Јас се пораѓав на гак нон стоп чистеа, сестри цело време поминуваа , можеш и дс ги викнеш секако. Јас бев многу задоволна 6 дена лежев, исто и лани се оперирав таму исто немав замерки . Дали така ми се погоди мене не знам ама секако за второ ќе идам пак на гак, мене ми беше убаво искуство. На цтг прв пат бев во 36 та по договор со доктор бидејќи се знаеше ќе бидам царски.
Во која недела те породија со договорен царски? И дали договорот докторот од чиста воља тој да те породи или си плати лично он да те породи?
Zdravo dali moze nekoja sto se porodila vo cair da mi kaze sto treba da se nosi za majkata i za bebeto? Sto e dozvoleno a sto ne e?
38 + 4 бев. Не платив ништо. Лани ме оперираше истиот ,вадев миоми. Кога бев 4 ти месец бремена отидов на преглед кај него за да видам да не има нешто проблем ради операцијата и тогаш ми кажа дека ќе бидам царски и негде при крај кога бев го прашав дали може тој да ја направи операцијата и се согласи рече да го барам пак во 36 та недела. Јас такво искуство имам .
Здраво сегашни и идни мамички, јас сум 33 г. н и планирам да се породам во Чаир, па би сакала од ваше искуство да споделите што е најдобро да понесам за мене и бебушка Имајте убав ден
Немаш потреба ништо, кога ќе ве пуштаат ќе ти донесат од дома. За тебе можеш да си земеш лична хигиена, за бебе пелени и павловичева.
Спавачи ти даваат и влечки ако не носиш ама три броја поголеми хаха, јас лично си носев и никој ништо не ми рече.
Јас си носев и папучи и спавача мои,прв ден нивна спавача носев кога ме сместија,после си облеков моја
Од моето искуство пред три години ова е мојот список за следниов пораѓај, може да ти послужи како ориентир за што да си спремиш. пешкир улошки со мрежичка тоалетна хартија чорапи наметка слушалки четка за коса четка за заби паста за заби стегачи за коса сапунче влажни марамчиња паломи крема за брадавици полнач за моб павловичева пелени маски улошки за гради Алишта за тебе и бебе за излегување спреми си и ќе ти ги донесат пред излегување.
Здраво девојки да прашам за цтг во чаир по втор пат ќе ми треба ли упат од матична или така да одам ми кажа докторот исто време иста ден како минатата недела ама не прашав дали треба да носам пак како првиот пат
Дали знаете да вратиле некоја родилка заради гужва во чаир? Како што слушнав на гак само позитивни од корона примаат
Не може да те вратат ако си за пораѓање, не верувам во тоа, на ГАК се само позиривни, и некои покомплицирани пораѓаи, другото во Чаир, дури и од други градови препраќаат за во Чаир.
Ова беше на почетокот на короната, сега си е се најнормално. Има гужби и таму и да ги растеретат ги праќаат во Чаир.
Баш кога бев во Чаир, една жена така ми кажа, дека ја препратиле од ГАК во Чаир, по некоја нова проедура, па не знам, сега брзо не сум била на ГАК.