестезиолози во државна и немање епидурал, постоел начин да се обезбеди. Мислев само лајт спинал има.
И јас потполно исто планирам да постапам, само ми е шубе па да не ми побараат многу пари што не можам да си ги дозволам... што тогаш Дали знаете како е од прилика "тарифата" во Чаир за доктор и анестезиолог?
@Nefertiti. Да, членката погоре за Чаир праша. Иначе анестезиологот од Чаир сега е на Гак, го знам и самиот кажа имаат лајт спинал но нели со врскички @Cherry333 Тоа е, никогаш без врски не би отишла ни на забар а не на пораѓај знаејќи го нашево здравство. Сакаш да те гледаат ќе си платиш. Плус за апартман имав доста пари оставено. Поучена од тоа, сега си се породив приватно
А мене ме интересира дали стварно немаат анестезиолози во Чаир, што беше причината што ти со најјаките врски не доби епидурал или лајт спинал? Истото ли ти го рече директорот? И јас требаше да се пораѓам во Чаир, и врски фанав јаки и се, и џабе, никако нема шанса анестезија ми рекоа освен на царски ако не завршам фала богу и баш заради тоа не се пораѓам таму...